72 часовната забава може да започне: Стартува Д Фестивал во Дојран


Денеска официјално го отвораме првиот фестивалски ден од четиринаесетото издание на Д Фестивал. Вчера во 17 часот на пладне го отворивме фестивалскиот камп за сите посетител чив број достигна до повеќе од неколку илјади со наредени повеќе од стотици шатори. Програмата и активности се веќе во тек, извежбавме утринска јога, Таи Чи Чуан, играме друштвени игри со ,,Гоблин‘‘, Д Базарот, берберницата, Tattoo студиото и сите други Д Другари се веќе во акција!

72 часовната забава може да започне!

Вечерва главната бина TOGETHER X ја отвораат најдобрата хрватска хип – хоп атракција – Elemental, потоа за прв пат на Д Фестивал ни доаѓа големата пејачка од Мали – Fatoumata Diawara, фаворитете на ланската Евровизија – Joker Out, а за крај техно ѕвездите Deborah De Luca i Sama’ Abdulhadi. Младиот македонски колектив – OVC Kolektiv со целовечерна журка на Lake Awake бината….