Во Минесота протести откако е убиена жена која попречила конвој на имиграционите агенти


Агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) застрела и уби жена во нејзиниот автомобил во Минеаполис, по што избувнаа протести на населението поради убиството. Властите тврдат дека пукањето било во самоодбрана, но градоначалникот на градот го нарече „неодговорно“ и непотребно и побара Службата за имиграција да си оди од градот.  Инцидентот се случил […]

Дожд и снег на повисоките места, температурата од – 2 до 10 степени преку ден


Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, […]

7 јануари во историјата – Соборен е Пол Пот и Црвените Кмери во Камбоџа


  На 7 јануари 1979 година, виетнамските трупи го заземаат главниот град на Камбоџа, Пном Пен, соборувајќи го бруталниот режим на Пол Пот и неговите Црвени Кмери. Црвените Кмери, организирани од Пол Пот во камбоџанската џунгла во 1960-тите, се залагаа за радикална комунистичка револуција што ќе ги избрише западните влијанија во Камбоџа и ќе воспостави […]

Зошто е толку важен ‘рѓосаниот руски танкер кој САД го запленија во Атлантикот?


  Масивен, ‘рѓосан танкер за сурова нафта што плови на север низ Атлантикот стана центар на глобален интерес откако беше следен со денови и на крајот запленет од американските сили, откако руската војска се упати кон него. И покрај тоа што не носи нафта, бродот долг 300 метри е очигледно вреден. Теориите за тоа зошто […]

Поплави во Битола и околните села


  Вечерва по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплавување на улици низ градот битолската „Нискоградба“ и другите јавни претпријатија започнаа акција за санирање на состојбата. Најкритична е состојбата кај стариот „Прогрес“ кај каналот од реката Курделес кој се излеа, поради што отежнат е сообраќајот на улицата „Македонска фаланга“ (старата „Иво Лола Рибар“) до Железничката […]

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици 112, поради врнежи од дожд повторно има свлечиште на патот кон Бањиче, тетовско. – Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата. Општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата, наведуваат […]

(Видео) Еве како Американците влегоа и го презедоа танкерот од „флотата во сенка“


Јужната команда на САД (SOUTHCOM) објави снимка од пресретнувањето, влегувањето и запленувањето на танкерот за нафта M/T Sophia, кој пловел во меѓународни води во Карипското Море. Танкерот, за кој американската војска вели дека бил дел од таканаречената „флота во сенка“ бил вклучен во нелегални активности поврзани со санкционираната трговија со нафта. Операцијата ја спроведоа силите […]

Аморим пред можен трансфер во ривалски клуб


Досегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед Рубин Аморим е пред можен неверојатен трансфер. По отказот во Манчестер Јунајтед, можно е многу брзо повторно да седне на тренерската клупа. Имено, според британските медиуми Аморим е кандидат да биде тренер на Бенфика, доколку Жозе Мурињо биде отпуштен. Бенфика има заостанување од 10 бодови зад лидерот Порто. Потенцијалното седнување […]

Претседателството на БиХ даде согласност за испраќање војници во мировна мисија во Газа


Претседателството на Босна и Херцеговина, кое е Врховен командант на вооружените сили, даде принципиелна согласност за ангажирање припадници на вооружените сили во мисијата на Меѓународните сили за стабилизација на палестинската територија – Појасот Газа. „Министерот за одбрана на БиХ е задолжен да го спроведе процесот на номинирање на воен претставник на Босна и Херцеговина во […]

На Божик се роди Миха – првото новороденче во Кочани во 2026


Утрово,  7 јануари, во 2:45 часот, токму на големиот христијански празник Божик, на свет дојде првото новороденче во новата година во Кочани. Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари и ова е нејзина втора рожба, што ќе го носи името […]

Мицкоски ќе побара лидерска средба за укинување на техничката влада и консензус за реформските закони


Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во наредните седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос. Теми на средбата би биле консензус за реформските закони и укинување на техничката влада. – Планирам од утре да […]

Споменикот на Никола Тесла го напушта центарот на Загреб


Нa 83-годишнината од смртта на Никола Тесла, беа положени венци под статуата на познатиот научник, а претставникот на директорот на Институтот „Руѓер Бошковиќ“, Карољ Скала, изјави дека е постигнат договор со Градот Загреб за преместување на статуата пред институтот, каде што се наоѓа и статуата на Руѓер Бошковиќ. „Дофатот на Тесла во мислите, идеите и […]

Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на […]

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жителите од улицата „Прилепска“ во Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче


По обилните дождови во делови од земјата се пријавени поплави и одрони на патиштата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поплави се пријавени во Кичево, каде се евакуираат жители од повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“ и во Охрид, додека одрони има на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива […]

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека вонредни парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември. Тој за ТВ Информер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што нагласи, сакаат да се договорат. Студентите […]

Парамаунт повторно одбиен: Нетфликс го презема „Ејч-би-о“ и покрај „неморалната“ понуда од семејството Елисон


Менаџментот Warner Bros. Discovery (WBD) повторно го избра Netflix за свој префериран партнер, отфрлајќи ја ревидираната непријателска понуда за преземање од Paramount. Иако Paramount тврдеше дека ги решил клучните проблеми што го мачат менаџментот на WBD, менаџментот на гигантот, предводен од Дејвид Заслав, им кажа на акционерите дека понудата е сè уште „несоодветна“ и носи […]

Галатасарај се подготвува за трансфер од Премиер лигата


Турскиот великан Галатасарај според медиумите од Турција почнал преговори со играч од редовите на премиерлигашот Манчестер Сити. Станува збор за португалскиот репрезентативец Бернардо Силва. Искусниот фудбалер на крајот од сезоната му завршува договорот со „граѓаните“ што значи дека како слободен играч може да замине од клубот. Токму тој факт ги зголемува неговите шанси за трансфер […]

Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца


Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божикен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање. -Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и […]

САД запленија танкер со венецуелска нафта во Атлантикот регистриран како руски


 САД го  запленија танкерот поврзан со Венецуела по повеќедневна потера преку Атлантикот, нешто што може да ги разгори тензиите на САД со Русија, и тоа се случува откако танкерот, првично познат како Бела-1, помина низ американската поморска „блокада“ на танкери под санкции и ги одби обидите на американската крајбрежна стража да се качи на него. […]

Годишната инфлација во еврозоната прелиминарно се намали на два процента во декември


Годишната инфлација во Еврозоната за декември, според прелиминарните податоци, се намали од ноемвриските 2,1 на 2 проценти, соопшти денеска Евростат. Цените на услугите се зголемија за 3,4 проценти на годишно ниво, (од 3,5 проценти во ноември), а цените на енергијата се намалија со значително побрзо темпо, за 1,9 проценти на годишно ниво наспроти ноемврискиот пад […]