Али Ахмети ќе учествува на лидерската средба, одлучи ДУИ на седница на Генерален совет


Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва во Тетово одржа втор состанок на новиот Генерален совет на кој беше одлучено нивниот претседател да учествува на утрешната лидерска средба. Портпаролката на ДУИ, Арта Зендели Биљали по завршување на два ипол часовниот состанок рече дека била донесена едногласна одлука партијата да биде дел од лидерската средба, иницирана од […]

Светското првенство во проблеми: Навивачите откажуваат билети, ФИФА свикува итен состанок


Светското првенство во 2026 година беше замислено да биде најголемиот фудбалски турнир досега, но проблемите се појавија долго пред првиот свиреж. Светското првенство во САД, Канада и Мексико веќе се соочува со бран откажувања на билети и растечко незадоволство кај навивачите, според најновите извештаи. Според некои извори, речиси 17.000 навивачи ширум светот ги откажале своите […]

Македонија годинава со раст од 3 отсто, предвидува Светска банка


Растот во Северна Македонија во 2026 година се очекува да достигне 3 проценти, исто колку и во Србија и Босна и Херцеговина , покажува Редовниот економски извештај за земјите во развој од Европа и Централна Азија објавен денес од страна на Светска Банка.  Се очекува хрватската економија да порасне за 2,9 проценти оваа година, на исто […]

Победа на последната контрола за македонските ракометари


Македонската ракометна репрезентација оствари победа на последниот контролен дуел во пресрет на Европското првенство што почнува на 15 јануари, а се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го совладаа данскиот прволигаш Митјиланд со 36:27 (14:13). Ова беше последната контрола, а на претходно македонските ракометари имаа пораз од Хрватска, победи против […]

Почна површинското чистење на депонијата Вардариште – Ѓорѓиевски лиферува промотивно видео без детали


Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски преку својот фејсбук профил информира дека е почнато површинско чистење на депонијата Вардариште.   – Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување, а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри […]

Влезниците за Евросонг во Виена распродадени за 14 минути


Виена – Пеактично сите 90.000 билети за овогодинешниот Евровизиски натпревар во Виена беа распродадени за рекордни неколку минути, соопштија организаторите во вторник. Влезниците за големото финале беа распродадени за само 14 минути, а билетите за сите други настани беа зграпчени во рок од еден час, соопшти Европската радиодифузна унија (EBU). Девет настани во текот на […]

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епштајн во Конгресот


Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат во конгресната истрага за покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, водена од републиканците, оценувајќи дека станува збор за партиски мотивирана постапка. Во писмо до републиканскиот претставник Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, тие напишаа дека „секој човек мора да одлучи кога е […]

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES


Белград – Возачите на камиони од Србија и од Босна и Херцеговина објавија дека на 26 јануари сите гранични премини за товар кон земјите од Шенген зоната ќе бидат блокирани поради проблемите предизвикани од новиот систем за влез и излез (EES), што ги евидентира влезот и излезот на превозниците. Тие мерки доаѓаат откако, како што […]

Мицотакс до земјоделците: Развојот на настаните го обликуваат присутните, а не отсутните


Атина– Би сакал оваа дискусија, под одредени услови, да беше и попроширена. Единственото што ќе го кажам е дека, на крајот, знаете, развојот на настаните го обликуваат присутните, а не отсутните и затоа ние секогаш разговараме со оние кои се расположени да разговараат со нас и очигледно не можеме никого да принудиме да дојде и […]

На дуелот со Данска на Европското првенство судии од Молдавија


Македонската ракометна репрезентација во првото коло на Европското првенство во петок игра против ко-домаќинот Данска. Европската ракометна федерација веќе ги делегираше и судиите за првата рунда. Дуелот меѓу Данска и Македонија на 16.јануари (петок) од 20:30 часот во Хернинг ќе го судат браќата близнаци Игор и Алексеи Ковалчиус од Молдавија. 

Гренланд ги бира Европа и НАТО, а не САД: Силна порака пред разговорите во Вашингтон


  Пред утрешниот состанок во Вашингтон, данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, одржаа заедничка прес-конференција во Копенхаген, испраќајќи порака дека Кралството Данска нема да попушти пред притисокот на САД по прашањето за Гренланд. Тензиите достигнаа врв откако стана јасно дека данската делегација ќе биде пречекана во Белата куќа во среда од […]

Трамп до Иранците: „Ги откажав сите состаноци, помошта доаѓа“


  Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите, велејќи им дека „помошта доаѓа“. „Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Зачувајте ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со ирански претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на […]

Хулио Иглесијас обвинет за сексуален напад од двe поранешни вработени


Мадрид – Легендата на шпанската балада, Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија дека сексуално нападнал две жени во 2021 година. Помладата од нив тогаш имала 22 години, објавуваат шпанските медиуми. Жените тврдат дека шпанската ѕвезда, наводно, сексуално ги злоупотребил додека биле вработени во неговите карипски вили. Домашна помошничка тврди дека била принудена на секс, опишувајќи […]

Раскол: Лимани место на координација на „Влен“, отишол на забава на ВМРО-ДПМНЕ


Сериозни политички турбуленции се случуваат во коалицијата ВЛЕН. Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, најверојатно ги напушта редовите на коалицијата и преминува кон партнерот во Владата, ВМРО-ДПМНЕ, пренесе „4њуз“. Според последните информации, јазот станал очигледен денеска, кога Лимани направил потег кој се толкува како дефинитивно вртење грб на матичната коалиција. Лимани денеска […]

Владата ги десеткувала парите за културни проекти, извиси мултифункционалниот центар во Аеродром во кој се сликаа


Со потпис на премиерот Христијан Мицкоски, владата на 30 декември донела одлука да се намалат парите за проекти од областа на културата за единиците на локална самоуправа. Од планираните 135,5 милиони за тринаесет проекти, државата ги крати парите на 14,8 милиони денари. Од планираните проекти, пари останаа само за реконструкцијата на културниот дом „Ацо Караманов“ […]

Протест пред УЈП на кумановците што работеа за американски компании


Кумановците што во изминатиот период беа ангажирани од американски компании во воените бази во Ирак и Авганистан денеска повторно излегоа на протест пред подрачната канцеларија на Управата за јавни приходи. Тие бараат од надлежните служби да им ги признаат доставените докази, меѓу кои се патни исправи со гранични печати, потврди од работодавачите и други документи, […]

13 јануари во историјата – Папата ги призна Витезите Темплари


  На 13 јануари 1128 година, папата Онориј II издаде папско одобрување за воениот ред познат како Витези Темплари, прогласувајќи го за Војска божја. Предводена од Французинот Ху де Пајан, организацијата Витези Темплари беше основана во 1118 година. Нејзината самопоставена мисија била да ги заштити христијанските аџии на нивниот пат до и од Светата земја […]

За прв пат по Втората светска војна, повеќе смртни случаи во Франција од раѓања


Франција регистрираше повеќе смртни случаи отколку раѓања во 2025 година за прв пат по завршувањето на Втората светска војна, со што ја еродираше својата долгогодишна демографска предност во однос на другите земји од Европската Унија, покажаа официјалните податоци. Националниот институт за статистика INSEE објави дека минатата година починале 651.000 луѓе, а се родиле 645.000 бебиња, […]

Докиќ : Со спречување на пасивното пушење значително ќе се намалат здравствените последици


Со спречување на пасивното пушење значително ќе се намали бројот на несакани здравствени последици, кои можеби не се веднаш видливи, но долгорочно ќе придонесат за создавање поздрава нација, изјави за МИА проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог алерголог, кого го прашавме за коментар за најавениот нов закон против пушењето. – Новиот закон против пушењето, морам да […]

Седум од 16 ТИРЗ зони не се ставени во функција, сомнителни се и изградените


Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави извештај за ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) за 2024 година, при што се констатирани бројни неправилности и слабости во работењето. Ревизорите утврдиле дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, додека седум од […]