Министерката Димитриеска-Кочоска ќе ја отвори Регионалната конференција „Охрид 2026“
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска утре ќе учествува на Регионалната конференција „Охрид 2026“, којашто се одржува во Охрид.
Министерката Димитриеска-Кочоска ќе има воведно обраќање на отворањето на Конференцијата и ќе учествува на панел дискусија на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“.
Kонференцијата има за цел да придонесе за поотпорни фискални политики, одржлив економски развој и поблиска регионална интеграција во сè посложена глобална средина.
На Конференцијата учествуваат министри за финансии, раководители на даночни администрации од регионот, владини претставници и експерти. Конференцијата е можност за размена на идеи и искуства и поттикнување на регионалната соработка.