„Макстил“: Исклучително ниски вредности на емисиите на цврсти честички


Компанијата „Макстил“ во соопштение до медиумите посочува на пониски вредности за десетици пати од законски утврдените гранични вредности кои ги забележаа мерните станици на „Макстил“ во четвртиот квартал од 2025 година, што уште еднаш ја потврдува високата енергетска ефикасност на технолошките процеси и системи инсталирани во компанијата. Според редовниот мониторинг на емисиите, кој се спроведува […]

Исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка од 6,9 милиони евра, досега реализирани 224,3 милиони евра


Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка […]

Трамп има свое толкување за меѓународното право


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не му треба меѓународното право и дека неговите овластувања се ограничени само од неговата моралност.   „Единственото ограничување на мојата моќ како претседател на САД е мојот сопствен морал, мојот сопствен ум. Тоа е единственото нешто што може да ме запре. Не сакам да повредувам луѓе“, рече […]

Средното стручно образование сè попривлечно


Учениците се на зимски распуст и во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари за да ја продолжат наставата од второто полугодие во учебната 2025/2026 година. Овој месец се очекува да биде донесена Стратегијата за образование 2025-2030, а ќе претстојат и јавни расправи за пакет закони за високото образование и за наука откако ќе […]

Во американското Министерството за правда се формира нов оддел за борба против измами


 Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, објави формирање на нов оддел во Министерството за правда за справување со измами во земјата, вклучувајќи измами насочени кон програми на федералната влада, непрофитни организации и граѓани. Официјални лица од Белата куќа изјавија дека одделот ќе спроведува истраги, гонења и ќе спроведува мерки против измами, а помошникот на државниот […]

Славески оптимист: Инфлацијата ќе се намалува, јавните инвестиции ќе го поддржат економскиот раст


Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјата. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во […]

Државниот врв на традиционален прием кај поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г.г. Стефан денеска по повод неговиот именден традиционално во неговата резиденција ќе одржи прием за државниот врв. Како што информирираат од Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, на приемот се поканети претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски.  На приемот ќе […]

Венс: Смртта на жената од Минеаполис е „ трагедија која самата ја предизвикала“


 Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека инцидентот што се случи за време на интервенцијата на службениците на Службата за имиграција и царина (ICE) во која 37-годишна жителка на Минеаполис го загубила животот е резултат на „трагедија што самата ја предизвикала“. Тој ги обвини левицата, демократите и медиумите за, како што изјави, поттикнување насилство и […]

(Видео)  55 китови се насукаа во Нов Зеланд. Волонтерите се обидуваат да ги спасат


Шест китови угинаа по масовно насукување на оддалечена плажа на Јужниот Остров на Нов Зеланд, додека волонтерите се тркаат со времето за да ги спасат 15-те преживеани и да ги вратат во морето. Вкупно 55 китови се насукаа вчера во областа Фарвел Спит. Иако повеќето успеаја да се вратат во океанот, 15 од нив повторно […]

Јанчев: Се подготвува скијачката патека во Михајлово


Се подготвува ски – стазата Михајлово, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку објава на неговата официјална Фејсбук страница.  -Покрај слабите природни врнежи, во ски – центарот Михајлово започна процесот на производство на вештачки снег, со што официјално се интензивираат активностите за подготовка на ски – стазата за претстојната зимска сезона. Надлежните служби континуирано работат на […]

Трамп: Мачадо следната недела ќе дојде во Вашингтон


Кој ќе ја води Венецуела останува нејасно по последното интервју на американскиот претседател Доналд Трамп за ова прашање, дадено за Фокс њуз. Во текот на викендот, Трамп ја отфрли идејата за соработка со лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, бидејќи „таа нема поддршка и почит во својата земја“. Сепак, тој посочи за Фокс њуз […]

Најстудено утрово на Попова Шапка, -11 степени, во Скопје минус 8


Утрово најниска температура од -11 степени Целзиусово е измерена на Попова Шапка. Следат -9 во Куманово, -8 Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка, -7 Тетово, Демир Капија, Mаврови Анови, -6 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Kрушево, -5 Прилеп, -3 Гевгелија, Претор, -2 Охрид, Битола. Во изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд наврнал во […]

Што е всушност ИЦЕ, Агенцијата за имиграција и царина на САД и кога може да употреби сила?


Смртоносните истрели со огнено оружје врз 37-годишната Рене Никол Гуд во Минеаполис предизвикаа бран протести и ја стави американската Агенција за имиграција и царина (ICE) во центарот на вниманието на јавноста. Откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа, ИЦЕ изврши илјадници апсења, често на јавни места, што доведе до сè почести судири со локалните […]

Црвениот крст прибира помош за евакуираните во Кичево


Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во Кичевскиот регион. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението во Кичево. Евакуирани се околу 110 лица од загрозените подрачја. Црвениот крст на Македонија Општинската организација Кичево, во соработка со Општина Кичево, во изминатите 24 часа […]

Тензично во Минеаполис по убиството на мајка на три деца под страна на агент на ИЦЕ


Во Минеаполис вчера имаше високи тензии, еден ден откако агент на ICE уби 37-годишна мајка на три деца во инцидент што го осудија градските и државните службеници кои ги обвинуваат антиимиграциските напори на претседателот Доналд Трамп за хаосот на градските улици. Околу 1.000 демонстранти вчераутро се собраа пред зградата на федералниот имиграциски суд  извикувајќи „срам“ […]

Русија го ослободи од затвор францускиот политиколог Лоран Винатје


Лоран Винатје, француски политиколог кој отслужува тригодишна затворска казна во Русија по обвинение за шпионажа, е ослободен во размена на затвореници со Франција, соопшти денеска руската безбедносна агенција ФСБ. За возврат, рускиот кошаркар Данил Касаткин, кој беше притворен во Франција по барање на САД, е ослободен, додаде ФСБ. Винатје беше уапсен во Москва во јуни […]

Јанчев: Зимската служба до доцна вечерта обезбедуваше услови за побезбеден сообраќај


Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев утрово информираше дека зимската служба на подрачјето на општината работела до доцна во ноќните часови на расчистување на снегот од коловозите, со цел да обезбеди услови за побезбеден сообраќај. -Зимската служба до доцна вечерта, континуирано вршеше посолување и одржување на повеќе патни правци со цел обезбедување побезбедни услови за сообраќај. Посолени […]

РСБСП апелира на внимателно и одговорно возење во зимски услови


Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. -Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување […]

Масовни протести во Иран, се палат владини згради, поддршка од синот на соборениот шах Реза Пахлави


 Во Техеран и другите ирански градови се одржуваат масовни антивладини протести, а снимките од теренот ги покажуваат најголемите демонстрации против клерикалниот режим во последниве години.  Немирите, што влегоа во 12-тиот ден, се поттикнати од гневот поради падот на вредноста на националната валута и се проширија во повеќе од 100 градови низ земјата. Протестите се дополнително […]

Две лица ранети од припадник на американската служба за имиграција ICE во Портланд


Две лица се застрелани и ранети од припадник на американската Служба за имиграција и царина (ICE) за време на операција во американскиот град Портланд, соопштија синоќа локалните власти, пренесува ДПА. Инцидентот се случил еден ден откако 37-годишната Американка Рене Гуд, беше застрелана во нејзиниот автомобил за време на операција на ICE во градот Минеаполис. Убиството, […]