Следните денови променливо облачно со повремен дожд и потопло


Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст. 

„Туркиш ерлајнс“ ќе гради најголем товарен терминал во светот


Анкара – Турскиот национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) е една од најголемите авиокомпании во светот најави дека на лето ќе изгради најголем карго терминал и угостителски објект во светот. Инвестицијата ќе чини 100 милијарди турски лири (приближно две милијарди евра). Авиокомпанијата соопшти дека изградбата на карго терминал и угостителски објект ќе создаде 26.000 нови работни […]

Германската владина ЦСУ планира заострување на миграциската политика


Членката на германската коалициска Влада, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), чија одговорност е Министерството за внатрешни работи, сака дополнително да ја заостри миграциската политика во 2026 година, вклучително и зголеменото враќање на бегалците во Сирија и Авганистан. Намалувањето на нерегуларната имиграција и зголемувањето на бројот на депортации е еден од приоритетите на коалициската влада на канцеларот Фридрих […]

Масовни апсења во Хонконг по пожарот во кој загинаа 160 лица, истрагата откри бројни неправилности


Агенцијата за борба против корупцијата во Хонконг уапси 21 лице под сомнение за корупција во врска со реновирањето на два станбени комплекса. Апсењата се резултат на засилените антикорупциски мерки поврзани со реновирањето на зградите по пожарот кон крајот на ноември во кој беа оштетени седум облакодери и загинаа повеќе од 160 лица. Џон Ли, градскиот […]

„Се случи за неколку секунди“: Како ненадејниот пожар донесе ужас во Кран Монтана


  Новата година го помина својот прв час и забавата во „Le Constellation“ беше во полн ек, со весели луѓе кои танцуваа на хип-хоп музика. Зората беше далеку, а тинејџерите и дваесетгодишниците не брзаа да го напуштат барот. Сепак, беше Нова година. Надвор, темнината го обвиваше Кран Монтана, скијачки центар во Швајцарските Алпи со репутација […]

Лагард заработува околу 726.000 евра годишно, четири пати повеќе од шефот на американскиот ФЕД


Вкупниот приход на претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард во 2024 година изнесуваше приближно 726.000 евра, што е за дури 56 проценти повеќе од нејзината официјална основна плата од 466.000 евра. Според анализата на британскиот „Фајненшл тајмс“, нејзиниот приход е речиси четири пати поголем од оној на претседателот на американските Федерални резерви Џером […]

Земјотрес од 6,5 степени  го погоди Мексико, го прекина обраќањето на претседателката 


Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди јужно и централно Мексико, прекинувајќи ја првата прес-конференција на претседателката Клаудија Шајнбаум за оваа година. Конференцијата беше прекината откако се огласија сеизмички аларми. Според мексиканската Национална сеизмолошка агенција, земјотресот имал прелиминарна јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на […]

Изминатата 2026-та „смртоносна година за новинарите“


Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) објави дека во 2025 година во светот се убиени вкупно 128 новинари и медиумски работници, од кои десет се жени. Ажурираниот список на медиумски работници убиени во 2025 година документира 17 дополнителни смртни случаи од 10 декември, по објавувањето на претходниот извештај. Листата објавена на 31 декември вклучува случаи во […]

Погребот на претседателот Глигоров


Некогаш последното патување многу кажува за личноста на патникот. Претседателот Киро Глигоров си го нарача погребот да му биде онака како што живееше. Скромно, умерено и достоинствено. Неговото семејство му ја исполни последната желба. Не ги понесе големината на личноста на првиот претседател на независна Република Македонија и голем македонски деец и општественик. Киро Глигоров […]

Светските берзи силно пораснаа минатата година, доларот значително ослабе


Глобалните финансиски пазари забележаа силен пораст на цените на акциите минатата година, додека американскиот долар истовремено претрпе значително слабеење. Според пазарните податоци, светските берзи пораснаа за повеќе од 20 проценти во просек, цената на златото го постигна својот највисок годишен раст во последните 46 години, додека доларот ослабе за повеќе од девет проценти во однос […]

Чешкиот премиер бара иницијативата „Муниција за Украина“ да биде без корупција


Новиот чешки премиер, милијардерот Андреј Бабиш, денеска ги отфрли тврдењата на коалициските партнери, радикалните националисти, дека ќе биде укината меѓународната иницијатива „Муниција за Украина“ со која координира Чешка и изјави дека таа иницијатива „можеби е добра, но мора да биде транспарентна и без корупција“. – Иницијативата за муниција е можеби добра работа, но сакам да […]

Од март Усје треба да ја обнови А интегрираната дозвола – гори биомаса, а не увезува алтернативни горива


Најдоцна до 12.03.2026 цементарница „ТИТАН Усје“ треба да достави барање за обновување на А-Интегрираната дозвола. Постапката ќе опфати одредби од Законот за животна средина кои се однесуваат на издавање А-Интегрирана еколошка дозвола, учество на јавноста, услови, имплементирање на најдобри достапни техники. Новиот Закон за индустриски емисии бр.193/2025 од 18.09.2025 има рок за примена од 26.09.2027, […]

Кирил Буданов е новиот шеф на кабинет на Зеленски


Кирил Буданов, шефот на украинската воена разузнавачка служба, е нов шеф на кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски, соопшти самиот претседател на Украина. „На Украина сега ѝ е потребен посилен фокус на безбедносните прашања, развојот на одбранбените и безбедносните сили на Украина, како и дипломатски пат во преговорите, а Канцеларијата на претседателот првенствено ќе […]

Агенција за катастар: Во 2025 година над 1.040.000 решени предмети


Агенцијата за катастар на недвижности  во 2025 година решила вкупно 1.040.137 предмети, што, наведуваат во соопштение, претставува јасен показател за зголемена ефикасност и континуирана посветеност во обезбедувањето квалитетна и навремена услуга. Паралелно со тоа, од Катастарот велат дека целосно се расчистени заостанатите предмети, а сите тековни барања се решаваат навремено, без застој и во законските […]

Попладнево без вода дел од Гази Баба


Ве известуваме дека на ден 02.01.2026 год. поради уличен дефект ф-100 мм на ул.Жан Жорес бр.59, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Жан Жорес, ул.Благоја Стефковски и населбата Хиподром. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:00 часот до завршување со санација на дефектот.

МЗ: И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен за двегодишното дете


И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, истакнуваат попладнево од Министерството за здравство во врска со случајот со двегодишното дете повредено во новогодишната ноќ. – Двегодишното детето беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на […]

Продолжува динамичниот раст на дигиталните плаќања


Обемот и вредноста на платежните трансакции растат и во текот на третиот квартал од 2025 година. Дигиталните начини на плаќања и понатаму бележат особено брз раст, со што се потврдува сѐ поголемата дигитализација и модернизација на плаќањата, соопшти денеска Народната банка. Во однос на плаќањата со кредитни трансфери, во споредба со истиот период од минатата година, […]

Се раѓаат во Австрија, а не добиваат државјанство


Бројот на деца родени во Австрија кои немаат австриско државјанство бележи постојан раст, а најновите податоци за 2024 година покажуваат дека тие сочинуваат 40 проценти од вкупниот број новороденчиња, јави австрискиот јавен сервис ОРФ, повикувајќи се на државната Статистичка служба. Според статистиката, пред 20 години овој удел изнесувал околу 20 проценти, додека денес во одредени […]

Од април ќе нема пензија под 15 илјади денари, вели Мицкоски


Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи пензионерите се најсиромашната група граѓани, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите […]

Железничкиот сообраќај нормализиран откако во МЖ Транспорт добија плата за ноември лани


Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања.  – Денес остваривме средба со државниот секретар во Министерството за транспорт г-дин Стефан Волкановски во врска со […]