Девизните резерви во август над 5,1 милијарда евра
На крајот на август годинава официјалните девизни резерви изнесуваат 5.101 милион евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 90,2 милиони евра – покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви е пласиран во хартии од вредност (69,4 проценти) по што следуваат монетарното злато (17,2 проценти) и валутите и депозитите (13,4 проценти).