Мицкоски за десетина дена треба да се сретне со „АКСА“, ќе ги договара приоритетите за гасификацијата


Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „АКСА“ за најавената инвестиција од една милијарда евра во гасификација и конечно, ако се оди според планот на есен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година. За најавената гасификација и инвестицијата на […]

Нотр Дам под новогодишна „опсада“ како никогаш досега


Околу милион Французи и туристи од целиот свет беа избројани на Елисејските полиња пред Триумфалната капија, каде што ја славеа Новата Година. Париз годинава пред празниците беше окупиран од туристи како никогаш досега, што се гледаше од километарските колони луѓе кои стојат пред музеите, палатите, црквите или другите споменици, при што на удар се најдоа […]

Проф. Трајковски: Од Нова година стапија во сила јаглеродните царини на ЕУ, Македонија како и секогаш – неспремна


CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism) е европска „јаглеродна царина“ што стапи во сила на 1 јануари 2026 и има за цел да ги изедначи трошоците за јаглеродни емисии меѓу компаниите во ЕУ (кои ги плаќаат преку ETS – Emissions Trading System на ЕУ) и компаниите надвор од ЕУ што извезуваат во ЕУ, пишува професорот Дејан […]

На Мицкоски му текна дека е професор – ќе ги храбри колегите да придонесуваат во науката


Факт е дека премиерот Христијан Мицкоски, но и повеќето од министерите и други функционери се професори или наставници, што значи доаѓаат од образованието, а нашите универзитети никако да се појават на Шангајската листа, ниту пак се посакувани од студенти од надвор. Затоа, вели Мицкоски, зголемени се средствата кои се на располагање на науката, а професорите […]

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците


Министерството за економија и труд идната недела ќе прави анализа на цените на производите на крајот на минатиот месец и почетокот на месецов за да утврди дали имало поскапување и девијантно однесување од страна на трговците.    – Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и првите денови од […]

Царината во 2025-та наплати 2,14 милијарди евра, во Буџетот се слеале 105 милиони евра повеќе од 2024


Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година. Како што соопшти Царинската управа, раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 %, од данок на […]

Во Косово е уапсен убиецот од Скопската чаршија


Основното јавно обвинителство Скопје го расчисти убиството што се случи на новогодишната ноќ во Старата скопска чаршија. Осомничениот, 25-годишен турски државјанин со престој во Тетово, е лишен од слобода во Косово. Според истрагата, инцидентот почнал со банална расправија во кафе-бар меѓу осомничениот и двајца други турски државјани (на возраст од 22 и 23 години). Оштетените […]

Москва го измислила нападот на резиденцијата на Путин


Руското Министерство за одбрана во средата објави ноќна видео снимка за која тврдеше дека ги прикажува остатоците од украински дрон пресретнат за време на обид за напад врз резиденцијата што ја користи претседателот Владимир Путин. Видеото, снимено во снежна, пошумена област во Русија, прикажува руски војник како стои над остатоците за кои Москва вели дека […]

Венус Вилијамс со 45 години ќе учествува на Австралија опен


Американската тениска ветеранка Венус Вилијамс доби специјална покана од организаторот за настап на претстојниот Грен слем турнир. Поранешната најдобра тенисерка на светот со ова ќе стане највозрасната тенисерка учесничка на турнирот во Мелбурн. Венус на 17 јуни наполни 45 години. Рекордерка досега беше Кимико Дате која во 2015 година настапи на истиот турнир со 44 […]

Колку руски ракети, дронови и авионски бомби беа употребени лани против Украина?


Украинските власти објавија официјална статистика за бројот на руски ракети, дронови и авионски бомби употребени врз Украина во 2025 година. Украинската противвоздушна одбрана не успеала да собори ниту една од истреланите осум ракети Оникс и Циркон. Исто така украинската ПВО не соборила 22 тешки ракети Х-22 и Х-32 лансирани од воздух. Најголем проблем според украинската […]

Гиновска: Во Скопје има 40 загадувачи со А интегрирана дозвола – не е само Усје


До 20 декември 2025 година беа спроведени 1700 контролни проверки на квалитетот на амбиентниот воздух. Од нив, 839 претставуваа рутински надзори, 532 беа вонредни, а 329 беа контролни инспекциски проверки. Притоа, беа констатирани 398 недоследности и издадени се исто толку решенија во рамките на инспекциската постапка. Покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки, […]

Муамер Сефери е новиот в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“


Муамер Сефери официјално ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој доаѓа на оваа позиција како кадар на Коалицијата ВРЕДИ, односно од Движењето БЕСА. ​Информацијата ја потврди самиот Сефери преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција за него претставува „голема доверба и сериозна обврска“. ​Во своето прво […]

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува, но во моментов не се здржува на коловозите на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Како што информираат од ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. […]

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права


Се очекува формализација на 17 400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско […]

Митева: Немаме нови информации за македонскиот државјанин кој бил во „Констелејшн“


Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјанин кој се води како исчезнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана. – Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има една личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајцарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе […]

Германија забранува греење на јаглен и кокс


Германија се забрануваат инсталациите за греење на јаглен и кокс, а постоечките ќе мора постепено да се отстрануваат најдоцна до 2045 година. За сопствениците на куќи и станови, кои нема да се придржуваат до новите ригорозни правила, предвидени се високи парични казни. Додека печките на дрва ќе можат да се користат под строги услови односно […]

Црниот биланс на пожарите во ноќни клубови во светот: Од трагедијата во Кочани до пеколот во Кран-Монтана


Трагичниот пожар во барот во Кран-Монтана, во кој на новогодишната ноќ загинаа најмалку 40 лица, се вбројува во долгата листа на катастрофални несреќи во ноќни клубови низ светот. Како најсмртоносен во историјата се смета пожарот во клубот „Коконат Гров“ (Cocoanut Grove) во Бостон, САД, на 28 ноември 1942 година, каде загинаа 492 лица, што доведе […]

Новогодишен концерт 2026 во Виена: Традиција со Штраус и сосема нови дела


На 1 јануари 2026 година, Виенскиот филхармониски оркестар го одржа својот 86-ти Новогодишен концерт во Музикферајн, под диригентската палка за прв пат на канадскиот диригент Јаник Незет-Сеген (50). Емитуван во живо на телевизија, радио и интернет, овој настан ја спои виенската ДНК на валцерите и полките со поразновидна програма, со неколку дела што никогаш порано […]

Инспекторатот за животна средина вели дека Усје не загадува, ЗХГ вели обратно


На денешната заедничка прес – конфернција, потпаролот на Владата, Марија Митева, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и директорот на управата за животна средина, Игор Никовски зборуваа за заштита на животната средина, квалитетот на воздухот, спроведени инспекциски надзори и конкрети резултати и наоди од инспекциите во текот на изминатат година. „Во тековнта […]

Ања Тејлор-Џој и Вилоу Смит заштитни лица на новата линија Диор Адикт


Францускиот луксузен бренд Dior најавува нова, возбудлива ера за својата иконска линија Dior Addict. За 2026 година, тие подготвија слатка и сензуална палета на мириси и иновативни масла за усни Dior Addict Lip Glow. Заштитните лица на кампањата се ѕвездите на новата генерација – Џису, Ања Тејлор-Џој и Вилоу Смит, кои во визуелните ефекти на […]