Авионот на Зеленски за малку ќе бил погоден од дрон при полетувањето од Молдавија за Осло
Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски речиси бил погоден од дрон при полетувањето од Молдавија, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, наведувајќи дека инцидентот ја прикажува „реалноста во која се наоѓа Зеленски“.
„Неговиот авион речиси бил погоден од дрон кога требаше да полета од Молдавија. Тоа е реалноста во која се наоѓа“, рече Сторе.
Тој додаде дека ситуацијата во Украина е „многу драматична“.
„Го прашав како ја поминал ноќта, а тој рече дека не била добра ноќ, бидејќи бил на телефон и добивал информации за тоа каде погодиле ракетите“, изјави Сторе за норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК.
Зеленски синоќа допатува од Молдавија во Осло, за да присуствува на денешниот погреб на норвешкиот крал Харалд.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе утровбо имаше куса средба со украинскиот претседател во неговиот кабинет .
Сторе изјави дека Зеленски уште синоќа, веднаш по пристигнувањето во Осло, остварил средба со него, министерот за финансии Јенс Столтенберг и шефот на дипломатијата Еспен Барт Ејде.