Мерц го одложи телефонскиот разговор со Трамп


Портпаролот на германската влада изјави дека е одложен телефонскиот разговор на канцеларот Фридрих Мерц со американскиот претседател Доналд Трамп по повод годишнината од 11 септември.

Тој не ги наведе причините за пролонгирањето на разговорот, само наведе дека не е определен нов датум.

По победата на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Трамп на „Трут соушл“ објави: Популистичката партија во Германија штотуку имаше навистина голема ноќ“.

Трамп не ја именува АфД, но е јасна асоцијацијата.

Тој исто така наведе дека АфД и нејзините поддржувачи се уморни од „апсолутно ужасните правила за имиграција“ на Германија.

– ТИЕ СЕ ВО ПОДЕМ и нема повеќе да толерираат, потенцира Трамп, завршувајќи ја објавата со МГГА!, кратенка „Да ја направиме Германија повторно голема“ (Make Germany Great Again), како варијација на неговиот слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“, познат како МАГА.

Откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2025 година, АфД има поблиски врски со Вашингтон од кога било досега. Претставници на АфД присуствуваа на инаугурацијата на Трамп.

Потпретседателот на САД, Џеј Де Венс, се сретна со копретседателката на АфД, Алис Вајдел на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. Венс тогаш предупреди дека исклучувањето на популистичките партии и градењето политички „заштитни ѕидови“ се ризикува да се игнорира волјата на милиони гласачи.