ЕУ е приоритет за Владата, го уверувал Муцунски официјален Париз


  Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски попладнево во Париз остварил средба со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад, на која разговарале за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка. „Попладнево, во рамки на работната посета на Франција, остварив средба […]

Во Италија се бараат оставки, Буфон и Гатузо најавуваат заминување


Рим – Фудбалската репрезентација на Италија трето Светско првенство нема да настапи, што е секако огромно разочарување во земјата која е четирикратен светски првак. Ден по натпреварот и поразот на пенали од Босна и Херцеговина, навивачите и јавноста сè уште се во шок. Дел од навивачите своето незадоволство го искажаа со вандалски чин на влезот на […]

Ал-Шара негира дека побарал враќање на 80 отсто од сириските бегалци во Германија


Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шара, контроверзната изјава дека 80 отсто од повеќе од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат дома во рок од три години му ја припиша на германскиот канцелар Фридрих Мерц, јави ДПА. Мерц ова го изјави во понеделникот за време на посетата на ал-Шара на Германија, но еден ден […]

„Диор“ има чоколадно јајце, достапно само на една локација


Модната куќа Диор официјално ја претстави својата нова велигденска понуда, предводена од монументално чоколадно јајце создадено во соработка со повеќекратно наградуваниот готвач Јаник Алено и нови декоративни керамички парчиња од линијата Диор Мезон. Дизајнирана да ги разубави споделените празнични моменти, оваа ексклузивна колекција го комбинира наследството на високата мода со фина гастрономија. Минатиот месец, друг […]

Ова е новата насловна страница на „Економист“


„Економист“ повторно се осврна на американско-израелската војна со Иран, како и на односите меѓу Кина и САД, во својот нов број. На насловната страница во позадина се прикажани исцрпениот Доналд Трамп и насмеаниот кинески претседател Си Џинпинг, со наслов: „Никогаш не го прекинувајте вашиот непријател кога прави грешки“. „Војната е сериозна американска грешка“ „Војната против […]

„Алкалоид“ доби признание за придонес во афирмацијата на Државниот архив


За континуираната поддршка и за придонесот во развојот и афирмацијата на Државниот архив, на фармацевтската компанија „Алкалоид“ и беше доделено признание. На одбележувањето на 75-годишнината од востановувањето на оваа значајна државна институција, пригодни плакети добија неколку субјекти од земјава. Благодарницата, во име на компанијата, ја прими генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко […]

Рускиот нафтен гигант „Роснефт“ објави пад од 73 проценти на приходите


  „Роснефт“, најголемиот руски производител на нафта, соопшти дека неговите приходи се намалиле за 73 проценти во 2025 година. „Роснефт“ изјави дека нејзините нето приходи се намалиле на 293 милијарди рубли (3,6 милијарди американски долари) поради високите каматни стапки, високиот данок на добивка и „еднократните фактори“, според Ројтерс. Извршниот директор на „Роснефт“, Игор Сечин, го […]

Државниот архив одбележа 75 години: Посветени сме на дигитализација и обука на ИТ-кадар


 „Столб на македонската држава, колективна меморија“ е мотото со кое Државниот архив на Република Северна Македонија денеска свечено одбележа 75 години од основањето во 1951 година, со указ на тогашната влада. По седум и пол децении постоење, предизвик на институцијата е дигитализација на документите. Директорот на Архивот, Димитар Богески, изјави дека прават анализи колку би […]

Путин ќе ја продолжи војната уште две години и подготвува нова офанзива


  Руската војска се подготвува за нова офанзива во Украина во услови на застој во мировните преговори, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите во Кремљ. Според еден од изворите на агенцијата, војната, која веќе трае подолго од Големата патриотска војна, би можела да трае уште една до две години, освен ако не […]

Полска и Романија ја загубија тужбата. Мора да му платат на Фајзер 1,9 милијарди евра


Белгиски суд во среда пресуди дека Полска и Романија мора да ги преземат и платат вакцините против КОВИД-19 од американскиот фармацевтски производител Фајзер. Вкупната вредност на нарачаните вакцини е 1,9 милијарди евра (2,2 милијарди долари), објави Ројтерс. Фајзер покрена судска постапка против Полска и Романија кон крајот на 2023 година за да ги принуди да […]

Проблемите со нафтата ќе бидат двојно полоши овој месец отколку минатиот, вели шефот на Меѓународната агенција за енергија 


Прекинот во глобалните испораки на нафта во април ќе биде двојно полош отколку во март, предупреди шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол. Според него, сегашните прекини, предизвикани од практичното затворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран, значат губење на повеќе од 12 милиони барели нафта дневно. Бирол предупреди дека наскоро би […]

Енергетската криза удира кај што е најтенко – поскапуваат лебот и белите печива


  Три до пет денари – за толку се зголемува цената на лебот – основниот прехрранбен производ за најголемиот дел од македонската популација, за која новите цени ќе претставуваат значаен удар за животниот стандард. Иако во номинален износ поскапувањето не делува многу, тоа сепак е околу десет отсто во однос на досегашните цени кои се […]

Матичните лекари ќе можат да пропишуваат никотински фластери и гуми за џвакање за одвикнување од пушење, како и контрацепција


По повеќе од десет години Министерството за здравство ја ажурираше есенцијалната листа на лекови и во неа првпат стави лекови за одвикнување од пушење и контрацептивни средства. Координаторот на работната група која ја ажурираше есенцијалната листа на лекови, професорот Зоран Стерјев, кажа дека е зголемен и бројот на антиинфективни лекови и ажурираната листа има значително […]

ЕУ ќе и даде на Украина 1,4 милијарди евра од рускиот замрзнат имот


 Европска Унија доби 1,4 милијарди евра приход од каматата на замрзнатиот имот на Централната банка на Русија и средствата ќе ги насочи на поддршка на Украина, соопшти Европската комисија. Во соопштението на ЕК се наведува дека тоа е четврта транша средства од камата на замрзнатиот имот на руската Централна банка, што се блокирани во согласност […]

Филипче го обвини Мицкоски за саботажа на евроинтеграцијата


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија и стратешката саботажа на македонската интеграција. „Ние спремивме официјално писмо со кое јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на Европската унија, Европската комисија, Советот […]

И Марин Ле Пен го нападна Трамп за војната со Иран


  Националниот собир ги нападна американскиот претседател Доналд Трамп, француската влада и големите нафтени компании за различно предизвикување и профитирање од зголемувањето на цените на енергијата поради војната на Блискиот Исток. Крајнодесничарската партија на Марин Ле Пен се залага за пониски даноци на гасот и итна контрола на пазарот за да ги заштити потрошувачите од […]

Рубио побарал амбасадите на САД да започнат кампањи против странски пропаганди


Соединетите Американски Држави им наложија на сите американски амбасади и конзулати низ целиот свет да започнат координирани кампањи против странската пропаганда и го поддржуваат X-от на Елон Маск како „иновативна“ алатка што ќе помогне во тоа. Дописот, потпишана од државниот секретар Марко Рубио и доставен до „Гардијан“, исто така сугерира дека амбасадите и конзулатите треба […]

Фијаското на Италија за Светското првенство предизвика политички бес


  Земјата на Алесандро Дел Пјеро, Роберто Баџо и Андреа Пирло доживеа фудбалска трагедија во вторник вечерта – а нејзините политичари се вжарени од бес. Партијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони побара официјален брифинг во парламентот во средата откако фудбалската репрезентација на земјата не успеа да се квалификува за Светското првенство на ФИФА трет пат […]

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 април


Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 април 2026 година. Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но […]

Жичницата на Водно, од денеска, работи еден час подолго


Жичницата од денес, среда (1.04.2026 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. „Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен […]