Трамп во почетокот на април ќе отпатува во Пекинг на средба со Си, пишува „Политико“


 Претседателот на САД Доналд Трамп, планира во првата недела од април да отпатува во Пекинг на самит со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави американски „Политико“ повикувајќи се на три лица запознаени со плановите. Трамп се обврза да ја посети Кина во април по средбата со Си во Јужна Кореја минатата есен, но Белата куќа досега […]

Сите очи се вперени во Минхен: Европа стравува од новиот светски поредок на Трамп


Помина една година откако потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, одржа говор на Минхенската безбедносна конференција, критикувајќи ја Европа за миграциските политики и слободата на говорот, тврдејќи дека најголемата закана за континентот доаѓа одвнатре, пишува Би-Би-Си. Публиката изгледаше изненадена. Во меѓувреме, Белата куќа на Трамп нагло го преврте светскиот поредок. Сојузниците и противниците беа казнети со […]

Врвниот виолинист Даниел Роуланд и 30 млади европски музичари со концерт во Филхармонија


Февруарската концертна серија на Институтот FAME’S ќе биде отворена на 10 февруари во Камерната сала на Македонската филхармонија со концертот „Од студио до сцена“, под уметничко водство на реномираниот холандско-британски виолинист Даниел Роуланд. Концертот претставува кулминација на истоимената едукативна програма, во која учествуваат 30 внимателно селектирани млади музичари од Европа. Проектот „Од студио до сцена“ е […]

Момче рането во пукање во средно училиште во Мериленд, напаѓачот уапсен


Официјални лица од американската сојузна држава Мериленд соопштија дека вчера попладне по локално време имало пукање во средно училиште и дека е потврдено дека едно момче е рането. Полициската управа на округот Монтгомери соопшти дека средното училиште „Томас С. Вутон“ останува во блокада додека дополнителни полицајци се собираат на местото на настанот. „Полицијата на округот […]

Стан во Центар од 83 квадрати продаден за 246.000 евра, најмногу продадени станови има во Аеродром


Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување […]

ЗОИ 2026: Анархистите ја преземаа одговорноста за саботажата на денот на отворањето


Анархистите ја преземаат одговорноста за саботажата на железницата во Италија на денот на отворањето на Зимските олимписки игри во 2026 година, според блог пост на протестното движење. Претходно, се појавија извештаи за неколку оштетени железнички пруги и инфраструктура во областа Болоња еден ден по отворањето на Игрите. Доцнењата на линиите траеја два до три часа, […]

Лејкерси загубија од Оклахома, Џејмс запиша дабл-дабл


 Лос Анџелес Лејкерс утринава загуби од Оклахома сити дома во натпревар од НБА-лигата со 119:110. Ветеранот на Лејкерс, Леброн Џејмс, запиша дабл-дабл со 22 поени и 10 асистенции. Лејкерси (32 победи и 20 порази) се петти во Западната конференција на НБА-лигата. Нивната серија од три победи заврши.  Оклахома Сити (41-13) останува лидер во Западната конференција. […]

САД се повлекуваат од две важни команди во НАТО, ги преземаат европски генерали


САД ќе предадат две исклучително високи командни места во НАТО – во Неапол, Италија и Норфолк, Вирџинија – на европски офицери, изјави вчера  воен извор за британските медиуми. Одлуката е во согласност со барањата на американскиот претседател Доналд Трамп европските нации да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност. Неговата администрација сака НАТО, долго доминиран од […]

Денес ќе се знаат добитниците на годишните награди на ДПМ


Денес, 10.2.2026 г., во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија на прес-конференција ќе бидат објавени добитниците на петте традиционални годишни награди на ДПМ за 2025 г. На конференцијата за печат ќе присуствуваат и претседател(к)ите на петте жири-комисии.   Во петок, 13.2.2026 г., во 12 часот во ДПМ ќе се одржи свеченото доделување на […]

Британската кралска палата ќе соработува со полицијата за врската меѓу Ендрју и Епстин


Британската кралска палата е подготвена да ѝ помогне на полицијата доколку биде контактирана за врските на поранешниот принц Ендрју со покојниот американски финансиер и сексуален престапник Џефри Епстин, изјави портпаролот на палатата. Кралот Чарлс јасно ја искажа својата „длабока загриженост“ за обвинувањата што продолжуваат да се појавуваат за однесувањето на неговиот брат Ендрју, изјави портпаролот […]

Британскиот премиер вели дека нема да „се повлече“ и покрај повиците за оставка


Британскиот премиер Кир Стармер им порача на пратениците од Лабуристичката партија дека „победил во секоја борба во која некогаш учествувал“, ветувајќи дека нема да „се повлече“ и покрај повиците да поднесе оставка. Премиерот се обрати на преполниот состанок на Парламентарната лабуристичка партија (ПЛП) во Вестминстер, по повикот на лидерот на шкотските лабуристи, Анас Сарвар, тој […]

Собранието под блокада: ССМ бара пратениците да изгласаат повисока минимална плата и пониски функционерски плати


Сојузот на синдикати на Македонија најави дека денеска во 9 ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што велат од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата. Ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието.  Од ССМ велат дека со блокадата ќе […]

Собранието ќе ја одржи 84.седница


Собранието денеска ќе ја одржи 84.седница, на чиј дневен ред се шест точки. На дневен ред се Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на […]

Гувернерот на Банката на Франција поднесе оставка, Макрон ќе избере наследник


Гувернерот на Банката на Франција , Франсоа Вилерој де Гало, неочекувано ја објави својата предвремена оставка, која стапува на сила во јуни оваа година. Аналитичарите веруваат дека времето е внимателно пресметан потег за да се обезбеди идното раководство на институцијата, објавува Euronews. Неговото неочекувано заминување доаѓа околу 18 месеци пред истекот на неговиот втор мандат […]

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“


 Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, ќе се одржи денеска на Филозофскиот факултет во Скопје. – И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има цел да отвори јавна, аргументирана и научна […]

Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, […]

Магла има на планинските премини Плетвар , Ѓавато и планинскиот превој Крушево, снег со слаб интензитет на патот Крива Паланка – Деве Баир


 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (с.Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради […]

Во Франција почна најголема воена вежба од завршувањето на Студената војна


Во Франција вчера почна тримесечна воена вежба. Вежбата „Орион 26“ ќе трае до 30 април, а симулира како една измислена држава се обидува да дестабилизира друга земја со цел да го попречи нејзиното членство во Европска Унија. Во воената вежба учествуваат 12.500 војници, 25 воени бродови, меѓу кои и носачот на авиони „Шарл де Гол“, […]

„КБ Инвест“ АД Скопје нов спонзор на ГФК „Осогово“ од Кочани


 Најголемото признание за потенцијалот на тимот, како  и предана работа на стручниот штаб и управата, доаѓа кога некој што има беспрекорна репутација во областа на финансииите, ќе ве препознае и ќе ви подаде рака. Ова стои во денеска објавеното  соопштението на управата на кочанските „жолто-сини“, со кое се информира дека КБ Инвест АД Скопје станува […]

На првата седница на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ избрани претседатели на партиски комисии


На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. -Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот […]