На Попова Шапка утрово најстудено -4 и снежна покривка од 33 сантиметри


Најниската измерена температура утрово била на Попова Шапка. Снежната покривка изнесувала 33 сантиметри, информираат од УХМР. Измерени биле -4 Целзиусови степени на Попова Шапка, -3 – Kрушево, -2 – Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавардарци, 0 – Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија. […]

Фил Колинс открива дека е под 24-часовна нега поради здравствени проблеми: „Фрустрирачки последните неколку години“


Фил Колинс ќе го прослави својот 75-ти роденден на 30 јануари, а пред неговиот голем ден, музичарот отворено зборуваше за здравствените предизвици што го мачат со години и за неговото неодамнешно патување со трезвеноста. За време на интервјуто со Зои Бол за подкастот „Ерас“ на Би-Би-Си, поранешниот фронтмен на „Џенезис“ и соло уметник откри дека […]

Дивиот растителен свет во Преспа е контаминиран со 19 различни пестициди – најмногу во околината на Претор и Ресен


Само земјата во Стење и во Голем Град во Преспа не е контаминирана во текот на годината, додека земјата околу ресен и Претор е загадена со пестициди и во есен и во пролет, покажува истражувањето кое го направија студенти и професори одФармацевтскиот факулетет.    Во рамки на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо […]

Изложба на фотографии и проекција на документарец во Сули ан во рамки на проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината”


Изложба на фотографии и проекција на документарен филм реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, ќе бидат претставени вечерва во 19 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули ан, во Скопје. Настанот ќе го отворат амбасадорите на Франција и на Германија, Кристоф Ле Риголер и Петра Дрекслер.  […]

Принцот Вилијам ќе ја посети Саудиска Арабија во февруари


Лондон- Британскиот престолонаследник Вилијам ќе ја посети Саудиска Арабија во февруари, објавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение од Кенсингтонската палата. „Посетата на Неговото Кралско Височество доаѓа во услови на раст во трговските, енергетските и инвестициските врски меѓу Обединетото Кралство и Саудиска Арабија, а воедно и заради одбележување на претстојната стогодишнина од дипломатските односи меѓу […]

Ватерполистите на Италија ја победија Хрватска и ќе играат во полуфинале против Србија


Белград – Ватерполистите на Италија изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо откако во директниот дуел од групата ја совладаа Хрватска со 13:10 (3:3; 2:0; 2:4 и 6:3). Во најголемиот дел од натпреварот Италија имаше водство, а Хрватска последен пат изедначи на 8:8 на почетокот на последниот период. Во последниот натпревар вечерва од 20:30 […]

Тејлор Свифт втора најмлада ѕвезда примена во Куќата на славни текстописци


Вашингтон – Поп-ѕвездата Тејлор Свифт, 36, ќе стане втората најмлада кантавторка што некогаш била примена во Куќата на славните на текстописците, придружувајќи му се на Стиви Вондер, кој имаше 33 години кога беше примен во 1983 година, објави организацијата денес. Свифт ќе биде примена заедно со пејачите Аланис Морисет, Кени Логинс и членовите на Kiss […]

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евросонг


Виена – Песните на Евровизија, која годинава се одржува во Виена, ќе бидат достапни и за глувите и наглувите лица преку интерпретација на меѓународен знаковен јазик. За таа цел, толкувачи-уметници ќе ги преведуваат песните, но и ќе ги изведуваат како посебни сценски перформанси. Неодамна во Виена беше организиран специјален избор на кој се претставија кандидати […]

Балканскиот Полуостров изгуби речиси 2.500 км природни реки во последните години


Виена– Илјадници километри реки се оштетени во последните години на Балканот поради проширувањето на браните и малите електрани, како и прекумерното вадење на седименти, според извештајот на невладините организации „Ривер Воч“ и „Еуронатур“, објавен денеска. Во извештајот се забележува дека Балканот има едни од најчистите и најдивите реки во Европа, кои се клучни за биодиверзитетот […]

Незапирливиот Ѓоковиќ на  чекор да го собори историскиот рекорд од 400 победи на Гренд слем


Мелбурн – Новак Ѓоковиќ оствари убедлива победа во второто коло од Отвореното првенство на Австралија. Десеткратниот победник на првиот Гренд слем тениски турнир во сезоната го победи Франческо Маестрели со резултат од 6:3, 6:2, 6:2. Во остатокот од турнирот, тој ќе има можност повторно да напише историја. Тој е само на една победа од својот […]

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд


Велингтон – Неколку лица се водат како исчезнати во Нов Зеланд по големите поплави и лизгање на земјиштето што го погодија Северниот остров на земјата. Неколку лица, вклучувајќи деца, се водат како исчезнати откако свлечиште погоди камп во планината Маунгануи, во близина на Тауранга. Надзорникот на полицискиот округ, Тим Андерсон, не можеше да каже бројка за […]

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите


Минхен – По комплетирањето на седмото коло во фудбалската Лига на шампиони, екипите на Арсенал и на Баерн Минхен изборија директно учество во осминафиналната фаза. Баерн синоќа на домашен терен го совлада Ројал Унион и му се придружи на Арсенал. Другите шест директни учесници во 1/8финалето, како и екипите кои ќе играат бараж за влез […]

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, се препорачува внимателно возење


Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира АМСМ. Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната […]

Бесплатна проекција на „Мајка Мара“ во Скопје во рамки на зимското издание на јадранската фестивалска мрежа


Во киното „Синеплекс“ денеска ќе биде прикажан филмот „Мајка Мара“ во режија на Мирјана Карановиќ како дел од зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион. Проекцијата ќе започне во 19 часот, а на настанот ќе присуствуваат режисерката и главна актерка Мирјана Карановиќ, актерот Вучиќ Перовиќ, како и кинематограферот Игор Маровиќ. „Мајка Мара“ е интимна […]

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет


Малме – Со одигрувањето на двата натпревара од Е групата во Малме комплетирана е првата фаза на Европското првенство во ракомет. Во дуелот за првата позиција во групата кодомаќинот Шведска ја совлада Хрватска со 33:25, додека Холандија беше сигурна во дуелот со Грузија и ја постигна првата победа со 31:26. Во новоформираните групи 1 и 2 […]

Европратениците ќе гласаат по иницијативата за недоверба на Европската комисија на Фон дер Лајен


Стразбур – Европскиот парламент денеска треба да се изјасни по иницијативата на групата Патриоти за Европа (ПФЕ) за изгласување недоверба на Европпската комисија на Урсула фон дер Лајен. Директен повод за поднесување на иницијативата беше потпишувањето на Договорот за партнерство меѓу ЕУ и Меркосур и на билатералниот Привремен трговски договор минатата сабота во Парагвај. Гласањето […]

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локални врнежи од дожд и снег на планините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 22 јануари 2026 година, 22-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  343 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 16 часот и 36 минути. Денов трае 9 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Објавена ранг-листа на воено најмоќните земји во светот: Македонија на 112-то место


Американскиот сајт „Глобал фајерпауер“, специјализиран за анализа на воените капацитети на државите, го објави новогодишното рангирање на најсилните воени сили во 2025 година. На таа листа, Македонија е позиционирана на 112-то место од 145 рангирани армии. Индексот на глобална фајерпауер не го мери само бројот на тенкови, авиони или војници. Рангирањето се базира на повеќе […]

ЕУ е блиску до отворањето „европско д.о.о.“, основачкиот капитал ќе биде едно евро 


Европската Унија заостанува во глобалната трка со САД и Кина, меѓу другото, бидејќи нејзиниот единствен пазар од 450 милиони луѓе во пракса функционира како 27 одделни административни единици. Сепак, ова наскоро треба да заврши преку таканаречениот „Режим 28“, нова правна рамка позната и како EU Inc., за која интензивно се дискутира овие денови во Стразбур […]