На грчкиот остров Закинтос уапсена жена за убиство на мачка и казнета со 30.000 евра


Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција. Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“. Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) станува збор […]

Дизелот „отиде“ на 101,5 денари за литар


  Дизел горивото од утре ќе чини 101,5 денари за литар, што е за 3,50 денари повеќе од цената која што важи до полноќ вечерва, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика објавена пред малку. Од полноќ, нови пови цени ќе имаат и бензините, кои поскапуваат за 1,50 денари за литар. Така, бензинот од […]

Во штипските основни и средни училишта новата учебна година ќе ја почнат 5.569 ученици


Во штипските основни училиште во учебната 2026-2027 година од 1 септември со настава ќе почнат 3.548 ученици од прво до деветто одделение, информираше на денешната прес-конференција Снежана Санева раководител на Секторот за образование и јавни дејности во општина Штип. Таа посочи дека  вкупниот број на првачиња кои ќе се запишат ќе изнесува 336 ученика.  -Што […]

Зеленски до Путин: Ја сакавте цела Украина, место тоа цела генерација испративте во кланица


Украина денес ја слави 35-годишнината од својата независност што беше повод украинскиот претседател, Володимир Зеленски, да потврди дека  неговата земја е подготвена да ја заврши војната – но дека нема да се согласи со непроменетите услови на Москва. „Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет убедувајќи ги […]

УХМР најавува невреме попладнево


Денес, времето претпладне же биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне кон крајот на денот. Во […]

Зеленски го одбележа украинскиот Ден на независноста со повик да се натера Русија „да завива“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го искористи своето обраќање до нацијата по повод 35-годишнината од независноста на земјата за да му упати директен предизвик на рускиот претседател Владимир Путин, изјавувајќи дека Москва мора да биде турната на колена преку единството на меѓународната заедница. Додека европските лидери се собраа во Киев за да ја одбележат годишнината, Зеленски […]

За првпат по 10 години Русија нема трајно стационирани бродови во Медитеранот


За прв пат по повеќе од десет години, Русија повеќе нема трајно стационирани воени бродови во Медитеранот. Британскиот весник „Телеграф“објавува дека работната група, која дејствуваше од 2013 година, одамна е повлечена. „Таму нема ништо од јуни“, весникот цитира функционер на НАТО, кој го смета потегот за „доста значаен“. Ова е затоа што Русија, засега, се […]

Траорно сведоштво на добрите луѓе на Манчевски


Документарецот „Добри луѓе “ на Милчо Манчевски за трагедијата во Кочани, почнува во тишината на оризовите полиња, снимени со дрон и со мрачен рефрен на виолончело од Новоградска . Идиличен пејсаж, светлина, вода, бавен ритам – свет што изгледа далеку од секоја трагедија. Тоа е увертирата пред најтрауматската македонска ноќ: пожарот во дискотеката „Пулс“ во […]

Уништени над 27,5 тони млеко од Косово со зголемено присуство на афлатоксин


Млеко увезено од Косово е запленето и уништено поради зголемено присуство на афлатоксин. Млекото е запленето на граничниот премин Блаце. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство […]

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари


Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“. Квалификациите во поединечна конкуренција започнуваат денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување […]

Филипче: На Мицкоски му треба алиби за предвремени избори


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот […]

Николоски: Правиме се што може за да им помогнеме на превозниците


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека Владата прави се што може за да им помогне на транспортерите. Склучува, како што рече, билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната. -Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решение. Се […]

Пожарникар подметнувал пожари, а потоа учествувал во нивното гасење: Признал зошто!


Мажна возраст од 28 години е осомничен за најмалку три пожари на суви насипи и ливади. Австриската полиција пријави 28-годишен пожарникар од Бургенланд под сомнение дека намерно подметнал неколку пожари во округот Оберпулендорф во текот на јули и август. Она што е особено неверојатно е што откако ги запалил пожарите, тој учествувал во нивното гаснење, […]

ШК Алкалоид со победа тргна во одбрана на двојната круна во државните првенства


Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир пријавени се дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, […]

Груби и обвинетите за Државна лотарија добија една недела да се запознаат со 231 доказ


  Со полициско возило, далеку од камерите пред главниот влез, поранешниот вицепремиер Артан Груби утрово беше донесен во Основниот кривичен суд во Скопје. Полициското возило влезе директно во гаражата на судот, од каде Груби беше спроведен во судницата во која започна постапката против него и уште седуммина обвинети,  членови на надзорниот одбор на Лотарија: Башким […]

ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди Филипче


ПЕТ скенот од кој зависи животот и здравјето на најболните пациенти од рак работел само еден ден, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој ја повика власта ведшаш да биде поправен бидејќи веќе два ипол месеци им го загрозува лекувањето на болните од рак. -Само еден ден работеше ПЕТ скенот и сега повторно е надвор […]

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС опен


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија.  Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата. Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година). Мечот се […]

Земјоделците на нов протест за „ајварката“. Мицкоски повикан на „екскурзија до Струмица“


  БИТОЛА – Цената на пиперката „ајварка“ повторно падна на 25 денари за килограм, иако по протестите беше договорено таа да изнесува 30 денари. Оваа ситуација од терен ги револтира струмичките земјоделци, па организаторите на протестите „Месно здружение млади Муртино“ за утре најавија нов протест во 11 часот во Струмица пред зградата на МЗШВ. Тие […]

Превозниците се организираат – идниот понеделник два часа ќе протестираат пред седиштето на ЕУ


Македонските превозници идниот понеделник, наз 31 овој месец два часа ќе ја блокираат крстосницата пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје како знак на револт поради сѐ уште нерешиот статус и ограничувањата при нивниот престој во земјите на Шенген зоната. Ваков протест ќе има и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соопштија […]

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците


Собранието реагира на објавите во повеќе медиуми кои ја скандализираа јавноста, а според кои на пратениците и вработените во оваа институција им се плаќа приватно здравствено осигурување.  -Ја информираме јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите. Собранието на Република Северна Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците […]