Невзат Бејта од Чегране најави изборна победа на 11 јануари


Во рамки на предизборните активности, кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар, Невзат Бејта оствари повеќе средби со жителите на населените места на источниот дел од општината. Кандидатот кој е поддржан од Коалицијата Вреди во селото Чегране од кои слушна кои се нивните барања и очекувања од новата власт. – Кога раководев со општината ветив и […]

Забрана за автобуси на патот Тетово-Попова Шапка


Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), иформира АМСМ.  Претходно АМСМ соопшти дека изутрина во 5.15 часот е воведена забрана за камиони на патот Струга – ГП „Ќафасан“. Сообраќајот на државните […]

Вангел Ноневски, универзитетски професор по филозофија: Да почнувам сега, би склопил фестивал за промоција на терсене музика


Вангел Ноневски е роден 1977 година во Белград. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, кај што пронајде некаков извртен модус музиката да ја слуша и третира на поинаков начин. Досега има издадено три авторски книги и приредено еден зборник. Три години (2008-2011 година) пишувал колумни за неколку македонски […]

Екстремни горештини и пожари во Австралија. Температурите достигнаа 49 °C


Делови од Австралија се соочуваат со катастрофални услови за шумски пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од земјата. Во речиси сите австралиски држави и територии, освен во Квинсленд, на сила се предупредувања за сериозни до екстремни топлотни бранови, а се предвидуваат високи температури и за наредните денови, пишува Би-Би-Си. Во сојузната држава Викторија, […]

(Видео) Божиќно бебе во скопската Зоолошка градина


Празничната магија пристигна во скопската Зоолошка градина! На Божиќ, во ЗОО се роди мало јагне, кое веднаш ги освои срцата на вработените и посетителите. Од ЗОО информираат дека малечкото е здраво и полно со енергија, а мајката внимателно се грижи за него. Вработените истакнуваат дека ваквите „празнични бебиња“ секогаш носат посебна убавина и радост во […]

Конечно снег и на Маврово, најмногу на Попова Шапка – 31 см


Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -4 степени. Веднаш потоа е -3 степени во Куманово, -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Mаврови Анови, 0 степени има во Крива Паланка, Штип, Велес, Kрушево, 1 во Тетово, Охрид, Виница, 2 во Претор, Кавадарци, 3 во Демир Капија, 4 во Прилеп, Берово, 5 во Битола, Струмица […]

Астронаут на МВС има здравствени проблеми. НАСА: Може да се вратат порано


НАСА размислува за рано враќање на екипажот од Меѓународната вселенска станица (МВС) поради здравствен проблем на еден астронаут, неколку часа откако планираната вселенска прошетка беше откажана за денес, соопшти агенцијата. Портпаролката на НАСА изјави дека астронаутот, чиј идентитет не го откри, е во стабилна состојба на орбиталната лабораторија. Природата на здравствениот проблем не беше откриена. […]

Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн


 Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Романката Сорана Кирстеа со 6:3 и 6:3 во натпреварот од третото коло на турнирот во Бризбејн. Мечот траеше 1 час и 20 минути.  Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 13 брејк топки. Нејзината противничка сервираше два аса, направи една двојна […]

Барселона прв финалист на шпанскиот Суперкуп


Барселона го победи Атлетик Билбао со 5:0 во првото полуфинале на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот се одржа синоќа во Џеда, Саудиска Арабија. Рафиња постигна два гола (38. и 52. минута), додека Феран Торес (22.), Фермин Лопез (30.) и Руни Барги (34.) по еднаш се запишаа во листата на стрелци. Во второто полуфинале ќе играат Реал Мадрид […]

Трамп сака за 50 отсто да го зголеми буџетот за одбрана во 2027 година


Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека буџетот за одбрана на САД „треба да биде 1,5 трилиони долари во 2027 година, а не еден трилион долари“, што е зголемување од 50 проценти „По долги и тешки преговори со сенатори, претставници, членови на кабинетот и други политички претставници, утврдив дека за доброто на нашата земја, особено […]

Полска е подготвена да прими германски војници за да се обезбеди примирје во Украина


Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски војници во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во Украина, изјави шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски. „Германските војници се стационирани во Полска со години како дел од разни мисии на НАТО“, рече Сикорски, заклучувајќи дека присуството на трупи на Бундесверот на полска територија […]

Излевања на реки, поплави, одрони, евакуирани 60 жители во Кичево … ЦУК по обилните вчерашни дождови


 Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи заклучно со 21 часот синоќа предизвикале излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, земјоделство земјиште, подруми, како и одрони и свлечишта на дел од патиштата. Од ЦУК велат дека ја следат состојбата и ги повикуваат граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, да ги […]

Истражување: Колку брзо луѓето се здебелуваат кога ќе престанат да земаат инјекции за слабеење


Нова студија открива загрижувачки несакан ефект од популарните инјекции за слабеење како што се Mounjar или Wegovy. Се чини дека луѓето кои престануваат да го земаат третманот ја враќаат изгубената тежина до четири пати побрзо од оние кои ослабеле преку класична диета и вежбање, пишува Би-Би-Си. Податоците објавени во British Medical Journal покажуваат дека дебелите […]

Околу 100 лица биле убиени во американскиот напад врз Венецуела


Венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабело доцна синоќа изјави дека околу 100 лица се убиени, а сличен број се повредени во американскиот напад во Каракас за време на викендот, чија цел беше апсењето на авторитарниот лидер Николас Мадуро, јави ДПА. Кабело ја опиша операцијата како „страшен напад“ и рече дека бројот на жртви може […]

САД излегуваат од глобалната соработка – се повлекоа од 66 меѓународни организации


  Администрацијата на Трамп ќе се повлече од десетици меѓународни организации, вклучувајќи ја агенцијата на ОН за население и договорот на ОН со кој се воспоставуваат меѓународни преговори за климата, додека САД дополнително се повлекуваат од глобалната соработка. Претседателот Доналд Трамп во средата потпиша извршна наредба со која се суспендира поддршката на САД за 66 […]

Што уништила АХВ минатата година: Шербет се продавал како мед, маслиново масло, јајца, колбаси…


Шербет што се продавал како мед, маслиново масло, минерална вода, пилешки стекови, јајца, колбаси, мелено месо и сладолед, се само дел од производите кои во 2025 година биле нештетно уништени поради утврдени неправилности. Како што вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов во разговор за МИА, од 01.01.2025 до 15.12.2025 се […]

Врнежи од снег на повеќе места, забрана за камиони на патот Струга- ГП „Ќафасан“


Поради врнежи од снег утрово во 05.15 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“. АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни  коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на […]

Кошта: Проширувањето на ЕУ кон Украина, Молдавија и Западниот Балкан е клучно за нејзино зајакнување ако геополитички играч


 Во овој мултиполарен свет, проширена Европска Унија значи посилна, побезбедна и помирна Европа и дома и во странство, па затоа следното проширување кон Украина, кон Молдавија и кон Западниот Балкан е клучно за зајакнување на нашата Унија како геополитички играч, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на свеченоста во Никозија па повод стартот на […]

Возниот парк во земјава стар 20 години, доминираат дизел возилата, само еден отсто се хибридни и електрични


Во последните десет години над 80% од увезените автомобили се половни, а годинава на еден нов автомобил доаѓаат 3,5 половни. Истовремено, бројот на регистрирани возила е дуплиран – од 350 илјади во 2012 на речиси 700 илјади во 2024, но и покрај тоа просечната старост е зголемена на 19,4 години, што значи дека на патиштата […]

Земјоделски протести во Белгија против Договорот со Меркосур


Во организација на неколку белгиски земјоделски здруженија за денеска се најавени протести на земјоделците во Белгија како резултат на незадоволство од Трговскиот договор со латиноамериканските држави од организацијата Меркосур. Фламанската Генерална унија на земјоделците (АБС) најави дека протестот на нејзините членови ќе започне во 11 часот со блокади со трактори на три значајни клучки на […]