Lamia Proof донира водена заштита за погодените семејства во Кичево


Lamia Proof со итна теренска интервенција и 4,2 тони заштита за домовите погодени од поплавата во Кичево. По поплавите што доведоа до евакуација на над 200 лица и сериозни оштетувања на десетици домови, Lamia Proof излезе на терен со директна донација за итна водена заштита за погодените семејства. Во Кичево беа испорачани: •100 големи апсорбирачки […]

Љутков на светската премиера на дебитантскиот филм на Косара Митиќ на Берлинале


Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, ќе ја има својата светска премиера во рамките на 76. издание на Берлинале. Проекцијата ќе се одржи вечерва, 18.02.2026 година во Берлин, во Киното “Блумакс“ (Bluemax Theater) во 19 часот. Успехот со учеството во официјалната компетитивна програма „Перспективи“, е надополнет со фактот дека „17“ е првиот дебитантски македонски игран филм […]

Бугарија ќе одржи осми избори за пет години


Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата Илијана Јотова. Јотова минатата недела го назначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската национална банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори. Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во членката на ЕУ и […]

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите


Утре, во текот на ноќта, и в петок, под влијание на нов влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 литри на квадратен метар), а локално ќе има услови за појава на грмежи – […]

Познатата Надежда Михајлова ќе биде бугарски министер за надворешни работи


  Техничкиот премиер номиниран од претседателката, Андреј Ѓуров, денеска го објави составот владата која треба да ги организира предвремените избори во Бугарија. И потоа да управува со земјата до изборот на новиот кабинет. Ѓуров досега беше вицегувернер на централната банка. Најинтересната личност во новата влада, барем за македонските политички кругови, е Надежда Неински, порано Михајлова. […]

Трамп ќе го префарба Ер Форс Уан, додавајќи ја својата омилена боја


Вашингтон – Американските воздухопловни сили воведуваат нова шема на бои за својата флота за воздушен транспорт, вклучувајќи го и авионот од следната генерација „Ер Форс Уан“, кој ќе биде во златна боја покрај црвената, белата и темно сината, објави службата. Новиот дизајн ќе означи отстапување од сегашната бела и двобојна сина боја што датира од […]

Четири дански партии бараат укинување на законот за Куранот: „Тоа е капитулација“


Во декември 2023 година, данскиот парламент го усвои таканаречениот „Закон за Куранот“ со релативно тесно мнозинство (94-77), кој забранува несоодветно ракување со религиозни текстови од значење за признатите религиозни заедници. Четири опозициски партии сега покренаа иницијатива за укинување на законот. Иако се однесува и на Библијата, Тората и други религиозни книги, Законот за Куранот го […]

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска


Собранието, денеска, во рамките на 85. седница, ги констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, Марко Бислимоски, и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, Цвета Ристовска. По усвојувањето на дневниот ред, почнаа двочасовните опозициски прашања до премиерот […]

Сакате да живеете подолго? Експертите тврдат дека оваа едноставна навика може да спречи деменција


Одржувањето добра орална хигиена не е важно само за вашите заби, туку е и клучно за спречување на болести како деменција, сугерира ново истражување. Миењето на забите три пати на ден и редовните посети на стоматолог може да го намалат ризикот од развој на повеќе од 50 сериозни здравствени состојби, вклучувајќи деменција и артритис. Одамна […]

Брус Спрингстин ќе ја започне турнејата во 2026 година во Минеаполис „во одбрана на Америка“


Брус Спрингстин повторно тргнува на турнеја. „Шефот“ (The Boss, 76, и неговиот Истрит бенд (E Street Band) ја започнуваат својата турнеја „Земја на надежта и соништата“ (Land of Hope and Dreams tour) следниот месец, почнувајќи од Таргет центарот во Минеаполис. Спрингстин го започнува својот настап од 20 најавени концерти во Минеаполис само неколку недели по објавувањето […]

Словенија великодушнa во наградите за медалите: Еве колку ќе добијат Ника и Домен Превц


Словенија ги користи овие Зимски олимписки игри за да покаже колку ги цени своите спортисти. Добитниците на медали ќе добијат дарежливи парични награди, а Ника и Домен Превц се меѓу оние кои ќе имаат најголема корист. Словенечките спортисти и нивните тренери ќе добијат значителни бруто износи за индивидуални медали. Златниот медал носи 68.500 евра за […]

Што е СкиМо? Во четврток на ЗОИ почнува потполно нов спорт


Зимските олимписки игри добиваат сосема нов спорт – во четврток, скијачкото планинарење ќе влезе на олимписката сцена за прв пат во историјата, дисциплина која комбинира стрмни искачувања, брзи транзиции и спуштање кое ви дава адреналин за само неколку минути. Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ќе донесат историски вести бидејќи скијачкото планинарење, познато и […]

„Ќе помине и моќта“- промоција на роман од Ирена Јурчева во МКЦ


Вечерва, од 19 ч., во фоајето на МКЦ, ќе се одржи промоција на најновиот роман од Ирена Јурчева – „Ќе помине и моќта“. Покрај авторката, на промоцијата ќе зборуваат Виолета Танчева-Златева и Александар Маџаровски-Читачот. Романот „Ќе помине и моќта“ излезе од печат кон крајот на 2025 г.,во издание на „Паблишер“, и претставува досега најамбициозно и […]

Килијан Мaрфи и Кејт Хадсон меѓу презентерите на наградите БАФТА


Лондон – Филмските награди БАФТА за 2026 година открија голем број ѕвезди кои ќе излезат на сцената и ќе презентираат во недела, 22 февруари. Пејачкото трио од KPop Demon Hunters, EJAE, Одри Нуна и Реј Ами, претходно беа претставени како изведувачи на лондонската церемонија, нивниот прв настап во живо надвор од САД, а британската кантавторка […]

(Видео) Драматични снимки од Италија: Снег и мраз се пробија низ борови дрвја, закопувајќи ги преплашените скијачи


Моќна лавина се сруши по стрмна падина во близина на италијанскиот скијачки центар Курмајор во вторник, а драматични снимки од инцидентот се проширија на социјалните мрежи. Видеото е снимено од скијачи кои биле во близина во тој момент. Засега нема официјални информации за повредени. Снимките покажуваат голема маса снег и мраз како се спушта низ […]

Ова се цените за влезниците за концертот на „Дјуран Дјуран“ во Скопје


За концертот на големите „Duran Duran“ владее неверојатен интерес на ниво на оној за концертот на Sting во 2017 во истата сала (кој се распродаде за помалку од 24 часа). Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (19 февруари) во 10 часот наутро онлајн на avalonbookingg.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk , по следните […]

Ралповски, не штрајкуваш? За награда член на управен одбор


  Членството во управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е прилично одговорна работа. Годишно од таму се пренасочуваат неколку милијарди евра до пензионерите. За таа работа треба и познавање. Можеби претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски, има познавање за да биде дел од управниот орган на Фондот. А сигурно […]

„Рајанер“ намалува голем број летови низ Европа поради високи даноци, погодени и Босна и Србија


Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ објави откажување на голем број рути низ Европа за 2026 година, што ќе влијае на милиони патници во Шпанија, Франција, Германија и други земји. Одлуката за намалување на бројот на летови доаѓа по многу активна деловна година во 2025 година, во која компанијата ја прошири својата мрежа на летови од една страна, […]

„Војна на ѕвездите“ се враќа во кината по 7 години, нова ера за Лукасфилм


Дин Џарин, игран од Педро Паскал, се враќа со својот мал зелен придружник во новиот трејлер за новиот филм „Војна на ѕвездите“ – „Мандалоријанецот и Грогу“. Трејлерот објавен во вторник е полн со изненадувања, а најголемото доаѓа веднаш на почетокот, кога Дин Џарин бара информации од вонземјанин чиј озвучен глас го има Мартин Скорсезе. Големо […]

Ќе се воспостави директна авионска линија до Саудиска Арабија?


Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија.   Целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија. Би сакале да потенцираме дека досега меѓу двете држави, не се одржувал воздушен сообраќај.   Со […]