Се наполни Охридското Езеро – нивото 16 сантиметри над февруарскиот просек


Нивото на водата на Охридското Езеро денеска се наоѓа на 693,55 метри надморска височина. Тоа е за 16 сантиметри над просекот за февруари утврден на котата од 693,39 метри надморска височина. За релативно високиот водостој во езерото придонесоа продолжените интензивни и обилни врнежи од дожд и снег изминатиот период,  што ја подобрија севкупната хидролошка ситуација […]

(Фото) Неверојатна трансформација на новиот министер во владата на Пленковиќ


Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ во понеделникот потврди дека министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика Марин Пилетиќ ја напушта владата, а ќе биде заменет од директорот на Клиничката болница во Риека, Ален Ружиќ. Можеби еден од поинтересните детали од биографијата на Ружиќ е неговата борба против дебелината. Имено, Ружиќ успеал да ослабе […]

Британскиот музеј собра четири милиони евра за привезокот на Хенри VIII


Лондон- Британскиот музеј успешно купи златен привезок во облик на срце поврзан со Хенри VIII од династијата Тјудор и неговата прва сопруга Катерина Арагонска, откако собра четири милиони евра преку јавни донации и средства. Артефакт од 16 век, откриен во 2019 година во Ворикшир, сега ќе биде во јавна колекција, објавува Скај њуз. Повеќе од […]

Вон заработи богатство за 12 секунди на Олимписките игри


Милано Кортина – Линдзи Вон (41), една од најдобрите скијачки на сите времиња, доживеа сериозен пад и сложена фрактура на ногата по само 12 секунди од трката по спуст на Олимписките игри во Кортина д’Ампецо. По падот, проследен со вресок од болка, Вон беше префрлена со хеликоптер во болница, каде што беше оперирана. Со тоа […]

 „Носорози“ од Јонеско – Албански театар и Францускиот институт со премиера на 12 февруари


Албанскиот театар – Скопје, во соработка со Францускиот институт во Скопје, имаaт чест да ве известат и поканат на театарската претстава „Носорози“ од Ежен Јонеско, која ќе се одржи во четврток, 12 февруари 2026 година, во 20 часот, во Албанскиот театар – Скопје. „Носорози“ е едно од најзначајните дела на театарот на апсурдот и моќна алегорија за искушението на конформизмот. Оваа нова продукција на […]

Џоли во светот на модата – премиера на „Couture“ во Париз


Париз – Анџелина Џоли привлече внимание на премиерата во Париз на нејзиниот нов филм „Кутур“, (Couture) појавувајќи се во гламурозна, полупроѕирна тоалета. Добитничката на Оскар зачекори на црвениот тепих во сребрена креација на Живанши која откриваше кожа меѓу слоевите лушпи. Фустанот имаше асиметричен раб и монистрасти реси по должината на ракавите и здолништето. Актерката го […]

„Бакнеж во Париз“- традиционален концерт на Филхармонија по повод Денот на вљубените и виното


Македонска филхармонија в четврток во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените и виното, насловен „Бакнеж во Париз“ на кој ќе биде изведена француска музика. Како солисти ќе настапат Фелисиен Брут, хармоника и Ексел Сан Сирел, мецосопран од Франција, а диригент е Тимоти Редмонд.   „Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често […]

Од 2010 година не е ажурирана листата за забранети супстанци во козметичките производи


Листата за забранети супстанци во козметичките производи донесена во 2010 година не е ажурирана ниту еднаш, што не ја следи праксата на ЕУ каде оваа листа повеќекратно е ажурирана во истиот период. Поради тоа постои ризик да се стават во промет производи кои содржат супстанци за кои на територија на ЕУ е утврдено дека се […]

„Една љубов, безброј подароци“ – четиридневен „Сити базар“ во Скопје Сити мол


Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува […]

Тејлор Свифт со спотот „Opalite“ го урна рекордот на „Спотифај“ за само 24 часа


Лос Анџелес – Тејлор Свифт го објави музичкиот видеоспот за песната „Opalite“ (Опалит), од нејзиниот нов албум „The Life of a Showgirl“ (Животот на шоудевојката). Видеото е ексклузивно објавено на „Епл мјузик“ (Apple Music) и „Спотифај“ (Spotify), само два дена пред „Супербоул“ финалето, додавајќи доза на еуфорија од поп-културата пред големиот натпревар.  Во видеоспотот се појавуваат и повеќе холивудски […]

Александар Поповски со мариборскиот „Амадеус“ гостува во МНТ – ретко театарско уживање


На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски.  Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и романописец, добитник на многубројни престижни награди. Најпознатата драма на […]

Распишан конкурсот за „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО за 2026 година


 Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО денеска го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ за 2026, која се доделува за најдобра дебитантска книга од млад автор. Како што соопшти СВП, конкурсот ќе трае до 5 март 2026 година, а право на учество имаат дебитантски книги на млади поети […]

Дејан Пројковски доби награда за режија на 11. ИТФ во Истанбул


 Режисерот Дејан Пројковски е добитник на меѓународната награда за режија на 11. Интернационален театарски фестивал во Истанбул. Како што објави Министерството за култура и туризам на Фејсбук, Пројковски вторпат добива награда на овој фестивал откако беше награден и пред две години, на неговото деветто издание. -Тоа сведочи за континуитетот на авторската визија, уметничката зрелост и […]

Таравари нуди нов договор меѓу Македонците и Албанците – фискална конфедерација!


Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во интервју за поткастот на Коха „Rashtazi“ најави дека наскоро ќе излезе со предлог за нов договор меѓу Македонците и Албанците во земјата, кој  го опиша како фискална конфедерација или федерација.  „Наскоро ќе го промовираме нашиот нов договор за односите меѓу двата етникума што живеат во Македонија.Главниот столб […]

Македонски филмски автори нa филмот „Motherwitch“/ „Мајка вештерка“ на светска премиера во Ротердам


Филмот „Motherwitch“/ „Мајка вештерка“ во режија на Минос Папас, копродукција меѓу Кипар, Северна Македонија и САД ( Константинос Никифору, Минос Папас, Дарко Попов/ Caretta Films, Cyprian Films New York, Focus Pocus Films) беше прикажан во официјалната селекција на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. По проекцијата која се одржа во реномираната сала „Синерама 1“ во центарот на […]

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање


Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. […]

Приватните превозници бараат посебен третман од „Безбеден град“ – автобусите се долги, ги „фаќа“ црвено


Приватните превозници во Скопје реагираат дека системот „Безбеден град“ неправедно ги санкционира автобусите. Според нив, не се зема предвид спецификата на сообраќајот на градските линии. Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, објаснува дека проблемот се јавува особено на раскрсници со трепкаво зелено светло. „Ова може да предизвика сериозни последици во јавниот превоз, бидејќи немаат доволен […]

Долговите на сите општини достигнаа скоро 100.000.000 евра 


 Само за три месеци, или на крајот од декември лани, во споредба со септември, вкупниот доспеан а неплатен долг на сите општини во државата, вклучувајќи го и Град Скопје, се зголеми за повеќе од 22.000.000 евра,  надминувајќи  90.400.000 евра. Дел од општините на квартално ниво пријавиле значаен пораст на доспеаните, а неплатени обврски.  Порталб ги рангира […]

На Попова Шапка 64 сантиметри снег


На Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени -2 степени целзиусови, а снежната покривка изнесува 64 сантиметри. Во Берово и Mаврови Анови 0 степени, 1 во Крива Паланка, Kрушево и Лазарополе, 3 во Претор и Виница, 4 во Охрид, 5 во Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и […]

Трамп се закани дека ќе го блокира новиот мост меѓу САД и Канада поради трговски спорови


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го блокира отворањето на новиот мост што ги поврзува САД и Канада, наведувајќи го како причина недостигот на „праведност и почит“ од страна на канадската влада во услови на тековните трговски тензии. – Нема да дозволам овој мост да се отвори додека САД не бидат целосно обесштетени […]