Кошаркарски тренер од Охрид загина во сообраќајна несреќа


Тренерот во младинската кошаркарска школа на Ангели, Антонио Савески загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 23:30 часот кога возило „Хјундаи Гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, а потоа во металните браници. По ударот, возилото се […]

Инвестиција од 7 милиони денари: Свечено отворен Capitol Park во Аеродром


Со голема посетеност, многу детски џагор, насмевки и позитивна енергија, свечено беше отворен Capitol Park – новиот детски парк што Capitol Mall го донира на Општина Аеродром. За само 4 месеци, на површина од 1000м2 е изграден Capitol Park, проект вреден 7 милиони денари. Просторот е создаден како современо место за игра, дружење и рекреација, […]

Франција го доживеа најтоплото лето некогаш забележано


Летото 2026 година ќе влезе во историјата на Франција како најтоплото некогаш забележано во земјата, изјави денеска министерката за еколошка транзиција, Моник Барбу. Овогодишното лето во Франција беше одбележано со топлотни бранови, суши и огромни пожари, пренесе „Фигаро“. – Доживеавме најтопло лето од почетокот на мерењата во 1900 година – рече министерката во седиштето на […]

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3 отсто е потврда за позитивниот тренд и зајакнувањето на македонската економија


Македонската економија во вториот квартал од 2026 година оствари реален раст од 4,3%, што претставува забрзување во однос на растот од 3,1% во првиот квартал годинава и е меѓу највисоките стапки на квартален раст во изминатите две и пол години, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на денешната прес-конференција на која ги презентираше последните податоци […]

Димитриеска-Кочоска ги нарече „весела математика“ обвинувањата за задолжување од 1,3 милијарди евра


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги нарече „весела математика“ обвинувањата на опозицијата за ново задолжување од 1,3 милијарди евра и за вкупниот долг кој според истите тврења ќе се зголеми за над 4 милијарди евра, како и дека јавниот долг поради тоа ќе достигне 65 отсто од БДП. Таа на прес-конференција во Владата, […]

Се менува закон за Перински да стане директор


Комисијата за здравство денеска го поддржа Предлог-законот со кој од Законот за здравственото осигурување се брише досегашниот услов директорот на Фондот за здравствено осигурување да има стекнато најмалку 240 ЕКТС-кредити или завршен VII/1 степен високо образование од областа на менаџментот, економските науки, финансиите, бизнис-администрацијата, менаџментот со јавното здравство, медицинските науки или правните науки. Измените допрва […]

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8


Обезбедени 1,2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари. соопшто денеска министерот за здравство, Сашо Клековски на прес-конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези.    – Со координирани напори со Институтот за трансфузиона медицина, МАЛМЕД и Институтот за јавно здравје, го разрешивме овој проблем кој досега беше заглавен […]

Почина новинарката Глорија Стајнем, иконата на борбата за правата на жените


Глорија Стајнем, американска феминистка и новинарка чиј активизам ја обликуваше борбата за правата на жените низ целиот свет, почина на 92-годишна возраст. Нејзината смрт беше потврдена во четврток, објави „Гардијан“. Во објава на нејзиниот официјален Инстаграм профил се вели дека Стајнем „починала мирно во својот дом во Њујорк, опкружена со луѓе кои ја сакале“. „Векот […]

Копуците во ЕУ не сакаат да ги делат фондовите со нови земји членки


Само што дојде на функцијата, новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, почна да најавува вета за проширувањето на Европската унија. Во изјава по средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, Маѓар во име на некаква квази принципиелност порача дека „Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја кандидат во ЕУ“, мислејќи на Украина […]

„Кавалерија рустикана“ на сцената на НОБ на 11 септември


 На 11 септември 2026 година, во 20 часот, на сцената на НОБ ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи – едно од најпознатите и највпечатливи дела на италијанскиот веризам. Со својата силна музичка експресивност и драмска непосредност, „Кавалерија рустикана“ ја носи приказната за љубовта, љубомората, предавството и честа, претставени низ судбините на нејзините […]

„Галимар“ по две збирки раскази го објави и првиот роман на Румена Бужаровска, „Тони“


  Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ денес го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е препознаено и објавено од „Галимар“, издавачка куќа основана во 1911 г., во Париз, која се вбројува меѓу најпрестижните и најетаблираните […]

Украина започна операција за блокирање на московските аеродроми со употреба на илјадници дронови


  Украина започна операција за блокирање на московските аеродроми со помош на илјадници дронови. Ова му го соопшти на новинарот на „Атлантик“, Сајмон Шустер, извор од Киев. Според него, операцијата започнала со изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за опасноста од воздушниот простор над Русија. Уште во август, извори за „Атлантик“ изјавија дека Киев развил […]

Ова година летото во Грција било второ најветровито во последните 18 години


Во трите летни месеци, односно во јуни, јули и август, вкупно 58 денoви во Грција биле со силен северен ветер, со што е второ најветровито лето во земјата во последните 18 години, покажуваат податоците на метеоролошката служба „Метео“ на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Силниот северен ветер карактеристичен за летниот период […]

Детето со убод во срце во стабилна, но, сѐ уште животозагрозувачка состојба


Министерот за здравство Сашо Клековски денеска информира дека 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба.  – Последната информација, за жал, ми е од вчера. Стабилна, во животозагрозувачка состојба, сѐ уште. Добрата страна – кинетиката – движењето на срцето е во ред, меѓутоа, сѐ уште е во животна опасност […]

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA


Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“, што ги доделува Меѓународната федерација на библиотечни асоцијации и институции (IFLA). Наградата е признание за исклучителниот проект со кој некогашната воена касарна „Рами“ од XIX век беше трансформирана во современ и климатски отпорен јавен […]

„Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција


Винарската визба „Тиквеш“ ја потврди својата доминација на меѓународните вински натпревари, овој пат освојувајќи вкупно 15 високи награди на престижните Mundus Vini Summer Tasting 2026 и Citadelles du Vin 2026, меѓу кои и специјални награди за најдобар производител и за најдобри вина од Македонија. Со новите успеси, винарницата уште еднаш докажа дека во земјава има […]

За 5 часа санкционирани 189 пешаци – си поминувале кај сакале


Вчера, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон прекршоци сторени од пешаци. При спроведената контрола, констатирани се вкупно 189 прекршоци. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Штип – 57, СВР Битола и СВР […]

СДСМ повторно ќе предложи минимална плата од 36.000 денари


   СДСМ повторно ќе поднесе законско решение за зголемување на минималната плата на 36.000 денари, односно 600 евра, а ќе предложи и субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата што произлегува од зголемувањето на платата, најави претседателот на партијата и пратеник Венко Филипче на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче рече дека предлогот доаѓа поради […]

Млад гостиварец не може да се оттараси од поранешната – ја пријавил за закани и навреди


Вчера, 6 во 21:35 часот во ОВР Гостивар, 28-годишник од Гостивар пријави дека околу 21:00 часот на бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, неговата поранешна девојка В.Н. вербално го нападнала и му упатила закани. Според пријавеното, таа и претходно во повеќе наврати го вознемирувала и следела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

БДП порасна за 4,3 отсто во второто тримесечје, мотор градежништвото


  Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2026 година е 4,3 отсто. Во второто тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9 отсто и од 5,1 отсто во секторите Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности […]