Австријка била нападната од ајкула за време на екскурзија на Бахамите


 

Австријка (37) е тешко повредена во напад од ајкула на Бахамите додека била на туристичко патување кое вклучувало пливање со делфини. Инцидентот се случил на околу пет и пол километри од брегот на островот Бимини, потврди полицијата на Бахамите, пишува ABC News.

Според официјалните информации, жената претрпела сериозна повреда на десниот глужд. Нападот се случил завчера, а повредената жена веднаш потоа, околу 17:30 часот, била префрлена во Општинската клиника Бимини.

Поради сериозноста на повредите, 37-годишната жена набрзо била префрлена со хеликоптер во Њу Провиденс, главниот и најнаселен остров на Бахамите, за понатамошно лекување.

Полицијата на Бахамите започна истрага за да ги утврди сите околности на нападот.