Силен говор на Мерц во Минхен: „Европа се врати од својот одмор од историјата“


  Минхенската безбедносна конференција денеска почна со многу силен говор на германскиот канцелар Фридрих Мерц кој повика на задржување на трансатлантското сојузништво и преземање на Европа на многу посамостојна и поодговорна улога. Тој рече дека „досегашниот светски поредок веќе не постои“ и „Европа штотуку се врати од одмор од историјата“. Мерц го започна говорот со […]

Жена од Тетово се водела за почината додека не се породила


Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово пријавиле сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, информираат од СВР Тетово. Според информациите, на 12 февруари 2026 година во 13:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 21 јануари 2026 година во Центарот пристигнало известување од Управа за водење матични книги, во кое се наведува […]

Од денеска може да ги валидирате знаењето и вештините во еден од седумте регионални центри


Покрај функционирањето како образовни установи за задолжително средно образование, сите седум регионални центри за стручно образование и обука од денеска може и да ги валидираат знаењата и вештините на повозрасната популација стекнати преку неформално и искуствено учење, соопшти Министерството за образование и наука.  МОН информира дека 19 советници за неформално образование и искуствено учење и […]

Штом се исчисти една депонија – никнува друга! Охрид на мака


Охрид, но и останатите општини во земјата генерално се соочуваат со проблемот на појавата на дивите депонии со комунален отпад односно т.н. сметишта. Начинот како да се ублажат последиците од појавата на такви депонии и тоа преку дискусии на претставници на институции задолжени за односната тематика, беше темата на јавната панел-дискусија одржана денеска во Охрид. […]

„Не сакам да ве изгубам“, им вели германскиот канцелар Мерц на земјите кандидати за ЕУ


  Германскиот канцелар Фридрих Мерц по неговиот силен говор на Минхенската безбедносна конференција се вклучи во дискусија за перспективите за проширување на ЕУ, откако претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, му постави прашање во таа насока. Тој призна дека „се чувствува сè понепријатно“ поради неможноста на ЕУ да постигне значаен напредок во процесот на пристапување. […]

Ќорвезироска, Цветкоски, Шелева, Корнети и Селмани ги примија годишните награди на ДПМ за 2025


Годинашните лауреати Ќорвезироска, Цветкоски, Шелева, Корнети и Селмани денеска ги примија годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) – „Стале Попов“, „Ацо Шопов“, „Димитар Митрев“, „Ванчо Николески“ и „Мост“ за 2025. Со врачувањето на наградите беа одбележани и 79 години од основањето на писателската асоцијација.  На конкурсот на ДПМ за петте годишни награди […]

Демократите од САД ќе ја повикаат Европа да му се спротивстави на Трамп


Американските демократи ќе го искористат безбедносниот самит во Минхен овој викенд за да ги повикаат европските лидери да му се спротивстават на Доналд Трамп, додека континентот е поделен околу тоа како да го задржи непредвидливиот американски претседател на страна. Демократите на годишната конференција за безбедност во Минхен ќе ги вклучат некои од најгласните критичари на […]

Марта Кос: ЕУ не смее да добие „тројански коњ“ со проширувањето


  Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во Талин изјави дека Европската унија не смее да си дозволи да добие „тројански коњ“ во новиот процес на проширување, поради што таа предлага новите договори за пристапување да содржат посилни заштитни мерки кога станува збор за почитување на „фундаменталните принципи“, а Црна Гора би можела да биде првата […]

Мицкоски на средба со раководството на 4IG, пакет од 100 милиони евра инвестиции во телефонијата, вештачката интелигенција и енергетиката


Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари средба со раководството на 4IG. Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за пакет од 100 милиони евра инвестиции во неколку сфери во земјата. – Во Минхен остварив средба со раководството на 4IG. Разговаравме за пакет од 100 милиони евра инвестиции, освен […]

Меџити ќе го следи Касами за обединување на „Вреди“


  Лидерот на Демократското движење и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, денеска изјави дека силно го поддржува потегот на претседателот на Беса, Билал Касами, за отпочнување процес на обединување на политичките субјекти во коалицијата „Вреди“. Меџити посочи дека во повеќе наврати сите лидери од коалицијата разговарале за можноста „Вреди“ да функционира како единствен политички субјект, […]

Од почетокот на месецот во Крива Паланка собрани над 300 вреќи разновиден отпад од јавни површини


 Во активностите за собирање на повремено акумулиран отпад и чистење на неуредени јавни површини спроведени од почетокот на месецот во Крива Паланка, собрани се над триста вреќи разновиден отпад, информира службата за комуникација со јавноста на општината. -Општина Крива Паланка во првата декада од месецов организираше и реализираше низа aктивности спроведени преку ангажирање лица од […]

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на Општина Чашка


 СВР Велес поднесе кривична пријава против едно лице од Чашка за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, кој додека бил градоначалник постапил спротивно на Законот за државните службеници и на 10 вработени во Општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи. – […]

Ричард Гренел во немилост во Белата куќа. Вучиќ колатерална штета


  Британскиот таблоид „Дејли меил“ објави детален текст за политичкиот „пад“ на Ричард Гренел, кој наводно се должи на неговиот конфликт со Сузи Вајлс, шефицата на кабинетот на Доналд Трамп. Според британскиот весник, српскиот претседател Александар Вучиќ бил колатерална штета во „дворските игри“ на блиските соработници на Трамп. И македонската владејачка структура се фали со […]

Лига на нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома со Словенија


Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации. Македонските фудбалери дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отворат на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија. Првиот натпревар во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26.септември на арената „Тодор Проески“, a почетокот е закажан за 20 […]

Министерот Сали побара продолжување на транзицискиот период за приспособување на јаглеродната граница


Министерот за европски прашања Беким Сали учествуваше на министерски онлајн-состанок посветен на механизмот за приспоосбување на јаглеродната граница (CBAM) организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за овој механизам, кој стапи во сила од 1 јануари годинава.  Сали, како што соопшти Министерството за европски прашања, ја истакна посветеноста на […]

Левица бара да се ревидираат предметите за директорот на АНБ, Бојан Христовски


Левица реагира на оставката на членот на ДКСК, Цвета Ристовска, пораќивајќи дека не се работи за личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните и клиентелистички врски што ја компромитираа Антикорупциската комисија. -Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже. По оставката на Ристовска бараме да се […]

Јакимовски за Мицкоски: „Човекот има патолошка потреба да лаже“


  „Не можам да се изначудам зошто овој човек има толкава патолошка потреба да лаже?“ Така напиша поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, околу посетата на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование, Весна Јаневска, и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, во Oсновното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае каде се работи на […]

Во пораст колонијата корморани на Голем Град во Преспанското Езеро


Популацијата на големиот корморан (Phalacrocorax carbo) во регионот на Западен Палеарктик бележи различни регионални трендови, но е генерално стабилна и во пораст. Истото важи и за најголемата колонија на големиот корморан во Македонија, на островот Голем Град на Преспанското Езеро, каде што од 2010 до 2025 година гнездечката колонија флуктуира, но во нагорна линија.   […]

Девет лица уапсени за измама од 10 милиони евра со билети за Лувр


  Француската полиција, која истражува сомнителна шема за измама со билети во вредност од 10 милиони евра во музејот Лувр во Париз, приведе девет лица, вклучувајќи двајца членови на персоналот. „Врз основа на информациите што му се достапни на музејот, се сомневаме во постоење на мрежа што организира измама од големи размери“, изјави портпарол на […]

Инфлацијата во јануари била 3,2 отсто на годишно ниво, во однос на декември лани минус 0,7 проценти


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, изнесува – 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3,2 проценти. Цените на мало во јануари годинава, во […]