ВИДЕО Масовни поплави во Косово: Градови останаа без струја и вода


Обилните и долготрајни дождови што го погодија Косово оваа недела предизвикаа големи поплави низ целата земја. Реките се излеаја од своите корита, поплавувајќи градови и села и отсекувајќи бројни заедници. Спасувачките служби беа зафатени со спасување на луѓе заробени во своите домови, а жителите на општините Дренас, Малишева и Раховец останаа без струја и вода […]

„Реплек“ во јубилејната 2025 година со раст на профитабилноста и стратегија за експанзија на извозот


Со раст на профитабилноста, силни позиции на пазарите и континуиран раст на продажните резултати, „Реплек АД Скопје“ ја заврши 2025 година. Компанијата оствари видливо унапредување на профитабилноста генерирајќи профит од 5 милиони евра, односно раст за 39% во однос на 2024 година. Нето профитната маргина се зголеми од 11,5% на 15%, што ја потврдува способноста […]

Прегазен пешак на „Народен фронт“, возачот избегал (фото)


Човек е прегазен денеска околу пладне на скопската улица „Народен фронт“, во близина на трговскиот „Зебра“, а возачот избегал. Во моментот полиција го обезбедува местото, а повредениот е пренесен во болница. На асфалтот има скршен ретровизор и помали пластични делови од автомобил, а се гледа и крв. Од МВР велат дека сообраќајката се случила околу […]

Филипче: Техничката влада мора да остане


Укинување на техничката влада може, но кога ќе бидеме зрело општество, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Според него, власта брза со овој чекор затоа што сака избори, а потоа да се донесе мигранти за пари. ,,Избори па мигранти за пари, тоа е сценарио смислено уште лани. Акциите на САД ова […]

УХМР: Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула


Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег. -Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта […]

Новата економска мапа на Европа: Ова се најголемите економии во 2026 година


Најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2026 година покажуваат тивко, но исклучително значајно поместување на економскиот центар на гравитација во Европа. Според податоците за номиналниот БДП по земји, Романија е позиционирана точно во средината на европскиот ранг – пред Чешка, Грција, Португалија, Финска, Унгарија, па дури и Луксембург, а само малку зад Данска. […]

Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во […]

Ќе се прави испитување на геномот на ембрионот за ин витро


Досега во Македонија не се правеше испитување на ембрионот, за да се дознае дали е тој здрав, а од сгеа, откако Фондот за здравство денеска потпиша договор со Природно-математичкиот факултет, ќе се овозможи такво испитување. Како што рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, ќе се воведе оваа нова метода, со која ќе се испитува дали […]

Карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 феверуари


Годинава карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 февруари, а традиционално тие почнуваат со предавањето на клучот на градот од градоначалникот на карневалистите, беше соопштено денеска на прес-конференција. Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, Струмичкиот карневал е вековна традиција, симбол на Струмица и препознатлив белег на културниот идентитет. -Оваа наша жива […]

Божиновска: 2025 – година на ред, стабилност, развој и транспарентност во енергетиката


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот и рударскиот сектор, се наведува во соопштението на Министерството. Во соопштението се наведуваат клучните активности, кои Министерството ги спровело минатата година, при што се наведува дека министерката Божиновска […]

(Во живо) Клековски потпишува договор за молекуларни анализи со ПМФ


Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, и деканот на Природно-математичкиот факултет, Даворин Трпески ќе склучат договор со кој Лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе започне со изведување на напредни молекуларно-дијагностички анализи.

Левица не сака да учествува во „шминкање на системот“


Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема смисла и се претвори во алатка за меѓупартиско пазарење. -Техничката влада функционира како фасада и привид на фер, демократски избори и плурализам, зад кој продолжува суштинската политичка нееднаквост, селективноста и цензура. Затоа, укинувањето на техничката […]

Семејството на Стивен, кој загина во Кран-Монтана, бара донации за погребот


Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој загина во пожарот за новогодишната прослава во „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, бара донации за да ги покрие трошоците на закопот на момчето. На прославата Стивен бил со својата сестра, која за среќа е меѓу преживеаните. „Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, […]

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари


Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавата, во текот на денот тој добил телефонски повик од лице кое се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка се наоѓа […]

Советот на јавни обвинители отвора постапка за навредите на Мицкоски кон Ристоска


Советот на јавни обвинители отвора постапка по известувањето на обвинителката Ленче Ристоска за премиерот Христијан Мицкоски, откако тој јавно ја нарече „медиокритет“ и дел од „клиентелистичко-политичка матрица“, а таа реагираше дека со ваквите изјави се врши притисок и се нарушува нејзината самостојност во работењето. Претседателот на Советот Башким Бесими во кратка изјава за „Слободен печат“ […]

Во Холандија немаше војна, а имаше мртви и 1.200 повредени


Експлозиите што тресеа прозорци ја претворија улицата на Јара Баста-Бос во „воена зона“ минатата недела, но таа беше поштедена од најлошиот новогодишен хаос што го видела во минатото. Пред неколку години, лекарката од итната помош во Амстердам мораше да лекува пациент кој го држел сопственото очно јаболко откако огномет го исфрлил од лобусот. „Го чувствувам […]

Трагедија без предупредување: Се урна депонија, еден мртов, 38 се заробени под ѓубрето


Додека лавината од ѓубре ги изненади сите, некои вработени во фабриката што беше погодена од лавината велат дека со години биле загрижени за големината на купиштата ѓубре што се натрупувале во нивна близина. Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија на Филипините. Извештаите сугерираат дека тие биле заробени во […]

Хорор во Липково: Група од најмалку 17 насилници со месеци сексуално злоупотребувала и уценувала малолетничкa


Голема група насилници со месеци сексуално злоупотребувала и уценувала со интимни видеоматеријали 16-годишно девојче од село во Општина Липково, објави „Алсат“. Според информации на телевизијата од извори во полицијата, за случајот се дознало во неформални околности, а засега е уапсен само еден од осомничените насилници, кои за пари и сексуални услуги се изживувале со девојчето. […]

Агентите на Трамп во „војна“ со сопствените граѓани


Агентите на американската гранична патрола застрелаа две лица пред болница во Портланд, Орегон, еден ден откако полицаец на ICE застрела и уби жена во Минеаполис. Полициското биро на Портланд (PPB) соопшти во соопштение во четврток попладне дека две лица се во болница по пукање во кое биле вклучени федерални агенти, додавајќи дека околностите на тие […]

Бурата Горети остави 430.000 домаќинства без струја во Франција и Велика Британија


Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија во петокот, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Околу 380.000 домови во Франција останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис. Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во […]