Пронајдени коски слични на човечки и облека во скопското место викано Сулејманови ливади


 Пронајдени биле коски слични на човечки и облека во скопското место викано Сулејманови ливади, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 16:49 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека на место викано „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина […]

Почна реконструкцијата на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир


Улицата „лазо трповски3 во скопски Чаир, од денеска се реконстроира, со цел таа да стане безбедна и за возачите и за велосипедистите, но и за пешаците. Во овој дел од градот гравитираат околу 100.000 луѓе кои заслужуваат подобра инфраструктура.  Денеска, градоначалнивите на Град Скопје и на Општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити, го означија […]

Град Скопје бара надлежност над Калето за да ги средат и скривниците


Град Скопје поднел барање до Владата за да го преземе владеењето со скопското Кале, соопшти денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со овој простор, вклучително и депониите под тврдината, а особено во врска со лошата состојбата на скривниците, кои се нефункционални и комплетно запуштени. Ѓорѓиевски посочи дека поголемиот дел од просторот […]

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата во Антикорупциска


  Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесе оставка од функцијата. Во објаснувањето стои дека оставката ја поднесува поради јавните полемики и сомнежи околу нејзината работа во ова тело. „По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во прска со мојата работа во Државната комисија […]

Фиктивни управители на 380 компании во Грција направиле долг од 43 милиони евра


Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле добро организирана мрежа со карактеристики на криминална организација што користела 205 лица, во главно странски државјани, како фиктивни управители и одговорни лица на 380 компании, со направени долгови од 43 милиони евра, а уапсени се 11 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од […]

Жерновски: Изборот на советник на премиерот за уставен судија е сигнал за политичко потчинување


Екс амбасадорот Андреј Жерновски реагира на информацијата дека советник на премиерот е избран за нов уставен судија во време кога се прави судска реформа наводно за да се обезбеди независноста на правосудството.   „Одлуката на премиерот Мицкоски да предложи свој советник за уставен судија не е административен потег. Тоа е политички сигнал. И сигналот е […]

Македонец во Белград добил отказ, па со шише бензин ја запалил пицеријата


  Полицајците на Вождовац, во близина на Белград, уапсија државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел, а потоа снимките од пожарот ги испраќал на сопствениците, објви Информер.рс. Полицијата го уапсила С. Г., кој се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста. […]

Нов студен бран ќе ја окова Европа: Најмногу снег од почетокот на зимата


Европа ќе биде погодена од значителна промена на времето во наредните денови. Метеоролозите очекуваат обилни врнежи од дожд кои можат да предизвикаат локални поплави на запад, додека планините ќе бидат покриени со екстремно голема количина снег. Најлоша ситуација се очекува во Алпите, каде што до крајот на неделата може да наврнат повеќе од два метра […]

Златници од Комерцијална банка за паметна инвестиција и подарок што станува наследство


Подарок златник носи многу повеќе од вредност – носи и порака и грижа за иднината. Јубилејните златници во понудата на Комерцијална банка се токму со идеја да бидат сигурна и долгорочна инвестиција преку внимателно избран подарок и како вредно наследство што останува. Во време кога е важно да се носат промислени финансиски одлуки, златото останува […]

Левица: Владата ги скратила земјоделските субвенции за 40 милиони евра


Левица ги повикува граѓаните да ги преземат работите „во свои раце“ откако Владата донела одлука да ги намали субнециите за земјоделството за речиси една третина, и тоа во време кога е регистриран нрекорден увоз на храна во државата.   „Со усвојувањето на новата програма за унапредување и поддршка на македонскиот аграр од страна на Владата, […]

Мицкоски во Минхен со менаџментот на „Лидл“ и „Кауфланд“


Премеиерот Христијан Мицкоски во рамки на денешната посета во Минхен оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“. „Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја“, рече Мицкоски. „Ги отвораме вратите за домашните […]

Обвинителството отвори предмет за енормното загадување на водата за пиење во Струга


  Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. „Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната […]

Инспекциска акција во Центар, нема толеранција за диви депонии и небезбедни напуштени објекти


Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ „Буњаковец“. На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот […]

Новиот Закон за ДДВ ги заглави пратките од странство на Царина, „Пошта“најавува забрзување на царинските формалности


„Пошта на Северна Македонија“ информира дека работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките откога дојде до забавување при обработката и царинските прегледи поради новите обврски со измените на Законот за данокот на додадената вредност (ДДВ). Со измените на Законот за ДДВ, што стапија во сила на 18 декември лани, […]

Леброн Џејмс го оствари 123.тиот „трипл дабл“ во кариерата


Легендата на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс на ноќешниот дуел на неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс против Далас го оствари 123.тиот „трипл-дабл“ во кариерата. Тој натпреварот го заврши со 28 поени, 10 скокови и 12 асистенции. Леброн повеќе од една година немаше „трипл дабл“, последниот му беше на 1.февруари 2025 година.  Џејмс учинокот го постви […]

Италијански град прогласен за најгостопримлив во светот


Фотографиите од патувањата честопати прикажуваат прекрасни плажи и архитектонски чуда, но спомените што траат најдолго се обично оние на луѓето што ги среќаваме по патот. Препораките од пријателите и семејството честопати ја истакнуваат љубезноста на локалното население, што е важен критериум при изборот на дестинација, особено во време кога протестите против масовниот туризам стануваат сè […]

Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смеат да јаваат магариња на Санторини


Туристите на грчкиот остров Санторини со години јаваат магариња од старото пристаниште до градот Фира, кој се наоѓа на врвот на карпата. Сепак, поради екстремно стрмната рута со камени скали, големиот метеж и зголемените предупредувања од организациите за заштита на животните, локалните власти воведоа построги правила. Сега, секој што сака да јава магаре не смее […]

Мајкл Даглас пишува мемоари: „Време е да ја раскажам мојата приказна“


Мајкл Даглас пишува „сурова, возбудлива“ книга за својот живот и работа. Оскаровецот објави на Инстаграм дека соработува со новинарот Мајк Флеминг Џуниор на мемоарите. „Има многу да се каже, пред да заборавам, но се сеќавам на многу“, изјави тој пред камерата. „Затоа, се надевам дека сите ќе уживаат и ќе ви дадат малку увид во […]

Проценка на Минхенската конференција: Светот влезе во период на уништување и осиромашување


  Светот влезе во период на политика на уништување, е насловот на главната анализа изработена од експертите на Минхенската конференција, која започнува денес во Германија, на која нема да учествуваат највисоките претставници на САД, бидејќи добија порака дека не се добродојдени. Проценките во анализата покажуваат длабоко дезориентиран свет кој оди кон кризи – и безбедносни, […]

Бурата Нилс продолжува во Франција – 450.000 домови уште без струја


Околу 450.000 домови се уште без електрична енергија во Франција утрово, по бурата Нилс, која помина низ југозападниот дел од земјата, предизвикувајќи поплави и убивајќи две лица, објавува Фигаро. „Електричната енергија е вратена на 50 проценти од 900.000 клиенти кои беа без електрична енергија. Најпогодени региони се Нова Аквитанија со 292.000 домови и Окситанија со […]