Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
Македонскиот кајак спуст забележа голем успех на вчерашниот натпревар во Европскиот куп кој се одржа на реката Молл во Обервилах, Австрија. Македонскиот репрезентативец, 17-годишниот Благој Гугинов во јуниорска конкуренција го освои првото место триумфирајќи во силна конкуренција од 25 натпреварувачи од девет европски земји. Како што потенцира неговиот тренер и клупски колега од клубот Арка-Борец […]