Свечено отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто


Свечено беше отворен денес реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто, културен објект во рамките на Општина Гази Баба. „Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на обновена енергија и на засилена грижа за културниот живот“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешното […]

Филипче: Савески е под директна контрола на Мицкоски


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени денес дека новиот јавен обвинител Ненад Савески покажал дека е под директна контрола на премиерот Христијан Мицкоски и дека тоа се гледа најдобро од неговите обиди да ги „потопи“ предметите против ВМРО-ДПМНЕ. „Еве зошто не гласавме за Савевски и не му дадовме поддршка – зашто работи по диктат на […]

Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата


Анкара – Централната банка на Турција продала вкупно 44,3 милијарди долари од своите девизни резерви од почетокот на војната на Блискиот Исток, со цел да ја стабилизира турската лира во услови на зголемена пазарна нестабилност, покажуваат податоци на банката за периодот од 28 февруари до 30 март, пренесува порталот „Туркије тудеј“. Гувернерот на банката Фатих Карахан […]

Потона брод со мигранти што бегаше од турската крајбрежна стража, најмалку 18 мртви


Најмалку 18 лица загинаа кога гумен чамец што превезувал мигранти потона во близина на западната турска покраина Мугла во неделата, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат во областа. Крајбрежната стража соопшти дека бродот, кој имал вонбродски мотор, бил забележан во 6 часот наутро по локално време покрај брегот на округот […]

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час


Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни, поточно ќе наврнат и над 20 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините […]

Тејлор Свифт го објави музичкото видео за „Елизабет Тејлор“ со филмски снимки од легендата


Лос Анџелес – Тејлор Свифт објави музичко видео за „Елизабет Тејлор“ во вторник наутро, додавајќи визуелни елементи во својот поздрав кон една од најпрепознатливите и најживописните филмски ѕвезди на 20 век. За разлика од висококонцептуалните продукции како нејзиното неодамнешно видео за „Опалит“, Свифт не се вклучи во видеото за „Елизабет Тејлор“, туку состави видео запис […]

Трамп размислувал „сериозно“ да го напушти НАТО, бил „тигар од хартија“


Доналд Трамп изјави дека сериозно размислува за повлекување на САД од НАТО и ја доведе во прашање смислата на западната воена алијанса. „Тоа е вредно за преиспитување“, кажа Трамп во интервјуто за „Телеграф“ откако го прашаа дали би размислил за натамошното членство на САД во НАТО по завршувањето на војната на Блискиот Исток. Toj се […]

Мицкоски нема да ги гради ни коридорите „по секоја цена“


Со јасна порака дека нема да дозволи етнички тензии и со директни обвинувања кон претходната власт, премиерот Христијан Мицкоски од Гази Баба денеска испрати сигнал дека проектите за коридорите 8 и 10Д остануваат приоритет, но не по секоја цена. Во фокусот на неговото обраќање беше дилемата – развој или правила, односно дали државата ќе ги […]

Зајкова: Ако државата не може да ги заштити граѓаните што пријавуваат семејно насилство, тогаш имаме опасен систем


Појасна слика за степенот на спроведување на законите, подзаконските акти, протоколите и политиките за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, начинот на постапување на надлежните институции во рамки на нивните законски овластувања, нивото на координација меѓу институциите и капацитетите на системот во кадровска, организациска и буџетска смисла, постоењето на евентуални системски […]

Идентитетот на новиот Џејмс Бонд е откриен. Дали е априлска шега?


По години непрестајни гласини, веста конечно се појави… Сега го знаеме идентитетот на актерот што ќе го игра следниот Џејмс Бонд. Се шпекулираше дека Арон Тејлор-Џонсон, Том Холанд, Харис Дикинсон, Скот Роуз-Марш и Калум Тарнер се кандидати за следниот супершпион, а неодамнешните извештаи сугерираа дека 28-годишниот австралиски актер Џејкоб Елорди е моменталниот фаворит за улогата […]

Реакција на бугарското МНР за Акцискиот план за малцинствата на Македонија


Министерството за надворешни работи на Бугарија го повтори својот став дека Северна Македонија мора целосно да ги спроведе своите обврски во врска со заштитата на правата на заедниците, особено во контекст на процесот на пристапување кон ЕУ, објави  „Новините“. Изјавата доаѓа во услови на загриженост изразена од организациите што ја претставуваат бугарската заедница во Северна […]

ММФ: Шокот од цените на енергијата ќе го забави растот на БДП во Македонија и ќе ја зголеми инфлацијата


Меѓународниот монетарен фонд очекува шокот на цените на енергијата што произлегува од тековната војна на Блискиот Исток да влијае на растот во Македонија и повторно да ги разгори инфлациските притисоци. Ова се наведува во денес објавената Завршна изјава каде што се наведуваат прелиминарните наоди на посетата на Мисијата на ММФ на крајот од официјалната посета […]

Трамп потпиша наредба за заострени изборни правила во САД


 Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се заоструваат изборните правила во САД, соопшти Белата куќа. Наредбата што беше парафирана синоќа предвидува создавање национални списоци на лицата со право на глас, засилени проверки на државјанството на гласачите и нови правила при гласањето преку пошта. Белата куќа соопшти дека целта на измените е да […]

„Исфрлете го“: Стив Банон повикува на депортација на синот на Нетанјаху на фронтот со Иран


Поранешниот советник на Белата куќа и клучна фигура во движењето MAGA, Стив Банон, го повика Министерството за внатрешна безбедност на САД да го депортира синот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Јаир, и да го испрати да се бори во Иран. „Детето на Нетанјаху е во Мајами, исфрлете го утре“, рече Банон.„Каде е DHS кога ви требаат? […]

Хрватската Влада пушти гориво од државните резерви


Со оглед на кризата на Блискиот Исток, која предизвикува понатамошен раст на цените на нафтата, на седницата беше одлучено и да се пуштат на пазарот задолжителни залихи на нафта и нафтени производи, откри денеска премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ. Беше предложено Хрватска да пушти на пазарот 35.000 тони дизел гориво, што е околу 4,7 проценти […]

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел


Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари по барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американската војска би можела да ги заврши своите воени акции во Иран во рок од две до три недели, додека одговорноста за повторно отворање на Ормуската Теснина би ја презеле […]

Божиновска: Вистинскиот развој се случува кога институциите, академијата и приватниот сектор седнуваат на иста маса


Енергетиката како двигател на развојот, младите како носители на иднината и партнерствата како клуч за успех – ова беа централните пораки од настанот „Енергија што поврзува: Северна Македонија – Австрија, партнерство за иднината“, што се одржа во Скопје во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Амбасадата на Република Австрија […]

ЕОС Матрих Македонија: Довербата и почитувањето на приватноста се клучни за регулативата да се преточи во пракса


Заштитата на личните податоци не може да се постигне само преку усогласување на актите на компаниите со важечките законски прописи. Таа подразбира и градење на доверба, управување со ризици, како и почитување и интегрирање на приватноста во секој дел од работењето. Ова се клучните поенти кои експертите од Еос Матрих Македонија ги презентираа на Kонференцијата […]

Итно предупредување од УХМР: Реките се пред излевање


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно соопштение во кое предупредува на сериозна опасност од излевање на реките низ државата. Според најновиот „Хидро аларм“ за периодот од 1-ви до 2-ри април 2026 година, постои голема веројатност за нагло зголемување на водостојот на речните корита, што може да доведе до локални поплави. Надлежните апелираат на […]

Сиљановска и Милатовиќ на Правниот факултет, а за професорите тој е забранета зона, тврди СДСМ


  Денеска на Правниот факултет во Скопје се одржува заедничко предавање на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Поради овој настан за прфесорите што предаваат таму факултетот стана забранета зона, тврди СДСМ. „На македонските професори од Правниот факултет во Скопје МВР им оневозможи пристап на своите работни места, им […]