Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини


Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА посочуваат […]

Претпладне дожд, попладне снег


 Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината […]

(ВИДЕО) Најмалку 62 лица загинаа во протестите во Иран, запалена џамија во Техеран


САД се виновни за „трансформирањето на мирните протести во насилство, субверзија и широко распространет вандализам“ во Иран, изјави постојаниот претставник на Исламската Република во ОН пред Советот за безбедност. Иран го осудува „континуираното, нелегално и неодговорно однесување на САД во координација со израелскиот режим во мешањето во внатрешните работи на Иран преку закани, поттикнување и […]

Се шират протестите во САД, за денес најавени стотици низ земјата


Протестите против американската Служба за имиграција и царина (ICE) продолжија денеска по смртоносното пукање врз 37-годишна жена во Минеаполис, а демонстрациите се проширија во неколку други американски држави, објави ДПА. Според извештаите на медиумите, десетици студенти се приклучија на протести во Минеаполис (Минесота), протестирајќи против присуството на службениците за имиграција. Стотици протести и митинзи се […]

Агентот на ИЦЕ кој ја застрела жената во Минеаполис снимил сè. Објавено е видео


Објавено е видео кое дава увид во моментите што доведоа до пукотницата во Минеаполис во која агентот на Службата за имиграција и царина (ICE), Џонатан Рос, ја застрела и ја уби Рене Гуд. Видеото, како што потврди функционер на Министерството за внатрешна безбедност, го снимил самиот агент Рос на својот мобилен телефон, објавува Си-Ен-Ен. Видеото, […]

Меркосур и ЕУ ќе го потпишат трговскиот договор на 17 јануари


Политичко-економскиот блок на јужноамерикански земји Меркосур ќе го потпише долго одложуваниот договор за слободна трговија со Европската Унија на 17 јануари во Парагвај, соопшти денеска аргентинското Министерство за надворешни работи. По повеќе од 30 години преговори, на тој датум ќе биде потпишан „историски и најамбициозен договор меѓу двата блока“. Земјите членки на ЕУ денеска потврдија […]

Ризик од поплави ширум Македонија – УХМР со итно предупредување


Управата за хидрометеоролошки работи попладнево издаде вонредно соопштение за состојбата со водостоите во државата, предупредувајќи дека во текот на 9 и 10 јануари постои сериозна можност за нагло покачување на нивото на реките и нивно излевање од коритата. Според најновата хидролошка карта, речиси целата територија на Македонија се наоѓа во таканаречена „жолта фаза“, која означува […]

Конечно разјаснета е дилемата: Дали ако излезете со водена коса на минусни температури, ќе се разболите?


Речиси и да не постои личност која барем еднаш во животот не слушнала предупредување дека никако не треба да излегува надвор со водена коса, особено во студените зимски денови, пишува Факултети.мк. За многумина тоа било повеќе од совет – вистинска мала семејна заповед, придружена со приказни за вкочанетост, тешки настинки, воспаленија на синусите, па дури […]

Недвижностите во ЕУ поскапеа за дури 63,6 отсто во последната деценија


Пазарот на недвижности во Европската Унија забележа значителен раст во третиот квартал од 2025 година, при што цените на становите скокнаа за 5,5 отсто, додека станарините пораснаа за 3,1 отсто во споредба со истиот период минатата година. Според денеска објавените податоци на Евростат, трендот на поскапување продолжува и на квартално ниво, па така недвижностите во […]

Шведска бележи остар пад на барањата за азил, најнизок во последните 40 години


Бројот на луѓе кои бараат азил во Шведска во 2023 година се намали за 30 проценти, на најниско ниво од 1985 година, а централно-десничарската влада објави планови за дополнително заострување на правилата оваа година, пред општите избори во септември, за кои се очекува да бидат неизвесни. Владејачката малцинска коалиција, поддржана од антиимигрантските Шведски демократи, го […]

Македонските ракометари ја совладаа Украина


Македонската машка ракометна репрезентација ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во Швајцарија, откако вечерва триумфираше над Украина со 31-26 (13-17). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров до триумфот дојдоа со одлична игра во второто полувреме, откако одиграа потпросечно прво полувреме, во кое нападот и одбраната не функционира и Украина замина на пауза со предност од […]

Уапсен сопственикот на барот во Швајцарија каде загинаа 40 млади луѓе


Жак Морети, сопственик на барот Le Constellation во Кранс-Монтана, каде што 40 млади луѓе ги загубија животите, а 116 други беа повредени во пожар на новогодишната ноќ, е уапсен. Неговата сопруга Џесика Морети е ослободена по сослушувањето. Одлуката за негово апсење ја донесе обвинителството во Сион поради ризик од бегство, јавуваат италијанските медиуми. Морети, француски […]

СДСМ го поддржува опозицискиот кандидат Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека […]

Нема цигари ниту во автомобил, ни во кафеани, ни во кафуле… Владата подготви нов закон за забрана за пушење


Македонија подготвува радикален пресврт во законот за забрана на пушење. Забраната ќе важи во сите затворени простори од јавен карактер, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи драстично ќе се ограничи. Цигарите целосно ќе се тргнат и од видното поле на купувачите во маркетите. Скроен е новиот закон за заштита од пушење кој […]

Мелони: Време е ЕУ директно да разговара со Русија


Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека се согласува со францускиот претседател Емануел Макрон оти Европската Унија треба директно да преговара со Русија доколку напорите на САД за посредување за мир во Украина не резултираат со договор, јави италијанската агенција АНСА. – Во тој случај мислам дека Макрон е во право. Време е ЕУ да […]

ЦУК: Јавните комунални претпријатија се справуваат со последиците од поплавите, ситуацијата се смирува


Јавните комунални претпријатија во Пелагонискиот регион и во останатите региони во земјава се на терен и се справуваат со последиците од поплавите, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и додавааат дека состојбата се стабилизира. Како што се посочува во информацијата од ЦУК за состојбата до 17:00 часот, во Битола во населбата Стрчин интервенира ЈКП […]

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека денеска безбедно е отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна пронајдена во индустрискиот дел на Општина Богданци.  – Денеска, кон пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци од индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од […]

Иранскиот ајатолах можеби почнал да пренесува злато во Русија поради масовните протести


  Руски воени транспортни авиони почнаа да вршат чести летови до Техеран од почетокот на масовните протести што се шират низ Иран, кои се опасност за сегашниот режим. Русија можеби обезбедува воена и техничка поддршка, а истовремено се подготвува за евакуација на Врховниот лидер и неговите најблиски помошници, вклучително и отстранување на златото. Русија на […]

Македонија во топ 50 светски извозници на фудбалери


Северна Македонија е меѓу Топ 50. светски извозници на фудбалери во последните пет години, покажува најновиот извештај на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС). Овој статистички завод, со седиште во Швајцарија, го анализираше периодот од 2020 до 2025 година. Во тој период, вкупно 182 фудбалери родени во Северна Македонија играле во странство, од кои 180 […]

САД го запленија петтиот танкер од руската „флота во сенка“


  САД запленија уште еден танкер за нафта што пловел од Венецуела, објави „Волстрит џорнал“, повикувајќи се на американски официјални лица. Танкерот „Олина“, порано познат како „Мивера М“ и санкциониран за транспорт на руска нафта, бил запленет во Атлантскиот Океан. Според американските податоци, бродот бил дел од „флотата во сенка“ што се користи за извоз […]