Украле четири слики од Музејот на Реноар во Франција: Едната по пат ја изгубиле


Двајца крадци рано утрово провалиле во Музејот на Реноар во Кањ сир Мер на Азурниот Брег и украле три слики. Градоначалникот Брајан Масон го пријавил грабежот на Фејсбук. Според Масон, крадците влегле во музејот кратко пред 6 часот наутро.

Тие првично зеле четири слики, но полицијата ги забележала и тргнала по нив. Крадците успеале да избегаат, испуштајќи една слика додека бегале, објавува Ројтерс.

Европол за промената на профилот на крадците
Грабежот доаѓа во време кога Европол предупредува на новите трендови во кражбата на уметнички дела. Минатиот месец, агенцијата објави извештај во кој се наведува дека грабежите стануваат сè понасилни. Специјализираните банди се заменуваат со аматери и опортунисти регрутирани од криминалци преку социјалните медиуми.

Европол го наведува грабежот на Лувр во Париз во октомври минатата година како пример, кога крадците им се заканиле на чуварите и посетителите и украдоа накит во вредност од 88 милиони евра, вклучувајќи ја и тиарата на царицата Евгенија.