Следејќи ја ВИ, младо момче се загубило во канадската дивина


 Младиот планинар Брајс Винсент Говрилук е спасен во канадските планини откако скршнал од планираната рута – следејќи погрешни насоки од вештачката интелигенција „Клод (Claude)“, па останал заглавен под стрмна карпа во покраината Британска Колумбија. Минатата сабота, Говрилук (16) се качил со гондола на планината Граус, а потоа побарал од „Клод“ да му испланира рута до […]

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања


  Во Загреб денеска ќе се одржи првиот состанок на мешовитите комисии на Црна Гора и Хрватска, со што официјално почнуваат преговорите за решавање на отворените билатерални прашања меѓу двете земји. Во фокусот на разговорите ќе бидат статусот на школскиот брод „Јадран“ и другите прашања поврзани со сукцесијата на воениот имот на поранешната државна заедница. […]

Јапонија ќе го намали данокот на храна и пијалоци на еден процент


Јапонскиот кабинет одобри денеска закон за привремено намалување на данокот храна и пијалоци и воведување систем за трансфер на готовина поврзан со приходите за лицата со ниски приходи. Се очекува законот да биде усвоен за време на тековната вонредна парламентарна седница, што ќе трае до 12 декември. Данокот на потрошувачка на храна и пијалоци ќе […]

Агенти на ИЦЕ во акција за апсење застрелаа и ранија маж во Њујорк


Федерални имиграциски агенти застрелаа и ранија 28-годишен маж додека бил во автомобил со петгодишно дете во њујоршката населба Марбл Хил, соопштија градските власти. Според американското Министерство за внатрешна безбедност, агентите на Службата за имиграција и царинска контрола (ИЦЕ) биле во акција за апсење лице од Доминиканската Република, кое претходно било осудувано за кривични дела. Во […]

Повеќе струја од сонце и ветер може да донесе и цени под нулата, вели директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски


Иако се уште немаме до крај либерализиран пазар на струја, сепак производителите се почесто ја користат берзата на електрична енергија. Годинава дури 22 отсто од целата електрична енергија во земјава била тргувана преку МЕМО. Во пари, за првите 9 месеци од годинава тоа се 241 милион евра обрт. Берзата не ја одредува крајната цена на […]

Цените на нафтата паѓаат откако Трамп изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори


Цените на нафтата се намалија денеска бидејќи загриженоста за снабдувањето на Блискиот Исток малку се намали откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори во ноември. Фјучерсите за нафта Брент, европскиот репер, паднаа за 72 центи, или 0,7 проценти, на 103,53 долари за барел. Фјучерсите за нафта […]

Холанѓанец трчал маратон додека бил на боледување. Работодавачот сега мора да му плати 60.000 евра


Додека некои луѓе едвај можат да стигнат до продавницата додека се на боледување, еден Холанѓанец решил да трча маратон. На неговиот работодавач не му било смешно и го отпуштил. Но, приказната добила неочекуван пресврт – судот пресуди во корист на работникот, а компанијата сега мора да му плати околу 60.000 евра, објавува RTL Nieuws. Вработен […]

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан


САД преку пренос во живо ќе го прикажат извршувањето на смртната казна со стрелање врз Нидал Хасан, закажано за 3 декември, соопшти претставник на Пентагон. Хасан во ноември 2009 година застрела 13 лица во напад извршен во воената база Форт Худ во Тексас, каде работел како воен психијатар. Тој ќе биде првиот осуденик што ќе […]

Кличко ги советува жителите на Киев да го напуштат градот поради засилени руски напади


Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, им советуваше на жителите на украинскиот главен град привремено да го напуштат градот поради засилените руски напади, наведувајќи дека не повикува на целосна евакуација. Тој рече дека станува збор за преживување и дека им советува на жителите на Киев кои имаат пријатели или роднини надвор од главниот град да размислат […]

Imagine Macedonia 2026 во МКЦ – ќе се избира претставник за меѓународното финале во Брисел


Во организација на Музичка младина на Македонија, вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар во рамки на фестивалот „Здраво млади“ ќе се одржи националното финале на Imagine Macedonia 2026 за избор на македонски претставник за меѓународното финале во Брисел.  -Ќе настапат The Last Thing You Said, Немеза, Нема назад, Персеида и Yамка, млади бендови […]

„Турандот“ од Пучини на сцената на Националната опера и балет


Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини, едно од најзначајните дела во светскиот оперски репертоар, ќе биде изведена вечер со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Како што соопштуваат од НОБ, со претставата ќе диригира италијанскиот диригент Џанлука Мартиненги, а режијата, сценографијата и костимографијата се дело на реномираниот италијански оперски режисер Џанкарло […]

Европски индустриски здруженија бараат итни мерки против нефер трговските практики на Кина


Четириесет и четири европски индустриски здруженија побара од земјите членки на ЕУ да преземат итни мерки за сузбивање на, како што наведоа, нефер трговските практики на Кина што го загрозуваат европското производство и носат ризик од нови загуби на работни места. Повикот на здруженијата од секторите металургија, хемиска индустрија и производството на автомобилски делови, доаѓа […]

Женскиот младински хор „Менада“ ќе настапи во македонскиот КИЦ во Софија


Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер од 18:30 часот концерт ќе одржи Градски женски младински хор „Менада“ од Тетово, воден од диригентот проф. д-р Ивица Зориќ. -Публиката во Софија ќе има можност да се запознае со македонската православна хорска музика од минатото до денес. На програмата ќе бидат застапени композиции со православна духовна музика […]

Трамп: Погрешно ме разбраа кога реков дека Иран може да уништи градови во Калифорнија


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите коментари дека Иран би можел да уништи градови во Калифорнија биле погрешно разбрани и дека, всушност, зборувал за потребата Американците да ги поднесат повисоките цени на горивата. Трамп ги даде изјавите во понеделникот на политички митинг во Небраска, кога зборуваше за економските жртви со кои се соочуваат Американците […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде […]

Делови од општините Аеродром и Кисела Вода без струја


Корисниците од улицата „Божин Николов“ во Горно Лисиче, општина Аеродром денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во период од 10:30 до 15:30 без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Караџица“ во населбата Пржино во општина Кисела Вода. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на […]

Лагард: ЕЦБ има инструменти за реагирање на неоправдани пазарни движења


Европската централна банка (ЕЦБ) располага со инструменти со кои може да ги стабилизира финансиските пазари доколку има потреба од тоа, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Лагард на состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Луксембург зборуваше за движењето на приносите на државните обврзници и го повтори ставот на ЕЦБ дека внимателно го […]

Администрацијата на Трамп го суспендираше Мајкрософт од програмата за зелени карти


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја суспендираше компанијата Мајкрософт од програмата која овозможува поднесување барања за добивање зелени карти за странски работници кои доаѓаат во Соединетите Американски Држави со визи H-1B, бидејќи компанијата го злоупотребувала тој систем, изјави денеска потпретседателот на САД Џеј Ди Венс. Тој на прес-конференција во Белата куќа го обвини Мајкрософт […]

Француска астронаутка се врати на Земјата по 237 дена во вселената


Астронаутката Софи Аденот се врати на Земјата по осуммесечна мисија во која беше поставен нов рекорд за најдолг престој во вселената од европски астронаут. Таа вчера ја напушти Меѓународната вселенска станица и слета во океанот со уште тројца членови на екипажот околу 17:30 часот денес, објави Еуроњус. По еднодневно патување, капсулата што ја носеше француската […]

ММФ: На светот му се заканува комбинација на ризици од вештачката интелигенција, нафтата и долгот


Владите ширум светот мора итно да одговорат на предизвиците што ги носи нерамномерниот развој на вештачката интелигенција (ВИ), долгорочната енергетска криза и рекордното високо ниво на долгови, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пред собирот на водечките светски економски претставници следната недела. Забрзаното инвестирање во развојот на вештачката интелигенција го поттикнува растот досега ограничен на неколку […]