Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче ќе го смени изгледот на маалото


Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче, кој треба да биде на располагање на потребите на Скопје Град на културата 2028, треба да биде готов до крајот на 2027 година.

Центарот се наоѓа во срцето на ново Лисиче зад спортскиот центар „Марко Божиновски“, а неговата изградба ќе чини 99 милиони денари во прва фаза, доделени од Владата на Општина Аердором, од унгарскиот кредит.

Денеска, на увид на работите беа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков.

„Овој објект којшто денеска направивме увид, преставува навистина нешто коешто ќе е додадена вредност во културниот живот не само во Општина Аеродром туку и во Скопје и ние како влада ова го препознавме и заедно со општината ќе го реализираме и чувствувам дека кога ќе биде сето ова готово и целиот овој облик на ова маало ќе изгледа поинаку сигурен сум дека не само општината туку и скопјани ќе го користат овој мултифункционален центар на културата или културен центар како сакат“, рече премиерот Мицкоски.

Министерот Љутков рече дека овој објект најмногу ќе биде изграден за потребите на Скопје Град на културата, тиртула што се потврди пред две недели во брисел. За таа намена во Скопје ќе има четири до пет такви центри кои ќе бидат во функција на Скопеј Град на културата.

Инвеститор е Општина Аердором (со средства доделени од Министерството за култура и туризам), изведувач е „Пирамид билдинг солушнс“, а проектант „Столб“ ДООЕЛ Битола. Надзорот ќе го врши МБМ архитекти.

Мултимедијалниот центар со кино-сала и изложбен простор во Ново Лисиче треба да е готов до 2027 година