Карпош доделува по 5.000 денари на лица со попреченост – аплицирајте!


Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3 декември – Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, […]

Бени Шаќири од директор на МКЦ станува советник на Ѓорѓиевски во Град Скопје


  Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е новопоставен директор на Младинскиот културен центар, објави Левица во петокот на 6-ти ноември. Денес таквата информација беше потврдена откако досегашниот директор Бени Шаќири поднесе оставка. Тој беше назначен за директор во јануари 2024 од тогашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. МКЦ има нов директор? Шаќири објави фотографија […]

„Рајанер“ ги менува правилата од утре. Патниците кои доцнат може да го пропуштат летот


Патниците на „рајанер“ од утре, 10 ноември, ќе мора да го пријават багажот порано и да се пријават за летот на аеродромот. Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Европа ги менува своите правила, така што шалтерите за пријавување и оставање багаж ќе се затворат 60 минути пред закажаното полетување, наместо претходните 40 минути. Новото правило ќе важи […]

По протестот, АХВ ги прифати барањата на ветеринарите


Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Јовица Андовски оставри работна средба со првите луѓе на Ветеринарната комора, кои денес одржаа мирен протест пред Агенцијата за храна и ветеринарство. „Прифатени беа неколкуте барања поставени од Комората со цел продолжување на започнатиот дијалог и решавање на актуелните проблеми кои ги истакнаа претставниците на приватната ветеринарна пракса“, […]

ЛДП со 10 конкретни мерки за иднината на младите и семејствата!


Македонија се соочува со сериозна демографска криза. Сѐ помалку деца се раѓаат, младите масовно ја напуштаат државата, а сѐ повеќе семејства не можат да си дозволат сопствен дом, сигурна работа и услови за достоинствено растење на своите деца. Ова е предупредување дека ја губиме иднината на државата! „Сметаме дека демографската обнова мора да стане еден […]

Министерот Клековски на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција


Министерот за здравство Сашо Клековски денеска учествуваше на Денот на здравјето на конференцијата на Обединетите нации за климатски промени COP31 во Анталија, Турција. Таму се обрати на два настана на високо ниво. На Министерската тркалезна маса, која ја копретседаваа министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу и претседателот на COP31, Мурат Курум, со учество на […]

СДСМ: Австриската ФМА ја санкционираше Алта Груп, а Мицкоски и Славески ѝ дадоа и банка и осигурителна компанија


Во 2024 година Алта Груп била правосилно санкционирана од австриската финансиска регулаторна агенција ФМА, а Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка, нагласи портпаролката и членка на Изрвшниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска […]

Аркин Јахији ја презеде функцијата градоначалник на Општина Брвеница


Претседателката на Општинската изборна комисија Брвеница Недиме Салаи денеска му го предаде решението за градоначалник на Аркин Јахији. Тој беше избран за нов градоначалник на Општина Брвеница, по вториот круг за предвремени избори на 1 ноември кога освои 4.442 гласови наспроти Стојанчо Радичевски кој имаше 4.184 гласови.  По доделувањето на решението, Јахији се обрати кон […]

Десницата во Шпанија чекори кон победа, според анкетите


  Според најновите анкети пред општите избори на 29 ноември, шпанската конзервативна Народна партија (ПП) би ги победила социјалистите на премиерот Педро Санчез, но за обезбедување парламентарно мнозинство ќе ѝ биде потребна десничарската партија Вокс. Се очекува изборната кампања, која започнува за четири дена, да биде доминирана од прашања како што се домувањето, имиграцијата и […]

Уапсени поради семејно насилство, повеќе пријави во последното деноноќие


Повеќе случаи на семејно насилство пријавени се во последното деноноќие, а дел од насилниците се приведени, стои во полицискиот билтен. На 08.11.2026 во 23:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Л.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 13-годишен син. За настанот е известен […]

Експлодирал бојлер во Аеродром, нема повредени


Утрово во 4.50 часот, часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром опожарен е бојлерот во тоалетот и предизвикал експлозија. Повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Шок при изборот за 007: Две големи ѕвезди би можеле да го играат Џејмс Бонд по „тајните пробни снимања“


Секоја недела носи нова гласина и наводна „потврда“ во врска со идентитетот на актерот кој ќе го толкува ликот на седмиот Џејмс Бонд. Дали тоа ќе биде Калум Тарнер, кој неодамна доби одобрување од Пирс Броснан? Дали улогата можеби ќе му припадне на Џек Лауден, кој долго време важи за еден од фаворитите? Или, пак, […]

Сиљановска стави вето на законот за јавни набавки


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во допис до претседателот на Собранието, Африм Гаши, образложува дека одлуката да не го потпише указот за прогласување на измените на Законот за јавните набавки, усвоени на 26 октомври, ја донела по внимателна анализа и консултации со експерти. Спорна за претседателката е измената со која се регулираат мандатите на претседателот и членовите […]

Мрежата на политички врски зад Еуроњуз: Како Вучиќ, Орбан и Телеком Србија се поврзани со европската телевизија?


  Европската телевизиска мрежа Еуроњуз, основана со амбиција да стане европски одговор на американската Си-Ен-Ен, во последните години разви блиски односи со политички поврзани инвеститори и влади на земји кои се соочуваат со критики за падот на демократските стандарди. Истражувањето на порталот „Рапортер“ (поранешен „Еурaктив“) ги открива врските на сопственикот на Еуроњуз со унгарскиот премиер […]

Делумни интервенции не го решаваат проблемот со кравите во Крива Паланка, се бара кризна состојба


Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток. Барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб и оцената дека надлежните институции немаат доволно капацитети самостојно […]

Инфлацијата во октомври 0,4 проценти, годишната стапка достигна 3,3 отсто


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември, изнесува 0,4 проценти, додека на годишно ниво, во споредба со октомври минатата година, трошоците на животот бележат зголемување од 3,3 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во октомври, во однос на претходниот месец, најголемо зголемување на трошоците […]

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки


Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.  Двајцата вработени се осмоничени за манипулации со испитни бодови и оценки, запишување на семестри за кои студенти […]

Во Општата болница Куманово до крајот на годинава треба да бидат вработени 20 специјализанти


Во Општата болница Куманово до крајот на годинава треба да бидат вработени 20 специјализанти кои се на прва, втора и трета година од специјалистичките студии. Од установата очекуваат во наредниот период да добијат и согласности за вработување дополнителен средномедицински и технички персонал, информира директорот Сашо Стошевски. Тој посочи дека од Министерството за здравство добиле известување […]

Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола во Битола, Тетово и Струмица


Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари, соопшти Народната банка. Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. […]

„Приказни што оживуваат“ продолжува со креативна работилница посветена на Винсент ван Гог


Креативниот центар „Сончогледи“ на 12 ноември (четврток), со почеток во 18 часот, ќе ја реализира четвртата креативна работилница од циклусот „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, посветена на животот и творештвото на еден од најзначајните претставници на постимпресионизмот – Винсент ван Гог. Преку запознавање со животот, уметничките идеи и најпознатите дела […]