Скопјанка заврши во болница по пад во автобус


46-годишна жена од Скопје е тешко повредена откако паднала во автобус при нагло кочење на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, информираат од полицијата. Несреќата се случила вчера околу 6:45 часот, кога жената се превезувала во автобус со скопски регистарски ознаки. Според првичните информации, при ненадејно сопирање на возилото, таа ја изгубила рамнотежата, паднала и се здобила […]

СДСМ: Дали Стоилковиќ е офицер за врски со СНС и Русија во владата на Мицкоски?


Вицепремиерот во Владата на Христијан Мицкоски, Иван Стоилковиќ присуствувал на настан во Република Српска, со путиновите „Ноќни волци“, тврди СДСМ во денешната реакција.   „Во објавата на социјалните мрежи Стоилковиќ дури се фали дека на овие настани повеќе од него присуствувал само Никола Селаковиќ, српски министер за култура кој е обвинет за скандалот со Генералштабот […]

ЛДП бараат намалување на бројот на пратеници и на министерствата


Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека лидерска средба има смисла. На неа, велат од партијата, единствено мора да се разговара за суштински реформи, а не за пазарски и ПР решенија. -Ние сме подготвени да одиме на лидерска средба, но НЕ ако е таа само за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема, […]

18-годишник ја прегазил жената во Капиштец, па избегал од државата


СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 11:30 часот на улицата „Народен фронт“ во центарот на Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) […]

„Телеграф“: Трамп фрустриран од континуираната бруталност на Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп станува сѐ пофрустриран од рускиот претседател Владимир Путин и сѐ почесто го смета за поголема пречка за постигнување мир во Украина отколку украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдат извори блиски до американската администрација, пренесува британскиот весник Телеграф.Според истите извори, неодамнешните потези на Трамп – заплената на руски танкер под санкции и давањето […]

ЕУ бара ослободување на сите неправедно приведени учесници на протестите во Иран


 Сите неправедно приведени лица за време на протестите во Иран мора веднаш да бидат ослободени, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. – Внимателно и со голема загриженост ги следиме извештаите за жртвите и ја осудуваме употребата на насилство, произволно притворање и тактики на заплашување од страна на безбедносните […]

Анѓушев: Брза инвестиција во батерии е решение за вишокот на електрична енергија и за новиот европски механизам „СВАМ“


На крајот на 2025 година и на почетокот на 2026, македонската енергетика влегува во нова фаза. По неколку години интензивни инвестиции во фотоволтаични електрани, системот се соочи со сериозни предизвици – ниски, па дури и негативни берзански цени во часовите на најголемо производство, ограничувања во преносната мрежа и финансиски загуби за инвеститорите. Разговараме со Тодор […]

Републикански сенатор се огради од Трамп


Републиканскиот сенатор Мајк Левин, инаку сопартиец на Доналд Трамп, објави текст на свој избирач, во кој таа предупредува дека проблемот е во нас, а не во лидерите што сакаат да не дехуманизираат, оценувајќи ја практично ситуацијата во САД. Со постот тој практично се огради од политиката и однесувањето на претседателот на САД. „Најголемата опасност не […]

(ВИДЕО) Бројот на мртвите во Иран нејасен, според лекар надминува 200 жртви


Лекар од Техеран изјавил за списанието TIME дека само шест болници во главниот град евидентирале најмалку 217 загинати демонстранти, „најчесто од боева муниција“.Доколку овие бројки се потврдат, тоа би укажувало на жестока репресија, што ја најави речиси целосното гасење на интернетот и телефонските врски во земјата од четврток навечер.  Протестите, кои сега се проширени во сите […]

Обилните врнежи предизвикаа поплави и одрони во повеќе општини


  Обилните врнежи предизвикаа проблеми во повеќе општини низ Македонија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.   Во Крушево, водата за пиење е заматена, па се препорачува таа задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба. Нивото на Црна Река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата на излевање, […]

СДСМ: Укинувањето на техничката влада е директен напад на демократијата


СДСМ го заострува ставот околу најавите на поремиерот Христијан Мицкоски дека ќе ја укине техничката влада сам, ако главната опозициска парѕтија не прифати лидерска средба на оваа тема и се спротивстави на намерата. „Секој обид за укинување на техничката влада во вакви услови е директен напад на демократијата и слободните избори, смета СДСМ. Планот на […]

Функционер на Трамп за убиството во Минесота: Не знам како ќе се опоравиме од ова!


Брзиот и агресивен одговор на администрацијата на Доналд Трамп на пукањето во Минесота предизвика тивка загриженост кај некои сојузници на администрацијата, како и кај поранешни и сегашни службеници на Службата за имиграција и царина. Посебна мака е што многу брзо секретарката на Министерството за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, во јавните изјави од Браунсвил, Тексас, во […]

Папата Лео и Трамп одат кон судир


Првиот американски папа Лео е на пат да се судри со американскиот претседател Доналд Трамп. Најновата линија на раздор меѓу Ватикан и Белата куќа се појави кратко откако Трамп посочи дека неговата администрација може да ја „управува“ Венецуела, по што папата Лав XIV, роден во Чикаго, се појави на прозорецот на црквата Ангелус со поглед […]

Има Украинци на рускиот танкер запленет од американските сили


 Украинската амбасадорка во САД, Олга Стефанишина, изјави дека меѓу членовите на екипажот на рускиот танкер Бела-1 запленет од американските сили оваа недела се и нејзини сонародници. Локалните медиуми ја цитираа како вели дека украинските дипломати се во контакт со американските власти за да обезбедат конзуларен пристап до членовите на екипажот. „Амбасадата ја држи ситуацијата под […]

Велика Британија ќе обезбеди 200 милиони фунти за евентуално распоредување на војници во Украина


Велика Британија соопшти дека обезбедува 200 милиони фунти (230 милиони евра) за финансирање на подготовките за евентуално распоредување на војници во Украина, откако оваа недела вети дека ќе придонесе за мултинационални сили за земјата во случај на прекин на огнот. Британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот […]

Сите патни правци во државата се проодни


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни. Како што информираат од ЈП Македонијапат на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Од јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како […]

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци


Политичките партии во Гренланд покажаа единство како одговор на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп за данската територија, објави ДПА. „Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренландци“, се вели во заедничка изјава потпишана од петте партии во локалниот парламент на Гренланд, Инатсисартута. Политичките сили ги повикаа САД да […]

Минатата 2025 година – најсмртоносна за притворените од ICE


Изминатата 2025 година беше најсмртоносната година на ICE во последните две децении. Дури  32 лица починаа во притвор,  откако администрацијата на Доналд Трамп ги засили мерките за спроведување на имиграцијата, притворајќи рекорден број луѓе. Некои од тие кои починаа во притвор неодамна пристигнале во САД, барајќи азил, но други  пристигнале пред многу години, како мали […]

Буџетот лани заврши анемично, како ќе биде годинава?


  Државата минатата година не успеа да наплати дури 500 милиони евра приходи во Буџетот кои што беа планирани како ставка, завршувајќи ја годината со скромна реализација од само 92,09 отсто од зацртаните во Ребалансот на државната каса, усвоен во средината на минатата година. Вакво големо потфрлање во наплатата на приходите, најголемо во изминатите десетина […]

Трамп го сакал Гренланд за да го спаси од Кина и Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да го „поседуваат“ Гренланд за да ги спречат Русија и Кина да го преземат, велејќи дека тоа ќе се направи „на лесен или на тежок начин“. Острата изјава доаѓа по неодамнешните сигнали од Белата куќа дека администрацијата размислува да ја купи полуавтономната територија од Данска, но не […]