„Алказар енерџи“ обезбеди 180 милиони евра за првата фаза од ветерниот парк кај Штип, целата инвестиција е 500 милиони евра


 

Со обезбедени 180 милиони евра „Алказар енерџи“ го заокружи финансирањето на првата фаза  од проектот „Ветерен парк“ во Штип. Со тоа, како што објави денеска раководството на компанијата, се преминува во следна фаза на реализација на инвестицијата од над 500 милиони долари. Тоа е една од трите фази што треба да овозможат 396 мегавати електрична енергија во ветерниот парк, кој ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот.

„Денес завршуваме со финансиската конструкција за 131 мегават и 21 турбина, со 180 милиони евра инвестиции, што се обезбедени од ЕБРД, ИФЦ, Ерсте банка заедно со Шпаркасе банка. Не можам да го кажам името на компанијата, но можам да кажам дека таква компанија покажува доверба во држава како Македонија“, рече Даниел Колдерон, коосоновач и генерален директор на „Алказар енерџи“ на настан во Штип во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министри и претставници на финансиските партнери.  

- Денес завршуваме со финансиската конструкција за 131 мегават и 21 турбина, со 180 милиони евра инвестиции што се обезбедени од ЕБРД, ИФЦ, Ерсте банка заедно со Шпаркасе банка. Не можам да г

Колдерон најави дека кога ќе биде готов ветерниот парк, ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства, ќе бидат заштедени 570 илјади тони ЦО2, а ќе се овозможат околу 300 вработувања.

Ја нагласи соработка со локалните власти и населението, при што посочи дека премиерот Христијан Мицкоски уште првиот ден покажал како треба да се третираат странските инвеститори. Тој ја потенцираше и поддршката од надлежните министерства за добивање на потребните дозволи, активностите за законските промени, а ги истакна природните ресурси  и професионалноста на кадарот во државата.

Завршувањето на финансиската конструкција, како што рече Колдерон, претставува почеток на убава приказна за проектот почнат уште во 2008 година за кој во јуни 2024 година, по доаѓањето на новата влада, беше потпишан договорот.

„Ова е круна на двегодишната работа тука, ‘Алказар’ е и ќе остане значаен партнер на Владата“, посочи тој, истакнувајќи дека набргу ќе се затвори и финансиската конструкција за ветерните паркови во Карбинци и Радовиш.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека инвестицијата на „Алказар енерџи“ во ветерниот парк во Штип, Радовиш и Карбинци, ќе овозожи неколку стотици работни места, нова патна инфраструктура, како и еден терават час електрична енергија од обновливи извори.

Тоа,  рече Мицкоски денеска при посетата на  „Алказар енерџи“ во Штип, е отприлика милион мегават часови, нешто што досега не е забележано во нашата историја и кога ќе биде реалност на крајот од годината ќе претставува нето енергетски независна Македонија. 

Кога целата идеја била на хартија и почнала со реализација, како што посочи, малкумина верувале оти денес ќе може да се види присутната градежна механизација и сѐ што се гради на потегот на Штип, Радовиш и Карбинци.

„Имајќи го предвид развојот на вештачката енергија  кој е неповратен процес, во следните 14-15 години Европа ќе има потреба за дополнителни 1000 терават часови електрична енергија. Поради тоа, потенцијалот што може да го имаме како држава да го инвестираме во производни капацитети а потоа да произведеме е еднаков на 24 терават часови. Кога тоа ќе се помножи со цената на струјата зборуваме за две милијарди евра годишно бизнис што треба да го зголеми македонскот БДП и да придонесе позитивно за македонската економија“, рече Мицкоски.  

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потенцираше дека комбинацијата на одржлив транспорт, на зелена транзиција  ја прави Македонија лидер во регионот.