Франција ќе отвори конзулат во Гренланд


Франција ќе отвори конзулат во Гренланд на 6 февруари, потег планиран од минатата година, потврди во среда францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. Соопштението доаѓа во контекст на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз оваа арктичка територија, пишува Reuters. Баро додаде дека САД мора да престанат да го уценуваат […]

Вевчанци ќе ги запалат „Максим Димитриевски, Путин, Трамп, мигрантите…“


Со палење на маските и традиционалното василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, […]

Пожар во стан во Тетово, почина еден човек


Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено вчеравечер по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70. – Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен во 19>05 часот, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово Од СВР Тетово потврдуваат дека по пожар во стан во зграда во Блок 70 […]

Зошто бебињата родени во 2026 година ќе бидат посебни


Како што светот брзо го менува темпото и технологијата станува сè поинтегрирана во нашите животи, бебињата родени во 2026 година ќе се наречат нова генерација – Генерација Бета. Овие бебиња ќе растат во дигиталното доба и ќе бидат деца на поврзаност, флексибилност и постојано прилагодување. За разлика од претходните генерации, кои пораснаа со паметни телефони […]

Зошто Гренланд е толку важен за Доналд Трамп?


Два дена по заробувањето на Николас Мадуро, американскиот претседател Доналд Трамп го шокираше светот  со најавата за анексија на Гренланд. Охрабрен од  успехот во Венецуела, Трамп во авионот „Ер Форс уан“ пред новинарите изјави: „Ни треба Гренланд заради нашата  национална безбедност“. „Гренланд е стратешка локација“. „Во моментов, Гренланд е отсечен од остнатиот свет со руски […]

„Сони“ тужен за неплатени авторски хонорари за филмовите „Ла Бамба“ и „Десперадо“


Бендот од Лос Анџелес, Лос Лобос, покрена правна битка против „Сони Пикчерс Ентертејнмент“ и „Сони Мјузик Ентертејнмент“, тврдејќи дека биле измамени со милиони авторски хонорари за саундтраците на иконските филмови „Ла Бамба“ (1987) и „Десперадо“ (1995). Според две тужби што ги виде „Ролингстоун“, бендот го обвинува „Сони“ за прекршување на договорот и неправилно евидентирање на […]

Нападот на Иран значи енергетски хаос: Монархиите од Заливот го предупредуваат Вашингтон


Земјите од Персискиот Залив, првенствено Саудиска Арабија, Оман и Катар, ги предупредија САД да не започнуваат нов воен напад врз Иран, наведуваат колумнистите Самер Саид и Омар Абдел-Баки во авторски текст за „Волстрит џурнал“. Според нивните изјави, за време на приватни дипломатски контакти, арапските земји јасно ѝ ставиле до знаење на американската администрација дека евентуалниот […]

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип


Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кој до 6:00 часот утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, 4 км пред патарината „Преод“, информира АМСМ.   Сообраќајот и на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]

Без струја дел од Центар и Аеродром


Без електрична енергија денеска во периодот од 09.00 до 11.00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него во општина Центар, а од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски(општина Аеродром), соопшти РЦУК Скопје по добиено […]

Без вода објектите на МНТ, Министерството за транспорт и Управата за матични книги


Од 8 часот денеска без вода ќе бидат објектите на МНТ, Музичкото училиште, Министерството за транспорт и врски и Управата за издавање на матични книги во општина Центар. Причина за прекинот е поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштадот Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер […]

До петок стабилно, суво и потопло, за викендот дожд и снег


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, […]

Николоски за изборот на трет мобилен оператор: Граѓаните ќе добијат пониски цени и подобри услуги


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека со влезот на третиот мобилен оператор конечно граѓаните ќе имаат избор на подобри услуги и пониски цени.  Во гостувањето на централниот дневник на Сител, Николоски рече дека најважно е дека со влезот на третиот мобилен оператор ќе се сруши дуополот што пости меѓу двата мобилни оператори.  […]

Цените на нафтата скокнаа поради геополитичките ризици и можни нарушувања во снабдувањето


Њујорк – Цените на нафтата денеска скокнаа за речиси три отсто, со што го достигнаа највисокото ниво во последните 12 недели, поради тоа што геополитичките ризици ја зголемија можноста за нарушување во снабдувањето. Цената на нафтата Брент се движеше околу 65,6 долари за барел, а на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) околу 61,16 […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 14 јануари 2026 година, 14-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  351 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 26 минути. Денов трае 9 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 3 часот и […]

Николај Младенов и уште еден Бугарин ќе управуваат со Газа со поддршка од САД


Вашингтон се подготвува да објави нова структура на управување за Појасот Газа во среда, бидејќи администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да премине во следната фаза од договорот за прекин на огнот, и покрај скептицизмот од сојузниците и недостатокот на широка меѓународна поддршка и финансирање досега, според анализата на „Фајненшл тајмс“. Американските и израелските […]

Брутална пресметка: Стотици повредени во очи само во една иранска болница


Офталмолог во Техеран документирал повеќе од 400 повреди на очите од истрели во една болница, додека преоптоварениот медицински персонал се бори да се справи со жртвите од сè понасилното задушување на националните протести од страна на иранските власти. Тројца лекари, во пораките испратени до „Гардијан“, опишаа преоптоварени болници и оддели за итни случаи преполни со […]

Генерацијата Z дава отказ сè почесто: Еве колку долго остануваат на едно работно место


Ново истражување покажа дека 60 проценти од Генерацијата Z ја сметаат својата работа за привремена опција. Дури 47 проценти од нив планираат да дадат отказ во рок од една година. Генерацијата Z вклучува луѓе родени во периодот од 1997 до 2012 година. Анкетата ја спроведе компанијата Gateway Commercial Finance и во неа учествуваа 1.008 вработени […]

Русија: Нема да се откажеме од венецуелската нафта


Откако Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз извозот на нафта на Венецуела и ги повика американските компании да го обноват својот нафтен сектор, руската државна компанија Зарубежнефть објави дека нема да се повлече. Трамп, исто така, побара од новите власти во Венецуела да ги прекинат економските врски со Русија и Кина, […]

Непознати дронови погодија дури три танкери во Црното Море, одеа кон руско пристаниште


Три грчки танкери за нафта беа погодени од неидентификувани дронови во Црното Море во вторник, додека беа на пат да товарат сурова нафта на терминал на рускиот брег, изјавија извори за Ројтерс. Нападите се случуваат во време кога производството на нафта во Казахстан, од кое поголемиот дел се извезува преку тој терминал, драстично опадна на […]

Зошто треба да поминуваме повеќе време на дневна светлина?


Во текот на зимата, кога деновите се пократки и посиви, многу луѓе поминуваат повеќе време во затворен простор, па затоа се помалку изложени на дневна светлина. Нова студија за луѓе со дијабетес тип 2 покажа дека поминувањето време на дневна светлина може да има неочекувани здравствени придобивки – дури и во постудените месеци. Истражувачи од […]