Вработени во „Национални шуми“ со службени возила си носеле дрва дома


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Р.(45) и Љ.Д.(40), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.

На 25.05.2026 во Свети Николе, пријавените вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Свети Николе“, за време на неработни денови, првопријавениот како референт за превоз, а второпријавениот како ракувач со градежна машина, неовластено го користеле службениот трактор и теренското возило за сопствени потреби и извршиле пренос на огревно дрво од реонот на Шумско стопанска единица Ѓуриште до своите домови во Свети Николе.