Откажани стотици летови: Апсењето на Мадуро предизвика проблеми во воздушниот сообраќај на Карибите


Воената операција на САД, која го зароби и го одведе венецуелскиот претседател Николас Мадуро од земјата рано вчера, предизвика проблеми со воздушниот сообраќај и го наруши патувањето во Карибите, во време на зголемен сообраќај за време на празниците. Големите авиокомпании откажаа стотици летови низ источните Кариби, а Федералната администрација за воздухопловство (FAA) воведе ограничувања, објави […]

Флик: Победата над Еспањол ќе ѝ даде самодоверба на Барселона пред Суперкупот


По победата на Барселона од 2:0 над Еспањол синоќа во 18. коло од шпанската фудбалска лига, тренерот Ханси Флик истакна дека резултатот ќе ѝ даде самодоверба на екипата пред Суперкупот на Шпанија. – Оваа победа ни дава самодоверба. Како и секоја победа. Не беше лесно по паузата поради празниците. Оваа победа ни дава повеќе самодоверба. […]

„Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска денеска ќе ја има македонската премиера


За денеска е закажана македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од режисерката Тамара Котевска. Премиерата на македонскиот кандидат за Оскар ќе се одржи во Македонскиот народен театар од 20:30 часот.  На премиерата пред домашната публика, најавено е присуство на целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. […]

Облачно со локален дожд


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува […]

Мадуро слета во Њујорк (видео)


Авионот во кој беа заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес слетаа во воената база на Националната гарда „Стјуарт Ер“ во државата Њујорк. Се очекува венецуелскиот лидер да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје следната недела пред федералниот суд во Менхетен. Двојката беше извлечена од нивната спална соба […]

Швајцарија по трагедијата: Се гордеат со почитувањето на законите, но ги игнорираа овие забрани


Страшната трагедија, во која загинаа најмалку 40 претежно млади луѓе и десетици во критична состојба во застрашувачкиот пожар во барот „Констелејшн“ во монденскиот ски-центар Кран-Монтана – кој, според првите официјални проценки на истражителите, бил предизвикан од палење факели/прскалки на шишиња шампањ кои биле подигнати премногу блиску до таванот, предизвикувајќи тој да се запали – предизвика […]

(Видео) Редици во Венецуела: Граѓаните масовно купуваат намирници


Неизвесност владееше во Каракас по веста дека САД го уапсиле претседателот Николас Мадуро, објавена од американскиот претседател Доналд Трамп. Во страв од она што ќе следи, жителите на главниот град на Венецуела масовно купуваат намирници и се подготвуваат да останат во своите домови, додека некои размислуваат да заминат, пишува Euronews. Venezuela 🇻🇪: lines are forming […]

Американците сè повеќе се луди по фудбалот, истражувањето покажа податоци што беа незамисливи порано


Исражувањето на „Економист“ сведочи за големата популаризација на фудбалот во Соединетите Американски Држави, кој во моментов е трет најпопуларен спорт во оваа земја. Иако фудбалот никогаш не бил блиску до најгледаниот и најпопуларен спорт во САД, неговата популарност расте од година во година. Особено брз скок на популарноста се случува во пресрет на Светското првенство, […]

Долги или кратки завеси: Совети како да ги изберете идеалните за вашиот дом


Завесите се еден од клучните елементи на секој ентериер бидејќи влијаат на естетиката на просторот, чувството на просторност и функционалноста на домот. Со избирање на вистинската должина на завесите, можете да го подобрите изгледот на просторијата и да ги прилагодите на практичните потреби. Долгите завеси што достигнуваат до подот внесуваат чувство на елеганција и визуелно […]

Трамп објави фотографии како го гледа апсењето на Мадуро во живо: Специјалните сили вежбаа на реплика на безбедна куќа


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави фотографии на кои се гледаат него и членовите на неговиот тим за национална безбедност од резиденцијата Мар-а-Лаго како ја следат американската воена операција во Венецуела, за време на која претседателот на таа земја, Николас Мадуро, беше уапсен заедно со неговата сопруга, Силија Флорес. Фотографиите, објавени на социјалната мрежа […]

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, го нарече американскиот напад врз Венецуела чин на војна


Зохран Мамдани, кој ја презеде функцијата градоначалник на Њујорк претходно оваа недела, го нарече американскиот напад врз Венецуела чин на војна и оцени дека тој го прекршил меѓународното и федералното право на Соединетите Американски Држави. „Едностраниот напад врз суверена држава е чин на војна и прекршување на федералното и меѓународното право. Ова отворено барање за […]

Поради дојава за бомба, евакуиран е трговски центар во близина на Вараждин


Поради дојава за бомба, трговскиот центар Лумини во Доњи Кнегинац во близина на Вараждин беше евакуиран вечерва, а во тек е инспекција за експлозија, соопшти полицијата. Според локалните медиуми, дојавата за бомбата во најголемиот трговски центар на северот од Хрватска е примена околу 19:00 часот, во времето кога центарот бил најпрометен. „Примена е дојава дека […]

Се очекува Мадуро да пристигне во Њујорк


Над 150 авиони учествувале во операцијата за заробување на Мадуро, соопшти американскиот генерал Ден Кејн. Генералот Кејн рече дека операцијата била обемна, внимателно планирана и подготвувана со месеци, и траела со часови. Вклучени биле сите родови на американската војска, како и разузнавачките и безбедносните агенции. Мадуро моментално е на американскиот воен брод „УСС Иво Џима“, […]

Саем на македонска традиционална кујна во Пустец


Со присуство на Македонци од сите делови на Мала Преспа и пошироко и претставници на македонската Амбасада, денеска во Пустец, седиште на истоимената општина, беше одржан Саем на македонска традиционална кујна. – Настанот беше организиран од страна на македонскиот активист Панде Симонофски, со поддршка преку Јавниот повик за проектни апликации наменет за правни и физички […]

Сенегал го победи Судан и се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации


Сенегал вечерва го победи Судан со 3:1 во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Натпреварот се одигра на стадионот „Стад Ибн Батута“ во Тангер, Мароко. Папа Гуеје постигна два гола за Сенегал, а Ибрахим Мбаје додаде уште еден. Амир Абдалах го постигна единствениот гол за Судан. Сенегал стана првата репрезентација што се пласираше во четвртфиналето […]

Родригез: Мадуро е „единствениот претседател на Венецуела“


 Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, говорејќи на државната телевизија на шпански јазик, ги повтори повиците за ослободување на Мадуро и неговата сопруга. Таа повика на смиреност и единство за одбрана на земјата во контекст на, како што рече, „киднапирањето“ на Мадуро и порача дека Венецуела никогаш нема да биде колонија на ниту една нација. Родригез […]

Истражување покажа како Римското Царство го намалило коефициентот на интелигенција кај Европејците преку загадување


Иако Римското Царство е предмет на размислување на многу луѓе, ретко кој би помислил дека тоа имало негативно влијание врз когнитивниот развој на човекот. Од првите канализации и санитарни јазли, образованието, технологијата, здравствената заштита, виното и бројни други пронајдоци што го промениле човештвото и нè доближиле до современиот свет во кој живееме денес, Римјаните дале […]

Русија ги повикува САД да го ослободат Мадуро, Украина го поддржа нападот врз Венецуела


Русија денеска ги повика САД да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, соопшти руското Министерство за надворешни работи, додека Украина го поддржа американскиот напад врз Венецуела. – Во услови на потврдените извештаи дека претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга се наоѓаат во САД, силно ги повикуваме американските власти да ја разгледаат ситуацијата […]

Трамп: САД „не се плашат од чизми на земја“ во Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не се плашат од потенцијално испраќање копнени сили („чизми на земја“) во Венецуела, по извештаите за заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. – Не се плашиме од чизми на земја, рече Трамп на прес-конференцијата во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида. „И мораме да имаме, имавме чизми на земја […]

Трамп ја обвини мексиканската претседателка за немоќ против картелите


Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум дека ја изгубила контролата врз својата земја. Во телефонско интервју за американскиот телевизиски канал Фокс њуз во врска со апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американската војска, Трамп рече дека нарко-картелите го водат Мексико, а не избраната влада. Според него, Шајнбаум се […]