Автомобилот на Гаврил Бубевски меѓу опожарените возила кај бараките на „Улица и патишта“
„Шкода“ е едно од опожарените возила кои ноќеска изгореа, а му припаѓа на обвинителот Гаврил бубевски, пренесува „А1он“.„Шкодата“, со скопски регистрации била паркирана на тротоарот, до бараките.
„А1он“ пренесува дека Бубевски не одговарал на нивните повиците, за да даде повеќе детали за случувањата.Неговото возило се запалило, откако пожарот се проширил од друго возило, кое било паркирано зад неговото.
Првичните информации откриваат дека неговото возило било зафатено само во задниот дел.