Фото вест: А1 под светлата на црвениот тепих на „Браќа Манаки“


Со свечен црвен тепих и во присуство на бројни гости од културниот, филмскиот, деловниот и јавниот живот, во Битола беше отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Претставниците на А1 Македонија, која втора година по ред е генерален спонзор на фестивалот, беа дел од свеченото отворање и заедно со гостите ја споделија посебната фестивалска атмосфера.

„Свеченото отворање на ‘Браќа Манаки’ секогаш носи посебна енергија и уште еднаш потврдува дека Битола е вистински дом на филмската уметност. Горди сме што како генерален спонзор сме дел од фестивалот и што заедно создаваме простор во кој се среќаваат врвните автори, публиката и новите филмски приказни. Вечерва сите сме под исто светло – обединети од љубовта кон филмот“, изјави Бранкица Толевска, раководител на бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Под мотото „Под исто светло“, годинашното издание уште еднаш ги обедини авторите, филмските професионалци и публиката околу љубовта кон филмот и уметноста на кинематографијата.

Пред почетокот на официјалната програма, А1 Македонија организираше коктел во Pionerski Book Bar, кој беше можност за средба и дружење на гостите во пресрет на свечениот црвен тепих.

Фестивалот ќе трае до 25 септември, со богата програма, филмски проекции и средби со значајни имиња од светот на кинематографијата.

*Комерцијален текст