Трамп ќе гради „Триумфалната капија“ за да „лови“ од неа дронови


Планирано ископување за „Триумфалната порта“ на Трамп  ќе започнат во следните две недели, најави секретарот за внатрешни работи Даг Бургум.Според претседателот таа се гради за цели на националната безбедност, тврдејќи дека неговата предложена „Триумфална капија“ ќе се користи и како „воен комплекс од врвна класа“.

Трамп на својата платформа на социјалните мрежи во неделата објави дека, на барање на американската војска, „се согласил да ја претвори прекрасната Триумфална капија, планирана уште од ерата на Граѓанската војна пред многу години,  во воен комплекс, триумфална капија од врвна класа, за да може да се користи за снајперисти, и на покривот и на плоштадот, за дронови, а дополнително и за чување големи количини снајперска муниција во складиште“.

Во објавата на Трамп се вели дека структурата ќе се користи за потребите на националната безбедност, изјава слична на неговото тврдење минатиот месец дека балската сала во Белата куќа која е во изградба, за која претходно рече дека му е потребна за да организира вечери и настани, е потребна за изградба на „високо интегриран воен комплекс кој вклучува класична, но високо обезбедена сала за бал и клучни објекти за национална безбедност“.

„Ваков објект нема да има никаде во светот. Од 59-те врвни градови и престолнини, Вашингтон Е ЕДИНСТВЕН ВО СВЕТОТ КОЈ НЕМА ТРИУМФАЛНА порта“.

Предложената порта од 250 стапки на Трамп во моментов се соочува со правни предизвици што ги предводат некои воени ветерани и конзерватори. Администрацијата минатата недела призна дека сводот, кој ќе биде покрај реката Потомак во подножјето на националните гробишта Арлингтон, ќе предизвика „негативни ефекти“ врз околината и погледите покрај реката. Но, администрацијата, исто така, рече дека тие влијанија „не можат целосно да се избегнат“.

Група ветерани од Виетнамската војна кои тужеа за да ја блокираат изградбата на лакот побараа од федералниот судија претходно овој месец да издаде привремена забрана за да ја спречи администрацијата да продолжи со проектот. Ветераните кои тужат за сводот тврдат дека тоа ќе ги попречи погледите на националните гробишта Арлингтон и дека не може да се изгради без овластување од Конгресот.

Националниот труст за историска меморија, кој покрена тужба против администрацијата поради балската сала, рече дека  Трамп еднострано го заобиколува Конгресот и сега се трка да го заврши проектот пред да се разгледува судската тужба. (АБЦ)