3 март во историјата – Склучен е договорот од Брест-Литовск


  На 3 март 1918 година, во градот Брест-Литовск, кој се наоѓа во денешна Белорусија, во близина на полската граница, Русија потпиша договор со Централните сили со кој се заврши нејзиното учество во Првата светска војна. Учеството на Русија во Првата светска војна заедно со нејзините сојузници, Франција и Британија, резултираше со голем број тешки […]

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала


 Граѓаните на Струга денеска имаат можност да наполнат чиста и безбедна вода за пиење од цистерна, која јавното претпријатие „Водовод и Kанализација“ во различен временски интервал ќе ја постави на неколку локации. Директорот на претпријатието Јованчо Мечкароски оцени дека има голем интерес кај граѓаните да наполнат вода. – Во моментот имаме само една цистерна која […]

Затворени американските амбасади во Саудиска Арабија и во Кувајт


 САД по иранските напади затворија две амбасади на Блиски Исток и го намалија конзуларното присуство во повеќе држави во регионот. Денеска е затворена Амбасадата на САД во Саудиска Арабија, откако објектот беше погоден од два ирански дрона. Затворена е и Амбасадата на САД во Кувајт откако синоќа се појавија снимки на кои се гледа како […]

Филипче: Руте зборуваше во Собранието, членството во НАТО не е „предавство“


  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, изрази жалење од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ во кои политиките на СДСМ за членството на Македонија во НАТО се оценуваат како предавнички. „Жалам што и во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ излезе со одредени квалификации, во кои политиките на Социјалдемократскиот сојуз во […]

Гаши и координаторите на посебна средба со Руте


  Во рамките на официјалната посета на Македонија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, на која присуствуваа: координаторите и заменик-координаторите Никола Мицевски, Јованка Тренчевска, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски; шефот на собраниската делегација во ПС НАТО, Драган Ковачки и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. […]

Орбан пак телефонски разговарал со Путин


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е широко познат како најпријателски настроен лидер на ЕУ кон Москва, разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во услови на ескалација на спорот меѓу Киев и Будимпешта. Лидерите разговараа за „унгарските државјани кои беа мобилизирани во украинските вооружени сили, а потоа заробени како (воени заробеници)“, соопшти прес-службата на Кремљ. […]

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии


Недостиг од утрински состаноци, отсуство на групно донесување на одлуки за терапија и неажурирани протоколи, беа дел од недостатоците што ги изнесе поранешната в.д. директорка на Клиниката за Онкологија, Виолета Клисаровска, на судењето за случајот „Онкологија 2“. Таа посочи дека при нејзиното назначување затекнала долг, нееднакви исплати кон добавувачите и судски спорови, како и задоцнета […]

Украинските сили ослободиле уште девет села по проблемите на Русите со Старлинк


  Украина ослободи девет населени места во секторот Олександривка долж југоисточната линија на фронтот, соопштија украинските Воздушни јуришни сили на 2 март на Фејсбук. Објавата следи по изјавата на врховниот командант на Украина, Олександар Сирски, кој рече дека украинските сили вратиле повеќе територија во февруари 2026 година отколку што Русија зазела во истиот период. „Три […]

Левица го дочека Руте со транспарент „НАТО убива“


Пратениците на Левица излегоа со транспарент „НАТО убива за профит“ додека генералниот секретар на организацијата, Марк Руте говореше во Собранието. Откако го покажаа транспарентот, по неколку секунди се тргнаа од пред говорницата. Руте погледна кон нив, но не го прочита транспарентот, туку продолжи со говорот. 

Националната мрежа против насилство врз жените бара одговорност – со име и со презиме


Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка. „Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано […]

Понудените цени за новата реколта тутун за производителите се неприфатливи


 Не се согласуваме и ги отфрламе новите цени на тутунот за новата реколта што ги понудија откупувачите, реагираа од Сојузот на земјоделските здруженија на денешната прес-конференција во Прилеп. Од откупувачите добија помалку од 5 проценти зголемени цени во договорите за новата реколта. Од досегашната 420 денари за прва класа, понудената цена е само 430 или […]

Економијата лани порасна за 3,5 отсто


  Реалниот раст на БДП во 2025 година изнесуваше 3,5 отсто што е во линија со проекциите на Министерството за финансии, а номиналниот раст е нешто повисок од очекуваниот, соопшти денес на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Денеска Државниот завод за статистика ги објави податоците за растот на економијата во 2025 година и тоа […]

Зелените сега се пред лабуристите на Кир Стармер во анкетите


  Зелените во анкетите се пред владејачката Лабуристичка партија на Кир Стармер, податоци што ќе ги продлабочат негодувањата околу лидерството на британскиот премиер. Најновата студија за намерата за гласање од YouGov ги става Зелените на 21 процент. Тие се рангираат на второ место зад Реформа на Најџел Фараж, со 23 проценти. Лабуристичката партија на Стармер […]

Во Кавадарци настан за развивање на мрежата на згрижувачки семејства


 Развивање на мрежата на згрижувачки семејства, е целта на настанот што се реализираше денеска во салата на општинската зграда во Кавадарци во организација на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.   Александра Ивановски, раководителка на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, појасни дека почнале со работа од 2021 година. – Оваа услуга е многу битно […]

„Star for Life“ за превенција на булингот и врсничкото насилство во Кисела Вода


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, заедно со шведскиот амбасадор во Македонија, Ола Сулстром, го посетија ООУ „Св. Климент Охридски“ во Драчево. Посетата се реализира како продолжение на активностите од неодамна потпишаниот трипартитен меморандум за имплементација на проектот „Star for Life“, чија главна цел е превенција на булингот и врсничкото насилство. На средбата, информираат […]

Грција, Франција и Германија ќе испратат воени бродови и друга помош на Кипар


Грција, Франција и Германија ќе испратат воена помош на Кипар по нападот врз британската воздушна база на островот со ирански дронови во понеделник. Франција, покрај фрегата, ќе испрати и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана, додека Германија потврди испраќање воен брод. Грција веќе испрати борбени авиони, а нејзините фрегати се на пат кон островот, […]

Од паркингот пред Кале набљудување на планетите и Месечината со телескоп


Денес имате можност да ги набљудувате планетите и Месечината преку телескоп. Телескопите ќе бидат поставени во 17:30 часот. Најпрво ќе се набљудуваат Венера и Меркур на зајдисонце, а потоа Јупитер и Месечина, сè до завршување на набљудувањето околу 20:30 часот.   Локацијата каде што ќе бидат поставени телескопите е паркингот пред влезот на Скопско Кале […]

Реконструкција на улица во Ново Маало, следува и реконструкција на вториот дел на „Ленинова“


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши  увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало. Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт. „Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор […]

Пет лавови во Нов Зеланд се спасени од еутаназија


Пет лавови кои требаше да бидат евтаназирани во Нов Зеланд беа спасени откако група инвеститори се вклучија за да ги спасат животните. Засолништето за диви животни Камо беше принудено да се затвори минатата година откако истекоа средствата, а преместувањето на животните беше оценето како невозможно поради возраста и здравјето на лавовите. Паркот претворен во приватно […]

Морничави снимки од ОАЕ. Тенисери избегаа среде меч откако дрон предизвика пожар


Тениски меч во Обединетите Арапски Емирати беше прекинат откако остатоците од пресретнат дрон предизвикаа пожар во непосредна близина на теренот. Настанот на АТП Челинџер турнирот во Фуџаира следува по ескалацијата на конфликтот во регионот, каде што ОАЕ е една од земјите цел на иранските напади по воздушните напади на САД и Израел.     Прекин […]