ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе биде исфрлена фирмата на бизнисменот Давидовиќ од енергетскиот план


  Откако денеска СДСМ повторно прдупреди дека хирмата на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака е дел од енергетскиот план на Македонија за 2026, ВМРО-ДПМНЕ објави оти таа ќе биде исфрлена од него. Давидовиќ од 2023 се наоѓа на црната листа на САД, а фирмата поврзана со него „Хронос сум“ е наведена во планот […]

„Кој си ти да пријавуваш?“ вака го избркале Саздов кога сакал да пријави насилство врз Ивана


Кој си ти да пријавуваш – го избркале од полициска станица кога сакал да пријави насилство врз Ивана, сведочеше Мартин Саздов на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја. – Ивана сакаше да се реши убаво работата, да нема пријавувања […]

Почина академик Илбер Ортајли, историчар од Турција, член на МАНУ надвор од работниот состав


Во 79. година од животот почина  академик Илбер Ортајли (1947 – 2026), историчар од Турција и член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав од 27 мај 2009 година, наведува МАНУ во соопштение. Акад. Илбер Ортајли е еден од најистакнатите турски историчари и интелектуалци. Роден е во 1947 во Брегенц, Австрија, […]

Франција ги ограничува социјалните мрежи за децата помлади од 15 години


Францускиот Сенат вчера го поддржа планот за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, но сè уште не е дефинирано како ќе се спроведува. Двата дома на францускиот парламент имаат различни ставови за законот. Националното собрание, кое го усвои предлогот во јануари, бара од платформите да ги избришат сите постоечки […]

Британија ќе бара поблиски односи со ЕУ место со Америка на Трамп


  Британскиот премиер Кир Стармер во средата изјави дека глобалната нестабилност предизвикана од војната со Иран значи дека Велика Британија треба поблиску да соработува со Европската унија за безбедносни и економски прашања, откако беше критикувана од американскиот претседател Доналд Трамп. На прес-конференција свикана за ублажување на загриженоста на јавноста за зголемувањето на цените на енергијата, […]

„Не попуштаме ни милиметар. Ќе чекаме со генерации за уставните измени“: Мицкоски се откажа од ЕУ


  Не зборува кондиционално, како што го оправдуваше претседателката. Туку тој навистина мисли на децении и генерации. Премиерот Христијан Мицкоски денеска излезе со најврд став досега во врска со уставните промени, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се помести ни милиметар за уставените измени ако нема гаранции: „Ќе чекаме, ако не ние, ќе го пренесеме тоа […]

Може ли Америка воопшто да го напушти НАТО?


  Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го отвори прашањето за повлекувањето на САД од НАТО, овој пат со многу посериозен тон отколку претходно, во услови на војна со Иран и зголемени тензии на Блискиот Исток. Во интервју за британски „Телеграф“, тој рече дека сериозно размислува за таков потег, нарекувајќи го НАТО „тигар од хартија“ и […]

Иран ја предупреди Бугарија


Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека Иран минатиот месец ја предупредил членката на НАТО, Бугарија, да не им дозволува на САД да ги користат нејзините аеродроми за авиони што учествуваат во воени операции во Иран. Информацијата беше објавена откако Станислав Балабанов, пратеник од партијата „Постои таков народ“, објави нота од 18 март. Во […]

Mу се заканувал на градоначалникот на Кичево – заработи кривична


Маж на возраст од 57 години од Кичевско доби кривична пријава поради закани кон градоначалникот на Кичево. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од село Раштани, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во угостителски […]

Лани реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра


Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн трансакции во вредност од 950 милиони евра, што претставува годишен раст од 32 проценти, било посочено на Годишното собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТСМ. Според претседателката на Асоцијацијата, Нина Ангеловска-Станков, ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на […]

Индустриското производство во февруари помало за 4,2 отсто од истиот месец лани


За 4,2  процента е намалено индустриското производство во февруари годинава  во споредба со истиот месец од минатата година. Најголемо влијание врз падот на индустриското производство, според Државниот завод за статистика (ДЗС), има намалувањето на производството во одделите: Производство на облека со 5,4 отсто; Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 13,5; и […]

Скопјанец ги нападнал сопругата и нејзиниот татко


24-годишен скопјанец синоќа со остар предмет се заканувал и ги нападнал својата сопруга и нејзиниот татко. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 23:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга дека околу 20:30 часот во домот, додека била […]

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО


Христијан Мицкоски денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор, како десетици луѓе беа судени за тероризам, а заштитени сведоци под присила давале искази за случувањата на 27 април во Собранието, но и […]

Српски министер: Не запишувајте ги вашите деца на “блокадерски“ факултети. Ќе ви ги вратат во ковчег (видео)


Српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, им порача на граѓаните да не ги запишуваат своите деца на она што тој го нарекува „блокадерски“ факултети. Гостувајќи во емисија на Пинк ТВ, Глишиќ рече: „Не ги запишувајте вашите деца на „блокадерски“ факултети затоа што ќе ви ги вратат како што ја вратија оваа девојка од Шабац, […]

Тајани ја откажа посетата на Србија додека протоколот го чекал на аеродром


Посетата на италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани на Србија беше откажана во последен момент утрово, непосредно пред полетувањето на неговиот авион од Рим. Дипломатски извори велат дека ова е многу невообичаена ситуација за однапред договорени посети, особено затоа што српскиот протокол веќе го чекал Тајани на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Точната причина […]

(Видео) Сараево не спиеше – славеше пласман на Мундијалот


Илјадници луѓе се собраа во срцето на Сараево, а прослави за пласирањето на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина на Светското првеснство во САД и Мексико, како и во другите босански градови. Со запалени факели, се пееја песни и беа развеани знамињата на Босна и Херцеговина, знамиња што ќе ги видиме на Светското првенство во […]

Уште две анкети во Унгарија покажаа дека расте предноста на Маѓар пред Орбан


  Централнодесничарската партија Тиса во Унгарија ја проширува својата предност пред владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан пред парламентарните избори во земјата на 12 април, покажаа две анкети. Орбан, ветеран политичар, се соочува со најголемиот предизвик во неговите 16 години на власт, но резултатите од изборите остануваат неизвесни бидејќи многу гласачи сè уште се […]

Европското обвинителство бара одземање на имунитетот на 11 грчки пратеници за скандалот со земјоделските субвенции


Атина – Укинување на имунитетот на 11 актуелни пратеници во рамките на истрагата за можна организирана измама поврзана со земјоделски субвенции, побарала европската обвинителка од грчкиот Парламент, а под истрага се и пет поранешни пратеници, соопштија од Европското јавно обвинителство (ЕППО), јави дописничката на МИА од Атина. Барањето за одземање на имунитетот на пратениците се […]

Алиу: Злоупотребата со дополнителното работно време кај лекарите е административна, не клиничка


Злоупотребата со дополнителното работно време од одредени лекари е административно и треба да се реши, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу, нагласувајќи дека не се работи за клиничка злоупотреба и оти со споменувања на имиња на доктори и институции не треба да се прави сензација, која нема да помогне за решавање на […]

Тим од македонската редакција на Радио Слободна Европа го формираше „Колегиум.мк“


  Ден по официјалното затворање на македонската редакција на Радио Слободна Европа во македонскиот јавен простор се појави нов медиум „Колегиум.мк“ кој е составен од новинари на згаснатиот сервис. Во најавата за лансирањето на новиот медиум редакцијата вели дека „Колегиум“ е место на дијалог, на аргументи и на различни мислења. „Редакциски простор во кој новинарството […]