САД и Кина разговарале за трговијата и вештачката интелигенција


Трговските прашања и прашањата од областа на вештачката интелигенција биле главните теми на дискусиите на вчера одржаните разговори меѓу американски и кинески претставници во Њујорк, изјави американскиот министер за финансии, Скот Бесент.

По состанокот со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, Бесент пред новинарите изјави дека средбата била успешна, како и дека двете страни се договориле повторно да се сретнат, но не изнесе дополнителни детали.

Американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, изјави дека разговорите ќе постават темели за успешна средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг, предвидена за четврток.