Од 27 март од Белград до Будимпешта ќе се патува по новата пруга, билет во еден правец е 25 евра


Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Александра Софронијевиќ, на Копаоник бизнис форумот изјави дека патничкиот сообраќај од Белград до Будимпешта треба да започне на 27 март и нагласи дека цената на билет во еден правец треба да биде пониска од најавената и ќе изнесува 25 евра. „Цената на билет во еден правец беше […]

Дебелината предизвикува 220 здравствени компликации или коморбидитети


Дебелината не е проблем на естетика. Таа е хронична, мултифакторијална болест што мерливо ги зголемува ризиците за најтешките состојби што ги гледаме секојдневно во кардиологијата, неврологијата, онкологијата, репродуктивната медицина, хепатологијата, ортопедијата и така натаму. Ова го истакна денеска проф. д-р Ирфан Ахмети, ендокринолог и претседател на научното здружение за обезност – ОБЕМ на почнувањето на […]

УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата


На Светскиот ден за борба против дебелината, УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата во Северна Македонија, бидејќи прекумерната тежина и дебелината кај децата и натаму се зголемуваат во раните училишни години, критичен период за воспоставување доживотни прехранбени навики. Неодамнешните податоци покажуваат дека 34 проценти од машките и 28,3 проценти […]

Собранието ги избра Адмир Шабани за заменик-министер за одбрана и Дритон Сулејмани за заменик-министер за образование


Собранието, во рамките на 90. седница, денеска, со 71 глас „за“ и 11 „против“, за заменик-министер за одбрана го избра Адмир Шабани, а за заменик министер за образование и наука, Дритон Сулејмани.  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, образложувајќи ги предлозите, истакна дека изборот на двајца заменик-министри е решение кое не е само кадровска одлука, туку […]

Академски портрет на Плевнеш во Софија


Во периодот од 28 февруари до 2 март, во Софија се одржа академски портрет на Јордан Плевнеш, писател со меѓународно реноме и претседател на универзитетот Еуропа Прима. Гостувањето на Плевнеш започна со учество во најпопуларната емисија на Бугарската Национална Телевизија БНТ, Панорама, кое предизвика широки реакции бидејќи, тој зборуваше на тема „Балканот како поле на Цивилизација […]

Мицкоски најави дека Ердоган ќе дојде пролетва во Скопје


  Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје, рече истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на македонското Собрание одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, а во врска со билатералните односи меѓу двете земји. Премиерот Мицкоски […]

Иранска фрегата потопена кај Шри Ланка


  Подморница ја нападна фрегатата на иранската морнарица „ИРИС Дена“ покрај брегот на Шри Ланка, изјавија за Ројтерс извори во Министерството за одбрана на азиската земја. Тие не прецизираа чија подморница го погодила бродот. Бродот испратил сигнал за помош во зори на 4 март и потонал 40 километри јужно од Шри Ланка. Морнарицата на Шри […]

Сицилија погодена од серија земјотреси, но без поголеми штети


Неколку земјотреси го погодија подрачјето околу вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија. Најсилниот бил 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија. Првичните извештаи велат дека немало поголеми штети, но неколку училишта биле затворени како мерка на претпазливост. Етна и градот Катанија Етна е најголемиот активен вулкан во Европа, […]

САД во иранските напади изгубија воена опрема вредна речиси две милијарди долари


Вашингтон – САД изгубија воена опрема во вредност од речиси две милијарди долари во нападите врз Иран на 28 февруари, покажаа денеска проценките на Анадолија врз основа на достапните податоци, додека цел на напади беа радарски системи, авиони и бази низ Блискиот Исток, како и некои американски дипломатски претставништва. Најголемата поединечна загуба е системот за рано предупредување […]

Бил Гејтс и уште шест лица, повикани да сведочат пред Претставничкиот дом за Епштајн


Вашингтон – Одборот за надзор и владини реформи на американскиот Претставнички дом повика седум лица да сведочат како дел од истрагата за врските со покојниот, осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, меѓу кои и коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Претседателот на Одборот, Џејмс Комер истакна дека верува оти повиканите лица имаат информации релевантни за истрагата, што […]

Невработеноста во јануари во Европа изнесуваше 6,1 отсто, а во ЕУ 5,8 проценти


Во еврозоната сезонски прилагодената стапка на невработеност во јануари изнесуваше 6,1 процент, објави денеска Евростат. Тоа, како што наведува Евростат, е намалување во однос на 6,2 проценти во декември 2025 година и 6,3 проценти во јануари годинава. Стапката на невработеност во Европската Унија изнесуваше 5,8 проценти во јануари годинава, што е помалку од декември 2025 […]

Погребната церемонија за ајатолахот Хамнеи е одложена поради огромна посетеност


Техеран -Погребната церемонија за убиениот ирански врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, која требаше да започне вечерва во Техеран и да трае три дена, е одложена поради, како што се наведува, невидено голема посетеност на граѓани. Претседателот на Советот за координација на исламската пропаганда на покраината Техеран, Хоџатолеслам Сејед Мохсен Махмуди, објави дека церемонијата била планирана […]

Америка им нареди на своите службеници да го напуштат турскиот дел на Кипар


Вашингтон – Американскиот Стејт департмент им одобри на вработените во американската влада кои не се вклучени на вонредни задачи и на нивните семејства да го напуштат Кипар. Мерката е преземена поради војната во Иран и ограничената способност на американската амбасада да им обезбеди помош на Американците во подрачјето под турската управа на Кипар, објави NBC, […]

МНР преку тендер бара чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека е почнала постапка за јавна набавка за организација на чартер летови за евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во погодените области на Блискиот Исток. За оваа намена предвидени се 60 милиони денари обезбедени од буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. – Имајќи […]

Силите на НАТО пресретнале иранска ракета насочена кон Турција


Анкара – Балистичка ракета лансирана од Иран насочена кон турскиот воздушен простор е пресретната од силите на НАТО, соопшти денеска Министерството за одбрана на Турција. Како што се наведува, балистичката муниција истрелана од Иран е неутрализирана со помош на противвоздушната и ракетната одбрана на НАТО распоредена во Источниот Медитеран, пренесува Анадолија. Остатоците од пресретнувачката ракета […]

На демократите во Тексас им се наредија коцките


  Се предвидува дека Џемс Таларико ќе ја победи конгресменката Џасмин Крокет на внимателно следените демократски прелиминарни избори за Сенат во Тексас, според Decision Desk HQ. Ѕвездата во подем сега ја претставува најголемата надеж на демократите за победа во црвената држава, каде што демократите не победиле низ целата држава уште од 1988. Таларико, презвитеријански семинарист […]

Париз беше домаќин на својата „Мет Гала“ во Лувр (фото)


Париз – На отворањето на Неделата на модата во Париз, синоќа, речиси 300 гости се собраа не за ревија на писта, туку за раскошна вечера за втората годишна Le Grand Dîner du Louvre. „Мислам дека веќе е успех кога можете да ги имате сите модни куќи заедно во иста просторија, што е тешко“, рече Симон […]

Дурмиши: Десетпати повисоки казни за трговците ако продолжат да не го почитуваат законот


Вредноста на казните предвидени со Законот за забрана на нефер трговските практики ќе се зголеми десеткратно ако трговците продлжат да се однесуваат вака и не го почитуваат законот, врз основа на што Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) досега им изрече 30 казни на четири компании за картелско здружување и се чекаат одлуки од судот […]

Градежништвото главен двигател на ланскиот раст на БДП


Бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година порасна за 3.8 % во однос на истиот период од 2024 година. Стапката на раст на БДП во 2025, пак, во однос на 2024 година е 3.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од […]

Вицегувернерката Митреска: Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност


„Народната банка внимателно ги следи сите поместувања поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да реагира со соодветни инструменти доколку се појават поизразени и подолготрајни ефекти врз домашната економија“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во интервју за ТВ „Телма“. „Засега, најверојатните сценарија се умерени, со оцени за побрзо смирување на воените операции, ограничени ефекти […]