Уапсени чешки државјани кои неовластено влегле во касарната „Илинден“ – „скицирале“ воени објекти и борбени средства


Двајца чешки државјани кои престојувале во Скопје, биле лишени од слобода поради сомнение дека неовластено влегле во касарната „Илинден“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 16:30 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С. (26) и А.Х. (25).

За нив постојат основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик, „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.