Дејвид Гета доби јакна со датумот од Денот на независноста на Македонија – Грабулоски го испиша


Светската диџејска ѕвезда Дејвид Гета вчеравечер направи спектакуларно шоу на арената „Тодор Проески“ во Скопје пред 50.000 публика, како заокружување на прославата 35 години независност на Македонија.

Гета во Скопје на подарок доби one-of-a-kind јакна, изработена специјално за него, од нашиот
дизајнер Сатја Грабулоски и неговото SWithADot студио.

На ракавите на јакната се исцртани некои од неговите достигнувања во кариерата, дополнети со македонски симболи.

На левиот ракав е монолитот над македонското знаме, дополнето со датумот на независноста на Македонија, Греми награда, неговиот дом Ибица, Џек Бек и песната Titanium претставена преку музички бранови.


Десниот ракав има цртеж на волчица преку македонските планини, Купидон како асоцијација на When Love Takes Over и син музички бран во ритамот на истата песна, Pirate radio како асоцијација на неговите почетоци, како и Оne Love и Future Rave.

„Јакната ја завршивме релативно брзо, но тоа е затоа што во изминативе 6 дена, целиот S-тим
работеше на неа деноноќно, во координација со тимот на Дејвид. За мене најважно е светскитеѕвезди од Македонија да си отидат со најдобри впечатоци и најквалитетно парче уметност, нешто што мислам дека Гета вчера и го доби“, вели Грабулоски.