Микаела Шифрин го освои своето второ олимписко злато во слалом


Најдобрата скијачка во светот Микаела Шифрин го освои олимпиското злато на денешната трка во слалом во Кортина д’Ампецо. Шифрин беше водечка по првото возење и ја задржа предноста пред своите ривалки, а победи со предност од секунда и пол пред второпласираната швајцарска скијачка Камила Раст. Бронзениот медал го освои Швеѓанката Ана Свен Ларсон, а самиот […]

Историја на ЗОИ, Клебо прв со 10 златни медали


Норвешкиот скијач Јоханес Клебо стана првиот 10-кратен шампион во историјата на Зимските олимписки игри. Попладнево, 29-годишниот спортист, во тим со Ејнар Хедегарт, победи во тимскиот спринт крос-кантри. Ова злато беше петто за Клебо на Игрите во Милано, по победите во скиатлон, спринт, индивидуален хронометар и штафета.  Норвежанецот го изедначи достигнувањето на американскиот натпреварувач во брзо […]

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години


Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести и оти оваа година првпат ќе се прави набавка на лекови за овие пациенти за три години, поинаку од досега кога се набавувале само за една година.  – Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби […]

Кавадарци со реконструкција на колекторот ќе ја подобрува животната средина


Директорот на ЈП „Комуналец“, Гоце Ангеловски, денеска информираше дека во Кавадарци во тек е реконструкција на фекалниот колектор, со цел подобрување на функционирањето на на целиот колекторски систем и унапредување на животната средина. – Овој пат, се врши реконструкција на фекалниот колектор со дијаметар на цевки Ф-1000, со што дополнително се допринесе за непречено функционирање […]

Психоедукативна работилница за наставен кадар во Карпош


Во просториите на Општина Карпош денеска се одржа првата психоедукативна работилница, наменета за наставници и стручни соработници од општинските основни училишта. Иницијативата беше на д-р Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија, соопштија попладнево од локалната самоуправа. – Централна тема на работната сесија беше стручната и применлива интерактивна едукација, насочена кон психолошката стабилност на […]

Мицкоски не сака да им се наметнува на работодавачите и работниците за минималната плата


Можеме да помогнеме работодавачите и работниците да најдат компромис, но не можеме да наметнуваме, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски за барањата од синдикатите за зголемување на минималната плата на 600 евра.  Мицкоски во одговор на новинарско прашање истакна дека Владата го охрабрува бипартитниот дијалог повторувајќи дека минималната плата ќе се зголеми во согласност со законот.  […]

Димитровски: Вршиме притисок врз Брисел за промена на мерките за транспортерите, тие засегаат и земји членки на ЕУ


Во координација со сите земји кандидати за членство во Европската Унија од Западен Балкан веќе подолг период сме организирани да вршиме притисок во Брисел за да се променат мерките што ги засегаат транспортерите. Конечно, на 11 февруари беа изнесени 50-ина предлози, но сè уште нема разбирање од земјите членки, но тоа не значи дека работата […]

Владата си постави цел сивата економија од 28,9 отсто да ја намали на 26 проценти од БДП до крајот на 2027 година


Нашата политика е јасна – стабилни јавни финансии и заштитен животен стандард. Ќе продолжиме со дисциплина во приходите, со одговорност во трошењето и со чувствителност кон реалните потреби на граѓаните – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“. Борбата против сивата економија, посочи премиерот, […]

Тајани: Коридорот 8 е стратешки приоритет и на Италија за Западен Балкан


Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, на министерскиот состанок, што се одржува денеска во Тирана, порача дека Коридорот 8 е стратешки приоритет, дека не е само инфраструктурен проект, туку политички избор и дел од италијанската стратегија за приближување на Западен Балкан кон ЕУ. – Се согласувам со вас дека за Италијанците, Коридорот […]

Дурмиши го изедначи усогласувањето на минималната плата со зголемување


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши останува на ставот дека минималната плата ќе се зголеми во март кога ќе се изврши нејзино усогласување согласно утврдената методологија. Во одговор на пратеничко прашање за зголемување на минималната плата на 600 евра, Дурмиши ја обвини опозицијата дека прави политички маркетинг. – Нема потреба од политички маркетинг. Ние […]

„Ќе се повлечеме од купување нов авион и ќе се молиме да останеме живи“: Мицкоски се откажа


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе се повлече од намерата да купи нов воздухоплов и дека тоа прашање, кое го смета за беспредметно, ќе го остави за некоја идна влада. Тој го критикуваше политизирањето на ова прашање, велејќи дека освен за потребите на Владата, авионот би се користел и за хуманитарни цели. […]

Америка е на работ на војна со Иран. Може да почне многу брзо, пишува „Аксиос“


  Администрацијата на Трамп е поблиску до голема војна на Блискиот Исток отколку што повеќето Американци сфаќаат, а конфликтот би можел да започне многу наскоро, изјавија информирани извори за американскиот медиум „Аксиос“. Воената операција на САД во Иран веројатно би била масовна кампања што ќе трае со недели и би личела на вистинска војна повеќе […]

СДСМ: Со авионот Мицкоски ја расплака половина Македонија, ако падне СДСМ ќе биде крив!


  Христијан Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија, прокоментираа од СДСМ на изјавата на премиерот дека се откажува од купување на владин авион, па ако паднат зошто постојниот е стар, граѓаните да знаат од која причина се случило тоа.  „Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично […]

Лагард наводно пред време ќе замине од функцијата претседателка на ЕЦБ


Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на неименуван извор објави дека претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард подготвена е пред време да ја напушти функцијата. Според весникот, таа ќе се повлече пред француските претседателски избори, што се закажани во април 2027 година. Нејзиниот осумгодишен мандат истекува во октомври 2027 година. Одлуката за нејзиното […]

ЗХГ бара јавна презентација за луна паркот – ако се предимензионира ќе штети на живиот свет


Јавна презентација на планот за изградба на Луна паркот во Скопје, бара Зелен хуман град, затоа што тврдат дека доколку се предимензионира, со сите пропратни елементи, паркинг, механичка бучава, сообраќај, би довел до нарушување на животната средина за живиот свет во Градскиот парк. – Од моментот кога се почнати првите активности за обнова на Луна […]

Мицкоски очекува инфлацијата годинава да биде под три проценти


Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфалцијата во наредните месеци да биде под 3 проценти, а таков износ очекува и за годишната инфлација, како што изјави денеска, во рамките на проекциите. – Во делот на храната минатата година имаше божикна, јануарска кошничка и така ќе биде и во април. Ценам дека ќе се движиме во рамките на […]

Владата конечно ќе праќа амбасадори, по една година ќе имаме и амбасадор во НАТО!


  Испразенетите амбасади на Македонија во странство конечно почнаа да се пополнуваат, две години откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. Иако спектакуларно беше донесена одлука да се вратат предвреме десет амбасадори, од кои повеќето беа професионалци со големо искуство и добра репутација во МНР, многу од повлечените останаа и натаму во амбасадите, но на пониско ниво, […]

Мицкоски ја испофали министерката за финансии Димитриеска


  Премиерот не штедеше зборови за да ја испофали минитерката за финансии. Христијан Мицкоски со суперлативи зборуваше за Гордана Димитриеска-Кочоска за на некој начин да ги ортфли сомневањата може ли минитерката да се најде на списокот на реконструкција по неколку месеци. Во обраќање на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ Мицкоски […]

СДСМ уште чека одговори за патувањето на Мицкоски со државниот авион во Сплит


  Опозициската СДСМ и денеска побара одговор од премиерот Христијан Мицкоски да даде детали за неговото патување лани во август во Сплит, Хрватска, и да каже кои други патници биле во воздухопловот. „Сѐ уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него. Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз […]

(Галерија) ЗНМ одбележа 80 години постоење, ги додели годишните награди меѓу кои и за дописничката на „Независен“ од Битола, Анета Блажевска


  Со свечена академија во Операта Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) синоќа одбележа 80 години од постењето и при тоа ги додели годишните награди на новинарство. Годишната награда за истражувачко новинарство ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во […]