Американските вооружени сили соопштија дека потопиле уште еден брод на еквадорски наркокартел
Американската армија потопи пловен објект, за кој се претпоставува дека бил на еквадорскиот наркокартел „Лос Чонерос“, соопшти денеска Јужната команда на американските вооружени сили на Х.
Ова е трет таков објект што САД го потопуваат во рамките на една недела.
Разузнавачките служби потврдија дека пловниот објект делувал во поддршка на „Лос Чонерос“, додадоа од Јужната команда. Членовите на екипажот на пловниот објект биле уапсени пред тој да потоне и ќе бидат „предадени на еквадорските власти со почитување на мерки за безбедност“, информира командата.
Еквадорската морнарица учествува заедно со американските сили во координирани операции против пловни објекти на наркокартелите.