30 дена притвор за државниот секретар Јахи Јахиу
Основниот суд во Скопје на државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Тој е обвинет дека зел поткуп за да намести фирма да добие европски пари.
Мерката притвор е изречена поради опасност од бегство и поради можноста да го повтори делото.