Лутник исмејуван во Давос, шефицата на ЕЦБ нагло си замина од вечерата


Министерот за трговија на САД, Хауард Лутник, беше исмејуван на вечера на Светскиот економски форум, објави Фајненшл тајмс. На вечерата што ја организираше Лари Финк, раководител на инвестициската фирма БлекРок, острите коментари на Лутник беа дочекани со големо неодобрување од другите гости, кои почнаа отворено да се потсмеваат и да се подби9ваат на негова сметка, […]

Две жртви во невремето во Грција – предупредувања се праќаат до граѓаните


Припадник на крајбрежната служба на Грција во градот Астрос на Пелопонез и жена во атинската населба Глифада ги загубија животите во силното невреме што од рано утрово зафати делови од Грција, а противпожарната служба примила над 600 повици за помош. Доцна вечерва во Атина, животот го загуби жена која додека се движела пеш била повлечена […]

Пресврт во Давос: Трамп се откажа од царините за Европа


  Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека развил рамковен план што ќе ги задоволи неговите барања за Гренланд. Тој рече дека договорот, за кој разговарал со генералниот секретар на НАТО, значи дека повеќе нема да наметнува нови тарифи на европските земји кои се спротивставија на неговите амбиции за анексија на арктичкиот остров. „Врз основа […]

Антикорупциска ги демантира наводите на Левица за наводниот „октопод“


  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на брифинг ги отфрли наводите на Левица дека во институцијата постои политичка мрежа на влијание, судир на интереси и селективно постапување по предмети. Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, оцени дека обвинувањата се неосновани и целосно спротивни на начинот на кој функционира ДКСК. Левица претходно објави соопштение […]

ЕУ го презеде првиот чекор: Суспендиран трговскиот договор со САД


  Европскиот парламент формално го суспендираше процесот на ратификација на трговскиот договор со САД, во знак на протест против заканата на Доналд Трамп да воведе 10 отсто царини за извозот од ЕУ, освен ако блокот не се согласи дека тој може да го преземе Гренланд. Паузата е најсилниот материјален одговор што ЕУ го покажа досега […]

Нов протест пред Цементарницата „Усје“


  Голем број граѓани и попладнево се собраа на протест на раскрсницата на булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во близина на Цементарницата „Усје“ во Скопје за да го искажат својот револт заради огромното загадување на воздухот во градот. Граѓаните уште еднаш ги повторија своите ставови дека индустрискиот капацитет е голем причинител на загадувањето и повторно […]

Протести во повеќе бугарски градови за смена на генералниот обвинител


Пред судот во Софија, но и во Варна, во Бургас и во Пловдив граѓаните протестираат и бараат оставка од вршителот на должност генерален обвинител Борислав Сарафов. Протестите насловени „Операција: Безвреден“ се организирани од иницијативата Правда за сите, а им се приклучија и групата Студенти против мафијата. Демонстрантите тврдат дека Сарафов ја узурпира функцијата генерален обвинител […]

Голоб: Сè уште не е време Словенија да се придружи на така наречениот Комитет за мир


 Премиерот Роберт Голоб денеска изјави дека сè уште не е време Словенија, да се придружи на така наречениот Комитет за мир предводен од американскиот претседател Доналд Трамп. Голоб загрижен дека мандатот на Комитетот за мир е преширок и оти сериозно може да го поткопа меѓународниот поредок заснован врз Повелбата на Обединети нации. – Меѓународниот поредок, […]

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење


Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопшти вечерва АМСМ. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со […]

Не се само камионџиите. Квотите на ЕУ се закана за македонските производители на челик


Покрај новиот систем за влез и излез во ЕУ и во земјите на Шенген зоната, ЕЕС, чии последици најмногу ќе ги почувствуваат камионџиите, врз македонската економија се надвиснуваат уште два големи предизвици – едниот се сертификатите за емисиите на јаглероден диоксид, што веќе се применуваат, а другиот, веројатно и најголем со оглед на учествот во […]

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо


Компанијата ТИТАН Усје денеска преку соопштение реагира на нападите кон компанијата што се изнесуваат во јавноста. Реакцијата ја пренесуваме во целост: И покрај сите факти и докази кои потврдуваат дека компанијата работи согласно домашната регулатива и кои беа јасно потврдени од страна на релевантните институции, продолжуваат нападите кон ТИТАН Усје. Овие напади не само што се […]

Бугарија купува ракетен систем од САД за 200 милиони долари


  Бугарската влада во заминување одобри купување на крајбрежен противбродски ракетен систем од САД за 200 милиони долари, но договорот мора да биде одобрен и од парламентот. Министерот за одбрана во заминување, Атанас Запрјанов, објасни дека се подготвени два договори. Едниот за снабдување на системот вреден 205 милиони долари, а вториот за снабдување на систем […]

Минчев повторно најавува: Нема веќе недопирливи и доживотни функции!


Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции во Македонија. Управните одбори се сведуваат на најмногу три члена, а статусот в.д. станува исклучок, строго временски и правно ограничен, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев, презентирајќи го предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите.На јавната дебата, Минчев нагласи дека со предложеното законско […]

Даниел Раевски влезе во Вардар за Водици и спаси момче што скокна по крстот


Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, јавно го пофали спасувачот Даниел Раевски за неговата храбра и навремена интервенција за време на централниот настан по повод Богојавление – Водици во Скопје, кога од студените води на Вардар беше извлечен давеник. „Има нешто во тоа што е од Бутел, има и во тоа што порасна во Таеквондо […]

21 јануари во историјата – Кралот Луј XVI заврши на гилотина


  На овој ден, францускиот крал Луј XVI ја загуби главата. Човек со слаб дух и срамежлив карактер, тој бил познат на својата генерација како личност неспособна за позицијата крал на најмоќната држава во Европа. Луј ја наследи земјата од својот татко, кој бил загрижен за гладот ​​и сиромаштијата. Кога народот се бунтуваше, неговата моќ […]

Поранешниот директор на Геријатрија доби четири години затвор за барање мито


Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во случајот „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Судот ги […]

И Бугарија и Косово добиле покана да бидат дел од „Одборот за мир“ на Трамп


  По Албанија и Хрватска уште две земји од регионот добиле покани да бидат дел од таканаречениот „Одбор за мир“ на Доналд Трамп. Писмото од Трамп било испратено до бугарскиот претседател Румен Радев. Во него Бугарија се поканува да се придружи на земјите-основачи на „Одборот за мир“, а Радев да ја бугарската држава во идната […]

До 2042 во Србија се планирани 250 мегавати од нуклеарна електрана


Владите ширум светот поставија задачи што ги надминуваат намерите за тројно зголемување на нуклеарниот капацитет од COP28, наведено е во извештајот на Светската нуклеарна асоцијација презентиран во Давос. Во делот што се однесува на Србија, се истакнува планот до 2042 година да има 250 мегавати нуклеарен капацитет во функција, објави порталот „Неуклеарна перспектива“. Во делот […]

Мицкоски се сретна со сопственикот на „Фор-ај-џи“ (4iG), ќе инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор


Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на вториот ден од престојот во Давос се сретнал со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“ (4iG), компанија што ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија. Тема на разговорот биле плановите на компанијата. „Она за што ме информира е дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра […]

Стармер: Велика Британија нема да попушти пред притисоците на Трамп за Гренланд и архипелагот Чагос


Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека нема да попушти под притисокот на Доналд Трамп и нагласи дека Обединетото Кралство ќе продолжи да му дава поддршка на Гренланд, кој е соочен со желбата на американскиот претседател да ја присвои оваа данска територија. – Нема да попуштам. Обединетото Кралство нема да отстапи од своите принципи и […]