Дејвид Гета со спектакуларен настап ја заокружи прославата за 35 години независност (фото)
Францускиот диџеј и композитор со светска слава Дејвид Гета, најавуван како најексклузивен гостин за крај, ( заедно со шпанскиот тенор Хозе Карерас) за прославата за 35 години независност, приреди спектакл, синоќа, пред 50-илјадна публика од земјата и регионот.

Гета во националната арена „Тодор Проесски“ настапи со „The Monolith Stadium Show“, како дел од европската турнеја, со огромна сценска продукџија, светлосни ефекти, пиротехника и визуелни ефекти. Публиката пееше и танцуваше практично цело време на хитовите на Гета, иако некои медиуми забележуваат дека многу од фановите од внатрешноста на Македонија кои не успеале да ги заменат влезниците од 35 денари со нараквици, не дошле на концертот.

Вечерта ја отворијаСЕМПРЕ и диџеј Никифор како македонска поддршка, пред Гета да излезе на сцената. Скопје околу Арената беше под полициски режим зарада најавената гужва. Светскиот диџеј, кој јавно ни го честиташе роденденот, по настапот кажа дека не знаел што да очекува кога доаѓал, но си поминал одлично со публиката.


Концертот во организација на „Авалон“ и Владата на С. Македонија помина во сенка заради неодговореното прашање колку чини неговиот настап, и воопшто на сите учесници во целата програма за прославата која се плаќа со буџетски пари.
Ова е втор настап на Гета по настапот во Охрид, за 1 август 2011 година.