Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата


 Народната банка воведе тримесечна администрација во „Алта банка“ АД Битола, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност, односно способноста да ги покрива обврските. Со решението донесено на 1 ноември, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, кои ги преземаат надлежностите на Управниот и Надзорниот одбор, како и на […]

Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од имотот на нејзиниот татко


Лос Анџелес – Пaрис  Џексон побара од судот да им наложи на извршителите на имотот на нејзиниот покоен татко Мајкл Џексон да префрлат 600 милиони долари на семеен фонд основан за неа и нејзините браќа. Таа тврди дека фондот, основан по смртта на пејачот во 2009 година, не е финансиран повеќе од 17 години, и […]

Претседателката Сиљановска-Давкова во Брисел на Самит за проширување на ЕУ на Еуроњуз


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на Самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Еуроњуз, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници. Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува […]

Дизни планира масовни отпуштања. Илјадници работници би можеле да ги изгубат своите работни места


Компанијата „Волт Дизни“ се подготвува за укинување на илјадници работни места, при што од некои менаџери е побарано да планираат намалување на годишните трошоци за 20 проценти, објави денес Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Заштеди би можеле да се постигнат и со укинување на работни места и со намалување на други видови […]

Њујорк го пријави првиот смртен случај од сипаници по 30 години


Њујорк – Дете почина од морбили во американската сојузна држава Њујорк, што претставува прв смртен случај од оваа исклучително заразна болест во оваа сојузна држава во последните 30 години, соопшти гувернерката Кети Хокул. Детето починало во округот Луис откако се заразило со морбили, соопшти Хокул во изјава. Таа ја опиша смртта како срцепарателна и го […]

Најмногу дожд во Демир Капија изминатите 24 часа, најстудено утрово на Попова Шапка


 Најмногу дожд наврнало во Демир Капија изминатите 24 часа, најстудено утрово е на Попова Шапка, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХМР до 8:30 часот, најниска температура денеска е евидентирана на Попова Шапка. Таму е регистриран 1 Целзиусов степен. Потоа следуваат 4 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, […]

Европол бара Србинка: Поврзана е со грабеж од 40 милиони евра, се нуди огромна награда


Холандската полиција започна меѓународна потера по 41-годишната Нинослава Јовиќ од Ниш, осомничена за помагање во еден од најголемите грабежи на накит во Европа. Грабежот се случил на престижниот саем за уметност и антиквитети TEFAF во Мастрихт во 2022 година, кога бил украден накит вреден околу 40 милиони евра. Истражителите се сомневаат дека зад грабежот стојат […]

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди


Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале нивоа на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници. Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија. Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните […]

Судир на две возила, отежнат сообраќајот на Борис Трајковски


Тешка сообраќајна несреќа утрово се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, во близина на поранешната „Стакларница“. Како што пренесува „Вечер“, во судирот учествувале патнички возила „Мерцедес“ и „Цитроен“, кои од силината на ударот претрпеле сериозни оштетувања. Делови од автомобилите се расфрлани по коловозот. Поради несреќата, сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато, […]

Притворени тројцата уапсени за експлозијата во центарот на Атина со шестмина загинати


Мерка притвор им е одредена на тројцата уапсени за експлозијата во двокатната зграда во атинската населба Плака на крајот од септември, во која животот го загубија шест лица, а беше предизвикана од истекување на природен гас, откако претходно, сега веќе притворените, украле бакарни цевки, јави дописничката на МИА од Атина. По речиси шестчасовниот исказ пред […]

Познати се деталите за комеморацијата и погребот на Мишo Ковач


Кoмеморацијата за хрватската и регионална поп-ѕвезда Мишо Ковач ќе се одржи во среда, 11 ноември 2026 година, во 12 часот во малата сала „Ватрослав Лисински“, објави „Кроација рекордс“. „Мате Мишо Ковач беше музичка легенда, човек со единствена харизма, глас и симбол на Далмација и дел од животите на милиони луѓе. Неговото име и неговите песни […]

Клучни факти за меѓуизборите во САД


Меѓуизборите во САД се оцртуваат како пресвртна точка во вториот претседателски мандат на Доналд Трамп. Анкетите укажуваат дека Републиканците на Трамп би можеле да го изгубат своето тесно мнозинство во Претставничкиот дом, а можеби дури и во Сенатот – но овој исход е далеку од извесен и во многу изборни единици ривалските кандидати се изедначени. […]

Делови од Гази Баба и Илинден без струја


 Делови од општините Гази Баба и Илинден денеска ќе бидат без електрична енергија.  ЕВН информира дека во периодот од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат улиците „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“ во општина Гази Баба поради чистење и проверка на расклопна опрема и долевање на масло во кабловските глави и трансформаторот. Во […]

Како е создадена АЛТА банка: Од извозно кредитна агенција во СФРЈ до приватна банка


АЛТА банка а.д. Белград беше создадена со трансформацијата и преименувањето на поранешната банка ЈУБМЕС (Југословенска банка за меѓународна економска соработка), со седиште во Белград. Југословенската банка за меѓународна економска соработка (ЈУБМЕС) е основана во 1979 година според посебен федерален закон како специјализирана финансиска институција наменета да обезбедува помош за извоз и капитални проекти. Банката е […]

„Го ценам само Горан Каран“ : Мишо Ковач во интервју за Станковиќ


МАТЕ Мишо Ковач не се двоумеше да го каже своето мислење во текот на целата своја кариера, дури и кога знаеше дека некому нема да му се допаднат неговите зборови. Беше познат по своите искрени, понекогаш остри коментари и ретко јавно ги фалеше другите пејачи. Кога зборуваше за своите колеги, не ги штедеше зборовите ниту […]

Филмска недела и традиционални работилници по повод Денот на јапонската култура


 Јапонската амбасада во земјава, Кинотеката на Македонија и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија со 19. издание на Неделата на јапонски филм, како и со работилници за оригами и традиционалниот јапонски чај. Денот на културата во Јапонија, познат како „Bunka no Hi“, се одбележува секоја година на 3 […]

Еди Рама предлага единствен национален испит за сите што сакаат да работат во државната администрација во Албанија


Тирана – Албанскиот премиер Еди Рама предлага воведување единствен национален испит за сите албански граѓани кои сакаат да работат во државната администрација, како дел од мерките на неговата влада за подобрување на односите и довербата меѓу граѓаните и институциите во земјата. Рама денеска на својот профил на Фејсбук објави видео во кое учествува и албанската […]

Археолошка изложба „Лица од новата ера: првите земјоделци во Северна Македонија пред 8 000 години“ во Франкфурт


 Од денеска до 4 јули 2027 година, Музејот на град Скопје со археолошката изложба: „Лица од новата ера: првите земјоделци во Северна Македонија пред 8 000 години“ ќе гостува во Археолошкиот музеј во Франкфурт, Германија. Изложбата ќе биде отворена вечер, кога ќе биде промовирано и изданието за претставените локалитети, под авторство на кустосот на изложбата, […]

Промоција на „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски


Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, во издание на „Матица македонска“, во која авторот, меѓу другото, истражува необјавени драми на Васил Иљоски, раната поезија на Блаже Конески и Кочо Рацин како книжевен критичар. Се работи за научно и книжевно-критичко дело во […]

ГТЦ без вода


Поради промена на затворач ф-80 мм на улица Филип Втори, без вода денеска од 11:00 часот ќе биде објектот на ГТЦ, информира РЦУК – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности