Владата повторно ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма
Владата повторно ќе потроши над 350.000 евра народни пари за рекламирање на проектите кои ги реализира таа, а за таа намена повторно е ангажирана компанија чиј косопственик е фирма регистрирана во Бугарија, пишува денеска Фокус.
На 1 септември Владата, односно Генералниот секретаријат на Владата, склучи нов договор со „Фрајдеј Комуникации ДООЕЛ Скопје“ вреден 21,2 милиони денари или околу 350.000 евра за видео и фото продукција, следење и информирање за владините проекти.
Договорот кој е склучен на една година има три ставки: видео продукција, фото продукција и комуникациска кампања.
Оваа фирма во мај 2025 година го привлече вниманието на медиумите во Македонија откако склучи договор со Генералниот секретаријат на Владата во вредност од 23,6 милиони денари (околу 360.000 евра) за видео и фото продукција, следење и информирање за владините проекти. На двата договори со продукцијата е потпишан генералниот секретар на Владат, Игор Јанушев.
Целиот текст ТУКА